Вардар
| Вардар | |
Вардар во Велес |
|
| Извор | Вруток под Шар Планина |
|---|---|
| Влив | Егејско Море, Егејска Македонија |
| Земји во сливот | |
| Должина | 388 km |
| Надм. вис. на изворот | 500 m |
| Прос. истек | 174 m³/s |
| Сливно подрачје | 20.535 km² |
Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во регионот Македонија. Долга е 388 km и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km².
Содржина |
Течение на реката Вардар[уреди]
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.
Хидрографски одлики и податоци за Вардар[уреди]
- Должина: 301 km во Република Македонија (вкупно 388 km)
- Површина на речен слив: 20 535 km²
- Среден пад: 2,1%
- Среден проток: 174 m³/сек
80% од течението на Вардар се наоѓа Република Македонија, заради што територијата на денешна Македонија го носела името „Вардарска бановина“ во времето на Кралство Југославија.
Верзии за потеклото на името[уреди]
- Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави.
- Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Централна Азиja - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи „река“, море или океан.
- Хидронимот Вардар веројатно потекнува од готскиот збор „Vordol“, кој е даден на реката кога Готите биле на овие простори (V век од н.е.).
- Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.
Економско, сообраќајно и водостопанско значење на реката Вардар[уреди]
Долината и течението на реката Вардар претставуваат многу важен предел за Македонија, од економско-стопански, сообраќаен и воено-стратешки аспект. По долината на Вардар се наоѓаат автопатот „Александар Македонски“ (Е-75) кој е дел од европскиот коридор 10 и ја поврзува Македонија со Србија и Егејска Македонија, во горното течение на Вардар пак се наоѓа автопатот Скопје - Тетово - Гостивар кој пак е дел од европскиот коридор 8 што ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Како дел од истите 2 европски коридори во долината на реката Вардар се наоѓаат и електрифицираната железничка пруга Скопје - Солун и пругата Скопје - Кичево. Овие сообраќајни правци се од огромно економско и стопанско значење за Македонија со оглед на тоа што тие се главната артерија на поврзување со сите останати делови на државата и со соседните држави. Во минатото по реката Вардар се одвивала трговија и по воден пат со сплавови и чунови („гемии“), најчесто на потегот од Велес до Солун. Денес реката не е пловна, иако има некои идеи таа повторно да се направи пловна. Ваквата местоположба на долината на Вардар од секогаш имала големо воено-стратешко значење. Денес најголемиот воен полигон на АРМ, „Криволак“, кој воедно е и регионален тренинг центар, се наоѓа токму во долината на Вардар од неговата лева страна кај селата Пепелиште, Џидимирци и Криволак. Водената моќност на реката Вардар е искористена само во нејзиниот изворишен дел каде работи ХЕЦ „Вруток“. Во план е изградба на големиот проект „Вардарска Долина“, во кој е предвидена изградба на 10 помали хидроцентрали за производство на струја, по течението на Вардар од Велес до Гевгелија[1].
Галерија[уреди]
-
Изворите на Вардар во Вруток
-
Вардар во Гостивар
-
Камениот мост преку Вардар, во Скопје
-
Вардар во Скопското Поле, помеѓу селата Долно Лисиче и Јурумлери
-
Вардар во Таорската Клисура, непосредно по вливот на Кадина Река
-
Вардар на излезот од Таорската Клисура, непосредно по вливот на Пчиња
-
Вардар во Велешката клисура, на излезот од градот Велес