Тунгуска експлозија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Тунгуската експлозија се случила на 30 јуни 1908 година при што биле уништени околу 2.000 квадратни километри шума што се протегала по течението на реката Тунгуска во Краснојарскиот крај, северозападно од Бајкалско Езеро.
Според тврдењето на научниците, настанот се случил во вселената по големата експлозија на комета или астероид со моќност на 1.000 атомски бомби што се фрлени врз јапонскиот град Хирошима во 1945 година. Интересно е што до денес не се откриени траги што би биле карактеристични за таков удар.
Се претпоставува дека астероидот експлодирал во атмосферата на висина од 5 до 10 километри над Земјата. Во таа експлозија со сила од 20 милиони тони ТНТ, чиј сјај бил забележан дури во Лондон, се создале помали парчиња на камења кои паднале на површината на нашата планета. Сепак, не бил пронајден кратер ниту, пак, други физички промени на тлото од ударот, поради што се заклучува дека експлозијата на небеското тело се случила над Земјата. Некои научници сметаат дека дошло до судир меѓу антиматерија и материја, од што настанала експлозија и исчезнала. Има и научници што сметаат дека на тоа место удрил голем неидентификуван летачки објект.