1908
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1908 MCMVIII |
| Ab urbe condita | 2661 |
| Асирски календар | 6658 |
| Бахајски календар | 64–65 |
| Бенгалски календар | 1315 |
| Берберски календар | 2858 |
| Будистички календар | 2452 |
| Бурмански календар | 1270 |
| Византиски календар | 7416–7417 |
| Еврејски календар | 5668–5669 |
| Ерменски календар | 1357 ԹՎ ՌՅԾԷ |
| Етиопски календар | 1900–1901 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 908–909 |
| Ирански календар | 1286–1287 |
| Исламски календар | 1325–1326 |
| Јапонски календар | Период Меиџи 41 (41年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 丁未年月日 (4544/4604) — до —
戊申年月日(4545/4605) |
| Коптски календар | 1624–1625 |
| Корејски календар | 4241 |
| Календар Мингуо | 4 пред РК 民前4年 |
| Селевкидски календар | 2219–2220 |
| Тајландски сончев календар | 2451 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1964–1965 |
| - Шака самват | 1830–1831 |
| - Кали југа | 5009–5010 |
| Француски револуционерен календар | CXVI–CXVII 116–117 |
| Холоценски календар | 11908 |
| Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1908 (MCMVIII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1908. година од новата ера, 908. од вториот милениум, 8. од 20 век и деветта од 1900-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7416 и 7417 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6658 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5668 и 5669 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2661.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1908. година се протега во 4544 и 4545, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4604 и 4605 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2451. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1325 и 1326 исламска година.
Настани [уреди]
- 24 јануари – Роберт Баден-Пауел го основа извидничкото движење.
- 1 февруари – Извршен е атентат над португалскиот крал Карлос I и неговиот син, престолонаследникот Луис Филипе.
- 18 февруари – Забранета е јапонската имиграција во САД.
- 9 март – Основан е ФК Интер.
- 27 април – Отворени се Олимписките игри во Лондон.
- 30 јуни - Во Краснојарскиот крај, во Сибир, доаѓа до Тунгуската експлозија.
- 3 јули - Во Турција започнува Младотурската револуција, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
- 5 октомври – Бугарија објавува независност од Османлиското царство, а Фердинанд I се прогласува за цар.
- 6 октомври – Австро-Унгарија ја анектира Босна и Херцеговина.
- 22 ноември – Во Битола е усвоена албанската азбука.
- 2 декември – Пу Ји станува кинески цар на две-годишна возраст.
Родени [уреди]
- 9 јануари – Симон де Бовоар, француска писателка
- 1 април – Абрахам Маслов, американски психолог
- 5 април – Херберт фон Карајан, австриски композитор
- 28 мај – Јан Флеминг, англиски писател
- 26 јуни – Салвадор Аљенде, чилеански претседател
- 27 август – Линдон Џонсон, американски претседател
- 15 октомври – Џон Кенет Галбрајт, американски економист
- 16 октомври – Енвер Хоџа, албански диктатор
- 28 октомври – Артуро Фрондизи, аргентински претседател
- 28 ноември – Клод Леви Штрос, француски антрополог
- 22 декември - Кочо Рацин, македонски поет и револуционер
- 31 декември – Симон Визентал, австриски ловец на нацисти
Починале [уреди]
- 21 јуни – Николај Римски-Корсаков, руски композитор
- 24 јуни – Гровер Кливленд, американски претседател
- 4 август – Радое Домановиќ, српски писател
- 25 август – Анри Бекерел, француски физичар
- 29 октомври – Силвие Страхимир Крањчевиќ, хрватски писател
Видете исто:
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1908“ |