Бајкалско Езеро

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Бајкалското Езеро е најдлабокото езеро во светот. Се наоѓа во Сибир, Русија. Најголемата длабочина е до 1741 метар.

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА - Русија, јужно од централната Сибирка висорамнина, во близина на Монголија ПОВРШИНА - 31.500км2 НАЈГОЛЕМА ДЛАБОЧИНА- 1.741м НАДМОРСКА ВИСИНА - 456м

Бајкал е надлабокото езеро во светот и во него се наоѓаат 20% од вкупното количество слатка површинска вода во светот. Езерото е 636км долго и околу 50км широко. Било создадено во длабок стар расаден блок пред околу 25 милиони години, и затоа е најстаро езеро во светот. Се смета дека раседот и натаму е активен, бидејќи езерото годишно се шири за околу 2,5цм. Бајкал на западната страна е ограничен со планинич на истошниот брег има зарамнени падини. Најдлабоките делови се наоѓаат во средината и во јужниот дел. Слоевите од седимент на езерското дно на некои места можат да бидат и до 7км. Благодарение на постојаното полнење со студена вода, пониските слоеви на езерото се богати со кислород и затоа животинскиот свет може да се најде на сите длабочини. Езерото добива вода главно по долчината на неговиот источен брег, од многу те реки, како што се Баргузин и Селенга, кои на утоката на езерото прават делта. Бајкал добива вода и од врелите слатководни подземни извори во езерското корито. Иркутск се наоѓа во близината на јужниот дел на езерото, на местото од каде истекува реката Ангара, единствениот истек од езерото. Езерото е замрзнато шест месеци во текот на годината.


ТЕШКИ ОБЛАЦИ НАД ЕЗЕРОТО


За време на зимските месеци околните планини го насочуваат движењето на силните бури по должината на Бајкалското езеро.

РИБОЛОВ

Бајкалското езеро претставува важен извор на храна на жителите кои живеат на неговите брегови и покрај фактот дека најголем дел од годината е покриено со мраз. Тамошните рибари користат традиционални начини на риболов низ дупки направени во мразот. Најмногу се лови белицата (бајкалски омул), иако во езерото живеат 56 видови риба, а половината од нив живеат единствено во водите на ова езеро.