Истек
Во хидрологијата, истек е проточноста на водата, вклучувајќи ги цврстите материи (на пр. наноси), растворените хемиски супстанции (на пр. CaCO3(aq)) и/или биолошкиот материјал (i.e. дијатоми), што се движи низ даден простор претставен како напречен пресек.[1] Постојат и други поими за ваквата проточност, но зависат од дисциплината. Кај природните речни системи се говори за водотек, но кај вештачките акумулации ова може да се нарече одлив (наспроти прилив).
Најзастапена мерна единица за изразување на истекот е м³/с (кубни метри во секунда). Во некои други земји се користат кубната стапка во секунда (ft³/s или cfs), а во САД и акр-стапката во секунда.[2] На пример, просечниот истек на реката Рајна во Европа изнесува 2.200 м³ дневно.
Утврдувањето на истекот на една река најчесто се врши по пат на упростена непрекината равенка. Равенката подразбира дека за секоја ненабивна течност како водата, истекот (Q) е еднаков на производот на напречната плоштина на водотекот (A) и неговата средна брзина (
). Се претставува вака:
при што
е истекот ([L3T−1]; м3/с)
напречната плоштина на делот од каналот што го зазема истекот ([L2]; м2)
е просечната истечна брзина ([LT−1]; м/с)
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- Сооднос на истекот кај етапите, Гл. 14 - USDA (англиски)
- Хидротехнички прирачник- USDA (англиски)

е истекот ([L3T−1]; м3/с)
напречната