Новодевички манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Новодевички манастир
Новоде́вичий монасты́рь
*
Светско наследство на УНЕСКО

Russie - Moscou - Novodevichy 4.jpg
Држава Flag of Russia.svg Русија
Тип културно
Критериуми i, iv, vi
Навод 1097
Регион** Европа
Записно минато
Запис 2004  (28-мо заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Новодевичкиот манастир (руски: Новоде́вичий монасты́рь) е руски женски манастир, кој се наоѓа во југизападниот дел на Москва, во Русија.

Историја[уреди]

Манастирот бил изграден во 1524 година од страна на големиот кнез Василиј III во чест на Смоленската икона на Пресвета Богородица[1], која според преданието од Евангелието на Лука се сметала за заштитник на Русија. Во почетокот бил користен како тврдина и бил важен дел од градот пособено при одбрана на градот. Во манастирот можело да дојдат само жени кои биле членови на царското семејство.

Во текот на 1922 година манастирот бил затворен. Во 1926 година манастирот бил заменет и отворен како музеј на историјата и уметноста, а во 1934 година станал дел од општествениот историски музеј. Во текот на тој период, голем дел од зградите биле користени како апартмани. Тоа било главната причина манастирскиот комплекс да не биде разрушен од тогашните комунистички власти во Русија.

Во текот на 1812 година, Наполеон Бонапарт на неколку пати се обидел да го разруши манастирот, но според преданието, монахините успеале да се саможртвуваат и со вода да го изгаснат големиот пожар. Во 1994 година во манастирот се вратиле да живеат монахините.

Комплексот денес[уреди]

Манастирскиот комплекс претставува збир од градби што и денес се користат за религиозна служба. Освен тоа, само мал дел од нив се достапни за посетителите, вклучувајќи ја Смоленската катедрала и Катедралата на Богородичното вознесение, кои поседуваат многу значајни иконостаси. Манастирот е богат благодарение на вдовиците и ќерките од богатите семејства кои даваат големи донации.

Во јужниот дел од комплексот се наоѓа една од најпознатите гробишта во Европа, со истото име. Овде се наоѓаат останки на голем број на императори, писатели, композитори меѓу кои и оние на Антон Чехов и Николај Гогољ[2]. Манастирот од 2004 година бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Наводи[уреди]