Кривошијски Водопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кривошијски Водопад
Водопадот во 2023 година
Карта
МестоКривошијска Река, атар на Бозовце, Општина Тетово
Вкуп. висина14 м (9 м + 5 м)[1]
Слапови1

Кривошијски Водопад, наречен и Горно Цкало,[1][2]водопад[3] на Кривошијска Река,[4] во атарот на Бозовце, Општина Тетово, Македонија.

Особености[уреди | уреди извор]

Водопадот се наоѓа во горниот тек на Кривошијска Река. Се наоѓа на 1880 м надморска височина, а вкупниот пад му изнесува 14 метри (9 м + 5 м). Протекот на водата низ водопадот варира и во зависност од сезоната се движи од 20-150 литри во секунда. Водата е студена, а нејзината температура обично е околу 10-12 Целзиусови степени. Без оглед на релативно малиот протек, водната завеса преку карпата е широка 2-3 м и се распрснува во бројни ситни капки кон подножјето.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ивица Милевски (2 март 2021). „Убавините на Кривошијска Река на Шар Планина“. aberdojde.mk. Архивирано од изворникот 2023-02-02. Посетено на 31 јули 2023.
  2. „Предлог за 8-ми Септември: Лешница и преубавите водопади на Кривошијска Река“. kajak.mk. 7 септември 2020. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 31 јули 2023.
  3. Александар Стојаноски (6 септември 2019). „Магијата на Лешница и Кривошијските слапови“. doma.edu.mk. Архивирано од изворникот 2022-07-06. Посетено на 31 јули 2023.
  4. „ХИДРОЛОГИЈА“. sharplanina.com.mk. Архивирано од изворникот 2014-05-31. Посетено на 28 јули 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]