Одбор на светското наследство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на Одборот на светското наследство на УНЕСКО

Одборот на светското наследство ги утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членка[1], кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.[2]

Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот.[2] На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.[2]

Морска програма на светското наследство[уреди]

Започната во 2005, морска програма на светското наследство [3] промовира конзервација на морските области. Оваа програма се фокусира на зајакнување на кредибилноста на списокот на светското наследство, конзервација и градење капацитет за морските заштитени места и комуникација и изразување околу конвенцијата на светското наследство како инструмент за заштита на морските области. Моментално има 43 локации низ целиот свет на списоко[4], вклучувајќи ги и Големиот Корален Гребен и островите Галапагос.

Заседание[уреди]

Одборот на светското наследство се сретнува неколку пати годишно за да разговараат за управување на постоечкото светско наследство и да ги прифатат номинациите од државите. Заседанието, познато како заседание на одборот на светското наследство се одржува секоја година, каде што се запошуваат нови места на списокот на светско наследство, по направените презентации од IUCN и/или ICOMOS и размислувања помеѓу државите. Тие се сретнуваат еднаш годишно.

Годишното заседание се одржува во градови низ целиот свет. Со исклучок на оние што се одржуваат во Париз, каде што е седиштето на УНЕСКО, само членовите на државите кои се членки на одборот на светското наследство имаат право да го одржуваат идното заседание, со одобрение од Одборот, како и обезбедување на условот дека мандатот на заинтересираната држава не истекува пред одржувањето на заседанието.

Заседание Година Датум Град-домаќин Земја-членка
1 1977 27 јуни - 1 јули Париз  Франција
2 1978 5 септември - 8 септември Вашингтон  САД
3 1979 22 октомври - 26 октомври Каиро & Луксор  Египет
4 1980 1 септември - 5 септември Париз  Франција
5 1981 26 октомври - 30 октомври Сиднеј  Австралија
6 1982 13 декември - 17 декември Париз  Франција
7 1983 5 декември - 9 декември Фиренца  Италија
8 1984 29 октомври - 2 ноември Буенос Аирес  Аргентина
9 1985 2 декември - 6 декември Париз  Франција
10 1986 24 ноември - 28 ноември Париз  Франција
11 1987 7 декември - 11 декември Париз  Франција
12 1988 5 декември - 9 декември Бразилија  Бразил
13 1989 11 декември - 15 декември Париз  Франција
14 1990 7 декември - 12 декември Банф  Канада
15 1991 9 декември - 13 декември Картагина  Тунис
16 1992 7 декември - 14 декември Санта Фе  САД
17 1993 6 декември - 11 декември Картахена  Колумбија
18 1994 12 декември - 17 декември Пукет  Тајланд
19 1995 4 декември - 9 декември Берлин  Германија
20 1996 2 декември - 7 декември Мерида  Мексико
21 1997 1 декември - 6 декември Неапол  Италија
22 1998 30 ноември - 5 декември Кјото  Јапонија
23 1999 29 ноември - декември Маракеш  Мароко
24 2000 27 ноември - 2 декември Кернс  Австралија
25 2001 11 декември - 16 декември Хелсинки  Финска
26 2002 24 јуни - 29 јуни Будимпешта  Унгарија
27 2003 30 јуни - 5 јули Париз  Франција
28 2004 28 јуни - 7 јули Сужоу  Кина
29 2005 10 јули - 17 јули Дурбан  ЈАР
30 2006 8 јули - 16 јули Вилниус  Литванија
31 2007 23 јуни - 1 јули Крајстчерч  Нов Зеланд
32 2008 2 јули - 10 јули Квебек Сити  Канада
33 2009 22 јуни - 30 јуни Севилја  Шпанија
34 2010 25 јули - 3 август Бразилија  Бразил
35 2011 19 јуни - 29 јуни Париз  Франција
36 2012 25 јуни-5 јули Санкт Петербург  Русија
37 2013 17 јуни-27 јуни Пном Пен  Камбоџа
38 2014 15 јуни-25 јуни Доха  Катар

Наводи[уреди]

  1. Според страницата на УНЕСКО за светското наследство, земји-членки се држави кои ја потпишале и ратификувале Конвенцијата за светското наследство. До ноември 2007, биле вкупно 185 земји-членки.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Одбор на светското наследство“. УНЕСКО - страница за светско наследство. http://whc.unesco.org/en/comittee/. конс. 14 октомври 2006. 
  3. http://whc.unesco.org/en/marine-programme/
  4. http://whc.unesco.org/en/list/?search=&searchSites=&search_by_country=&search_yearinscribed=&type=&themes=7&media=&region=&description=&criteria_restrication=&order=

Надворешни врски[уреди]