Катлановска Бања

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Влезот во бањата

Катлановската Бања преставува една од најпознатите македонски спа центри. Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска висина од 230 m. Од градот Скопје, со кој е поврзана со модерна сообраќајница, е оддалечена 25 km. Термоминералните извори се јавуваат на раседни линии кои се од поголеми размери. Една пукнатина се протега по самиот Бањски Рид и е забележлива во должина од околу 350 m. Теренот каде што се подигнати хотелските објекти е изграден од аргилошости, а Бањскиот Рид од слоевит варовник. Во околината на бањата има повеќе топли и ладни минерални извори, додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 l/sec, со температура на водата од 40°С. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати. Во бањата со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи. Бањата интензивно ја користеле уште Римјаните, а потоа и Турците. првиот хотел кој бил со 156 легла бил изграден дури во 1934 година.[1] Денеска во бањата постојат три хотела и неколку одморалишта со вкупен капацитет од 450 кревети. Годишно овде престојуваат по околу 10.000 посетители. Во периодот по 2008 година, капацитетите на бањата се обновени и таа е една од најсовремените и најквалитетно опремените бањи и спа-центри во Македонија.

Наводи [уреди]

  1. Александар Стојмилов, Катлановска Бања, „Географски разгледи“, кн. 7, Скопје, 1969

Надворешни врски [уреди]