Залина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Залина

Поглед кон Залина од југоисток
Висина &100000000000024930000002.493 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Залина е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.493 метри. Врвот се наоѓа на главниот планински срт на протегање на Шар Планина, недалеку од местото каде што тој завртува и ја променува насоката на протегање од североисточен кон јужен правец и на него поминува државната македонско-косовска граница. На неговото источно подножје се наоѓа ледничкото езеро Сорупа (Бозовачко Езеро). На самиот врв минува и патеката на Прва - Западна македонска трансверзала.

Галерија[уреди | уреди извор]