Вратница
Вратница е мало населено место во северо-западниот дел на Република Македонија.
| Вратница | |
| Општина | Општина Јегуновце |
| Географски регион | |
| Население | 505 жители |
| Поштенски број | 1225 |
| Повикувачки број | 044 |
| Надморска височина | 680-750 m |
| Селска слава | |
| Мреж. место | Vratnica.net |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Вратница е сместена во Полог (Долен Полог), во подножјето на планинскиот врв Љуботен (2.498 m на Шар Планина). Се наоѓа на 22 km оддалеченост од Тетово и на само 5 km од Јажинце, граничниот премин кон Србија. Надморската височина се движи од 680-750 m.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Како и другите села во Македонија така и во Вратница поради миграционите движења село - град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како „други“. Според најновиот попис од 2002 година Вратница брои 505 жители од кои:
- Македонци 482
- Срби 20
- останати 3
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ - Вратница
- Црква „Св.Константин и Елена“ - Вратница
- Црква „Св. Дуси“ - Вратница. - Средновековна црква. На северниот раб на селото се гледаат остатоци од ѕидови на мала црквичка[1]
[уреди] Редовни настани
Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:
- Одбележување на Божиќ (на 6 јануари) во центарот на Вратница.
- Водици (19 јануари) - црковна манифестација во црквата „Св. Петка“ и покрај вратничката река Ракита (Раќита).
- Традиционален Првомајски Турнир „ВРАТНИЦА“ (1 мај). Ова е најголема спортска манифестација во Полошкиот крај. Турнирот се состои од натпревари во мал фудбал и кошарка (а во минатото и во ракомет).
- Костановден (Св. Константин и Елена), месна слава (3 јуни). Се одбележува во манастирот „Цар Константин и царица Елена“ во месноста „Честодубје“ под Вратница.
- Прославување на празникот Илинден (2 август) на Љуботен и покрај Ливадичкото езеро (на Шар Планина).
[уреди] Личности
- Славко Милосавлевски - македонски социолог, и дисидент од комунизмот.
- Бранко Попов (р. 1940) - македонски научник и редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
- Киро Поповски (13 април 1942 - Скопје, 29 октомври 1995) - македонски правник, политичар, основоположник и прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија
[уреди] Култура и спорт
- ФК Хајдук (Вратница) - фудбалски клуб
- Бојана - еколошко, научно, стручно, културно-истражувачко друштво[2]
[уреди] Иселеништво
Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници. Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген).
[уреди] Наводи
- ↑ Алексова Б., 1959, 217; Трифуноски Ј., 1976
- ↑ „Рег. згф. пр 18/2002 година,“ (на македонски). Службен весник на Македонија. http://izdanija.slvesnik.com.mk/2002/E66CDAC9F6B1A24792E8BED0DC6D28B9.pdf. проверено на 2010-02-01.
[уреди] Надворешни врски
- Вратница - Официјална веб страна
- Мапа на Вратница
- Сајбер ВРАТНИЦА Интернет Сајт - www.Vratnica.5u.com, првата интернет страница посветена на Вратница
- Сајт за Вратница на Македонски јазик (забавен портал) - www.1225-Vratnica.com
- Вратница @ makedonija.name
- DeeJay.blog.hr (Dance Music Blog) - Блогот на ДиЏеј, Саше Антиќ - новости, статии и многу интересни работи поврзани со Вратница
- Vratnizza - Vratnica Pizza Club (photos and funny stuff) - забавни содржини поврзани со Вратница