Топол извор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Група макаки уживаат во геотермален извор во Нагано, Јапонија.

Топол извор или термален извор или геотермален извор е извор на загреана вода од земјината кора. Термалните извори постојат насекаде во светот, дури и под морињата и океаните. Изворот се смета за термален ако температурата на водата е повисока од онаа на околината.[1], или, според други извори, повисока од телесната температура на човекот (околу 37 °C).[2]

Водата која извира од топлите извори се загрева од геотермалната енергија, односно топлината на внатрешноста на Земјата. Температурата на Земјата станува сѐ повисока како што се оди подлабоко, така што водата се загрева од топлите карпи, а во вулканските области и директно од магмата. Ако водата стане толку топла така што да излегува на површината во вид на млазови, тогаш таа појава се вика гејзер.

Топлите извори, поради благотворното дејство на топлата вода збогатена со минерали врз телото на човекот, се користи во медицински цели. Покрај тоа, геотермалните извори се користат и за загревање на оранжерии, системи за централно греење на населени места, и производство на електрична енергија.

Во Македонија, најголемите топли извори се

Видете и[уреди]

Наводи[уреди]