Љуботен (планински врв)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Љуботен
Luboteni.JPG
Поглед ва врвот Љуботен
Висина 2.498 метри.
Локација Македонија Македонија и Знаме на Косово Косово
Верига Шар Планина
Прво освојување непознато
Најлесна патека Од кај селата Вратница и Рогачево

Љуботен е висок 2499 m. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен...Ова доволно зборува за него. Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река итн... Под самиот врв, се наоѓа и туристички објект – тоа е планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 h. Треба да се спомене дека овој дом, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон неколку други врва (пред с# Ливадица), како и кон Ливадичкото езеро. Под самиот врв, има и неколку бачила.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици