Син Врв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Син Врв

Поглед кон Син Врв од Церипашина на североисток
Висина &100000000000025310000002.531 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патеказимска патека Попова Шапка - пл.дом „Смрека“ - Церипашина (по срт над крајна станица)

Син Врв — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.531 метар. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се протегнува од Титов Врв до над самиот скијачки-центар Попова Шапка. Врвот се издигнува високо над карпестиот предел Бобинова Стена на гребенот Церипашнина Планина и од самиот скијачки центар е забележлив како врвот што се издигнува лево од жичарницата и ски-патеката Церипашина. На самиот врв има поставено антени и железни столбови, поради што тој е познат и под името Антени.

На самиот врв поминува зимската патека по која се искачува највисокиот шарски Титов Врв, а исто така во зимски услови по него минува ратрак патека која води до близината на гребенот на врвот Бакардан каде се скија со турно-скии и сноуборди (снегштици) по стрмните и екстремни необележани патеки на долините Казани и Казаниште. Во зависност од точката на гледање Син Врв е втор или претпоследен врв на протегање по веригата Церипашина - Син Врв - Карабунар/Вакаф - Бакардан - Титов Врв (Шар) - Мал Турчин. Препознатливи месности во непосредна близина на гребенот на Син Врв се Бобинова и Орлова Стена на источната падина и Казаниште на западната, а од самиот врв при ведро време се отвора глетка на целиот масив на Шар Планина. Потеклото на името е непознато, но во зимски услови, поради фактот што на врвот и неговите падини нема поголеми карпи и камења и тој е целосно покриен со снег, во зависност од положбата на сонцето снегот на самиот врв може да има синкава боја.

Галерија[уреди | уреди извор]