Бакардан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бакардан

Поглед на Бакардан од Титов Врв
Висина &100000000000027040000002.704 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патеказимска патека: Попова Шапка - пл.дом „Смрека“ - Син Врв (продолжува кон Титов Врв)

Бакардан — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.704 метри, со што тој претставува втор највисок врв на планината[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се одделува од главниот шапланински срт на протегања и кој започнува од врвот Мал Турчин и од Титов Врв се надоврзува на Бакардан, продолжувајќи до Син Врв и Церипашина до над Попова Шапка. Врвот се издигнува високо над стрмните долини на Горна Лешница на север и пространите долови и висорамнини Казани и Вакаф на исток и Карабунар на југ, додека на запад преку планинско седло високо 2499 и 2551 метар надморска височина е директно поврзан со највисокиот шарски врв Титов Врв. Шар Планина има 3 врва над 2700 м, и тоа највисокиот – Титов Врв, со 2748 м, потоа Бакрдан со 2704 м и Мал Турчин, со 2702 м, при што трите врва се поставени во вид на триаголник, меѓусебно раздалечени само 1-1,5 км[1].

Глетка од врвот[уреди | уреди извор]

Со својата височина и средишна поставеност, од врвот Бакардан се пружа извонредна глетка на целото протегање на Шар Планина со сите нејзини врвови од Љуботен и Пирибег најнасевер, масивот со врвовите Кобилица, Шилиџе, Вртоп, пределот на Караникола, масивот на највисоките врвови - т.н. „шарска круна“ со Титов Врв и Мал Турчин на запад, Попова Шапка и целата котлина Полог на исток и високите врвови Бориславец, Рудока, Голема и Мала Враца на југ. На вердо и убаво време, најдалечната глетка од врвот Бакардан ги опфаќа и Кораб со Дешат на југозапад, Пелистер и Ниџе на југ, Мокра и Солунска Глава на исток, Жеден на североисток и Пирин во најкрајната далечина на исток.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Милески, Ивица (1 февруари 2018). „Колку високи врвови (над 2000 м) има Шар Планина?“. ИГЕО Портал. Посетено на 6 февруари 2018.