Дефско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дефско езеро

Карта

Површина 13.000 м2
Должина 150 м
Ширина 100 м
Обем 450 м
Длабочина 0 - 5 м
Надморска висина 2.112 м
Планина Шар Планина


Дефското езеро е мало ледничко езеро едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа на северозападната страна на месноста Бел Камен на пространа длабодолинка 2.112 m надморска висина. Долго е околу 150, а широко е околу 100 метри. Вкупниот обем му изнесува 450m и има површина од 13.000 m²[1] . Езерото нема притоки, па затоа неговата акумулација ја создаваат атмосферските талози. Кога нема врнежи езерото пресушува и на неговото дно расте трева[2]. Поточно, тоа се две езера наречени Горно, кое е помало и повеќе пресушува и Долно кое е поголемо, на северозападното подножје под врвот Мала Враца недаелку од изворите на реката Радика.

Поглед на водната површина на Дефското Езеро

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53
  2. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година