Бања Банско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошки локалитет
Бела вода
Roman Bath Bansko RMacedonia.jpg

Римска терма во Бања Банско

Бела вода се наоѓа во Име на локалитетот
Бела вода
Бела вода
(Име на локалитетот)
Местоположба 41°23′01″ СГШ 22°44′36″ ИГД / 
Основни податоци
Име Бела вода
Место Банско
Општина Струмица
Тип

Археомак 2.0 графички знак (терма).svg терма

Период доцноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Бања Банско е бања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско. Нејзините води се лековити за најразлични заболувања, во прв ред ревматични. [1]

Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е одалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

Термата ( бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода и.т.н. Бањата ги користела термоминералните води од изворот “Парило“, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот император Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ империјата[2].

Термоминералните извори, се пет на број, од кои само едниот, најголемиот е стручно каптиран. Тој се слива во главната бања наречена Турска бања, а другите четири слободно се изливаат без посебна каптажа, а само еден дел се влива во бањата „Саланџа“. Температурата на водата во изворот не се менува во текот на годината, што докажува дека потекнува од голема длабочина и е без атмосферски влијанија. Температурата на водата во изворите е на околу 71 степен во главниот извор, кој ја снабдува главната, Турската бања, а изворот кој ја снабдува „Саланџа“ е со температура од 56 степена.

Локалитетот „Римска терма“ во Бања Банско е еден од ретките сочувани римски споменици од ваков вид во Европа.

Термоминералните извори во Бања Банско биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски терми. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. Папратот од македонското поднебје кој расте во околината на Бања Банско е заштитен од Обединетите Нации.

Историски развој на бањата Банско[уреди]

Откривањето на ќерамиката и другите предмети што се пронајдени во Струмица и струмичко од доцниот неолит, го докажуваат фактот дека во овој крај постојат голем број историски непроценливи вредности од римскиот период како што е римската терма во бања Банско која е откриена многу доцна. Нема некои историски списи кои ќе говорат за постоењето и користењето на бањата Банско. Но, со самиот факт дека на овој простор постои една ваква терма, кажува дека истата постоела и се користела уште од римско време, односно од дамнешни времиња.

Постојат остатоци од базен до чешмата за пиење топла вода, за којшто населението не знае кога е граден. Ископани се стари пари со ликот на цар Константин во месноста “Панаир”, под бањата, каде што се откриени и многу питоси. Нивите се исполнети со стари ќерамиди и конечно откриени се на неколку места низ селото многу стари ќумци, преку кои водата од топлиот извор е спроведувана преку повеќе канали кон селото, јасно потврдувајќи ја наведената констатација, а тоа го потврдува и месното население, дека бањата функционира уште од Римјаните.

Со поконкретни податоци, располагаме од времето на владењето на Турците. Тие биле значајни поклоници на бањите. Се знае дека Турците, на пример во бањските села помасивно се населувале, често ги претварале во чисто турски села. Таков е случајот во село Бање – Кочанско, а во слична положба било и селото Банско. Така се забележува дека во втората половина на XVIII век и почетокот на минатиот век почнале да градат во бања Банско, тогаш е реновиран базенот кој и денес постои (велиме реновиран, бидејќи Турците го викале “Јени Овлет” што значи “Нов Базен”, а тука претходно имало постар). Наредниот период во развојот на Бањата го зафаќа времето меѓу двете светски војни – кога Бањата била разрушена. По 1920 година двајца браќа од Струмица ја обновуваат Бањата и изградиле објект за сместување.

Географска положба на Бањата[уреди]

Бањата Банско е лоцирана 12 км југоисточно од Струмица на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се наоѓаат во подножјето на планината Беласица, меѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле и месноста “Какошинска” од север. Бањските објекти се подигнати на една чакалеста тераса, создадена од Дерменска Река на надморска височина од 270 метри.

Сместена на допирот од две различни орографски и биографски целини Бањата има одлична географска положба. Од пространата тераса на која се подигнува бањскиот комплекс како од белведер се протега прекрасен поглед кон Струмичката Котлина на едната страна и кон стрмните врвови на импресивната Беласица од другата страна. Шумата на Беласица претставува дополнително задоволство. Таа и дава посебен белег на оваа бања така што го задржува вниманието на транзитните патници и посетителите на бањата.

Сообраќајна поврзаност на Бањата[уреди]

Бањата Банско претставува крстосница на важни патиша. Овде минува источната туристичка магистрала. Денес бањата Банско е сообраќајно поврзана со Струмица. До неа води добар асфалтен пат. Од селото Дабиле се одвојува еден крак кон Берово преку Малешевските Планини. Другиот води кон граничкиот премин Петрич во Република Бугарија. Сметаме дека е потребно изградба на пат од клучката кај Куклиш, со што ќе се овозможи и поврзување на Валандовско – Дојранскиот регион со бањата. Со тоа ќе се создадат услови и за поголем број на посетители – гости.

Кон север бањата е поврзана преку Радовиш и Штип со Скопје што е мошне важно за овој бањски комплекс. Уште подобра сообраќајна поврзаност би имала со изградба на аеродром што е многу важен за овој регион. Важноста се гледа во развојот на странскиот туризам и земјоделието кое пак би дало значаен придонес во оваа област.

Хидрографски карактериски на бањата[уреди]

Термоминералните извори се лоцирани во интересен простор. Се забележува дека овде се вкрстуваат повеќе дислокации. Повеќе испитувачи се сложуваат дека една има правец на протегање И – З. Таа е најдлабока и со најголемо протегање. На оваа дислокација и во Република Бугарија кај Петрич се јавуваат термоминерални извори кои се исто така врзани за гранатски интрузии. Значи, геотермичките манифестации во Струмичката област, а пред се термалните извори во Банско непосредно се врзани за длабински раседи. Интересно е да се напомене дека од Валандовскиот земјотрес во 1931 година, главниот извор на бањата во Банско – Парилото пресушил. Водата не се јавувала девет дена, а место неа од земјата се јавувала само пареа.

Најголема штедрост на вода има главниот извор (Пароли) 40 л/сек. Тој има и највисока температура 72 степени. Со ваква обилност главниот избор го зазема третото место меѓу термалните избори во Република Македонија. На прво место е “Косоврашкиот извор” со 68.8л/сек, на второ место е изворот на “Нова Каптажа51л/сек во село Бањиште. Другите извори се со помала штедрост и пониска температура.

Тоа значи дека бањата Банско има забележителен капацитет како основа за развој на бањскиот туризам. Водата на бањата Банско спаѓа во групата на натриумскосулфорни, алкални и азотни води кои во себе содржат ретки минерали. Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.

Лекувачките можности на бањата Банско[уреди]

Лекувачките можности на термоминералната вода во бања Банско одамна се познати. Богатството со хипертермални минерални извори на температура на водата од 47 до 72 степени овозможиле природното лекувалиште да се користи уште од римско време, односно од ''III век''.

Богатите и разновидни шуми, извонредно чистиот воздух се основни услови за лекување. Поради тоа во бањата се користи најсовремената медицинска техника од страна на стручна медицинска екипа. Бањата помага при лекување на следните заболувања:

  • Сите видови ревматични заболувања
  • Ишијалгија и полиартриги
  • Заболувања на дишните органи (бронхит, асма)
  • Болести на органите и за варење (чир, гастритис, цревни заболувања)
  • Состојба после фрактура на коските
  • Состојба на прележана жолтица
  • Нервни заболувања
  • Женски гинеколошки заболуваља (стерилитет, запаление на јајниците и др.)

Сите горенаведени болести денес се лекуваат во јавната здравстврна организација. Природно лекувалиште бања Банско односно во хотелот Цар Самуил. Хотелот е најсовремено опремен за болнео – терапија и медицинска рехабилитација. Има можност од спортско – рекреативен и забавен карактер, користење на кинезотерапија, базен и хидротерапија.

Наводи[уреди]

  1. Министерство за култура на Република Македонија
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Литература[уреди]

  • Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија, (Универзитет „Гоце Делчев“, Штип), април 2004.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]