Бразилија
Од Википедија
|
|
|||
|
|||
| Локација | |||
|---|---|---|---|
| Федералниот дистркит Бразил | |||
| Општи податоци | |||
| Име - изворно |
Бразилија Brasília |
||
| Прекари | Capital Federal BSB Novacap Belacap |
||
| Мото - изворно |
На ветровите кои идат Venturis ventis (латински) |
||
| Официјална страница | [1] | ||
| Управа | |||
| Земја | Бразил | ||
| Држава | Федерален дистрикт | ||
| Градоначалник | Жозе Роберто Аруда (Демократи) | ||
| Географија | |||
| Површина | 5,802 km² | ||
| Надморска височина | 1,172 m | ||
| Население | |||
| Население | 2,455,903 (2007) | ||
| Густина | 435.98 ж./km² (2007) | ||
Бразилија (Brasília) (МФА: [bɾaˈziliɐ]) е престолнина на Бразил. Градот и неговиот Дистрикт се лоцирани Централно западниот регион oна земјата, во рамнината Планалто. Брои околу 2,557,000 жители (2008 БИГС проценка), правејќи го четврт по големина во Бразил, после Бело Хоризонте и Форталеза. Но, агломерацијата е на 9-то место. Во листата е на Светско Наследтво на УНЕСКО.
Како престолнина, Бразилија е седиште на трите гранки на Бразилската власт. Во Бразилија исто така е и седиштата на многу Бразилски компании, како Банката на Бразил, Caixa Econômica Federal, Correios и Телеком Бразил. Градот е светска референца за планиран град. Сместувањето на резиденцијални градби околу широки урбани области, градејки го градот околу големи улици и делејки го на сектори, поттикнало дебата околу животот во големи градови во 20-тиот век. Проектираниот дизајн на градот вклучувал специфични области за скоро сѐ, вклучувајки акомодација - Хотелски сектори, јужен и северен. Сепак нови обласи се планираат и денес како локации за хотели, како сектори за Хотели и Туристички северен сектор, лоциран на бреговите на езерото Параноа.
Градот е планиран и развиен во 1956-та, со Лусио Коста како главен урбанист и Оскар Ниемејер како главен архитект. Во 1960 и официјално станал Бразилска престолнина. Гледан одозгора формата на градот доликува на авион или пеперутка.[1][2] По обичај градот е нарекуван Capital Federal (Федерален Главен Град), или поедноставно BSB[3]. Жителите на градот се нарекувааат бразилијанци или кандингоси.
Бразилија има sui generis статус во Бразил.Федералниот дистрик не може да биде разделен на општини.
Бразилискиот Интернационален Аеродром е важна авијациска точка за остатокот од земјата, сврзувајки го градот со сите поважни градови на Бразил и многу други интернационални дестинации. Трет е во бразил по патници и летови.
Содржина |
[уреди] Историја на градот
Бразилија е изградена со цел да биде Бразилска престолнина. Идејата била да се префрли главниот град од јужниот морски дел во централниот дел на Бразил. Пред тоа главен град на Бразил бил Рио де Жанеиро, а пред него Салвадор. Со преместувањето на главниот град во централните области на земјата, владата имала намера да ја зголеми густината на населението во тие области. Луѓе од цел Бразил биле најмени во неговата изградба, а најмногу од северен Бразил. Лусио Коста го проектирал градот така што не би имало потреба од семафори. Голем дел од оригиналниот план е променет поради брзиот пораст на Бразилија . Коста не предвидел толку брз раст, Бразилија денес има семафори како и секој друг град.
[уреди] Географија
[уреди] Клима
Националната престолнина ужива тропска клима со сезони кои што ги определува степенот на влажност на воздухот, една сезона е сува, додека другата е компаративно влажна. Просечната температура е 20.5 °C (69 °F).[4] Септември, крајот на сувата сезона, има највисока температура, 28 °C (82.9 °F), а јули најниска максимална температура, 25 °C (77.2 °F). Наниската минимална температура е во јули (13 °C или 55.2 °F), а најниските минимални температуре се во ноември и декември (18 °C or 63.5 °F). Сувата сезона трае од доцен март или ран април до доцен септември или ран Октомври.
[уреди] Панорама
[уреди] Демографија
Во 1960-та ФД имал околу 140,000 жители. Во 1970-та бројката нараснала на повеќе од 537,000. Во 2000 населението на Дистриктот било нешто повеќе од 2,000,000. Планиран за само 500,000 жители, Бразилија нараснала многу повеќе од предвиденото.[5]
Уште од почетокот прирастот на Бразилија бил важен при планирањето, Според оригиналните планови Бразилија требало да биде град на управата и нејзиниот персонал. Но за време на самата градба, доста бразилци од цел Бразил мигрирале тука, привлечени од возможноста за работа.[6]
Бразилија има еден од највисоките прирасти во Бразил, со 2.82% годишно, воо главно заради внатрешна миграција.
Индексот на човечки развој во градот изнесува 0.936 , а нивото на писменост 4.35%.
[уреди] Економија
Бразилиската економија е доминирана од
[уреди] Услуги
(91% од локалниот БДП, според БИГС):
- Комуникации, (Бразилски телеком, Correios, јавни и пприватни телевизии, Globo, SBT, Rede Bandeirantes, Rede Record, RedeTV! и централните канцеларии на TV câmara, TV Senado и TV Justiça);
- Банкирање и финансии (седиште на Банка на Бразил, Caixa Econômica Federal, Бразилската Централна Банка , Banco Rural и Банката на Бразилија);
- Разонода;
- Информациони технологии (Politec, Poliedro, CTIS, покрај другите), и легални сервиси.
[уреди] Индустрии
- Градежниство (Paulo Octavio, Via Construções, и Irmãos Gravia покрај другите);
- Храна (Perdigão, Sadia);
- Производство на мебел;
- Рециклирање (Novo Rio, Rexam, Latasa и други);
- фармацефтика (União Química);
Основните земјоделски производи се кафе, јагоди, портокали, лимони, папаја, соја и манго.
Дистрикт има БДП од US$ 69,844 billion, според БИГС. Удел во Бразилскиот БДП US$ 69,844%[7]
[уреди] Образование
Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
[уреди] Образовни институции
- Бразилиски Универзитет - (UnB);
- Бразилиски Универзитетски Центар (UniCEUB);
- Универзитетски Центар на Федералниот Дистрикт (UniDF);
- Евроаммерикански Универзитетски Центар (UNIEURO);
- Паулистишки Универзитет (UniP);
- и други.
[уреди] Култура
[уреди] Збратимени градови
[уреди] Види
- Знаме на Бразилскиот федерален дистрикт
- Грб на Бразилскиот федерален дистрикт
- Лисио Коста
- Жусќелињо Кубитчек де Оливеира
- Роберто Бруле Маркс
- Оскар Ниемејер
[уреди] Референци
[уреди] Надворешни препратки
| Најдете повеќе за Бразилија на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Бразилија на Викитравел
- За Бразилија
- Бразилијско, Регионална конвенција и Биро за Посетители
- (португалски) Официјална страница
- (португалски) Фотографии 360º од Бразилија - GUIABSB
- (португалски) За Бразилија
- Слики и фотографии на Бразилија
|
|||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
|
|||||