Општина Тетово
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
Komuna e Tetovës
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Град Тетово | |||||||||
| Површина | 261,89 км² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 86.580 жители | |||||||||
| - проценка од 31.12.2011 | 90.329 жители | |||||||||
| Густина на население | 330,60 жит/км² | |||||||||
| Населени места | ||||||||||
| Локална управа | ||||||||||
| Градоначалник | Теута Арифи | |||||||||
| Совет | 31 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | ЈНА б.б. 1200 Тетово | |||||||||
| Телефон | 044 339-420, 044 335-499 | |||||||||
| Портал | Службен портал | |||||||||
Општина Тетово (албански: Komuna e Tetovës) е општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Тетово.
Содржина |
Географиja [уреди]
Тетово се наоѓа на северозападниот дел на Република Македонија, на падините на Шар Планина, односно на Долната Полошка Котлина. Денеска општина Тетово зафаќа простор од 87 km², а заедно со ново-формираните општини кои произлегуваа од неа и кои и до ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1053 km².
Тетово се наоѓа на 460 – 500 мнв и има средно континентална котлинска клима со просечна годишна температура од 11,6 Целзиусови степени.
Климатско – почвените, хидрографските и просторните услови одговараат за развој на земјоделството и сточарството, односно преку поволните температури, погодни почви со висока бонитетна вредност и обилното количество на воден потенцијал се овозможува одгледување на житни, градинарски, овоштарски, фуражни и некои индустриски култури. Во однос на сточарството, истите тие услови одговараат посебно за развој на краварството и високопланинските пасишта, за предуслов за развој на овчарството.
Реката Пена, бисерот на градот и вечниот предизвик на тетовчани, е најубавиот украс со којшто природата го дарувала ова прекрасно поднебје. На неа се наоѓаат и неколку хидроцентрали, изградени во педесетите и шеесети години на 20 век.
Историja [уреди]
Економија [уреди]
Демографија [уреди]
Гледано од демографски аспект, областа Тетово (се мисли на општина Тетово до 2010) е мултиетничка средина со околу 200.000 граѓани од кои: Албанци се околу 70%, Македонци околу 23% и 6% Турци, Роми, Срби и др., а според верската припадност над 80% се муслимани а останатите православни христијани. Етничкиот состав на населението што живее само во градот изнесува 23,91% Македонци, 69,07% Албанци, а останатото се други претежно Роми и помалку Срби и Турци 3,5%.
Општествени институции [уреди]
Администрација и политика [уреди]
Културни и природни знаменитости [уреди]
Тетово спаѓа меѓу најстарите градови во Македонија, во кој низ историјата се испреплетувале голем број култури засновани врз традицијата на граѓанските општества кои живеат во овие простории. Градот го добива името по легендарниот јунак Тето кој спореед легендата го исчистил местото од змии.
Како најпознати културно споменични наследства се набројуваат: Шарена џамија, Арабати Баба Теќе, Амамот, Стариот мост, Тетовското Кале, Лешочкиот Манастир и др, кои исто така придонесуваат за развојот на туризмот. Во 2001 година, поради воените дејства, Лешочкиот Манастир беше целосно уништен и разурнат, за летото 2005 повторно да се издигне, со помош на Европската Агенција за реконструкција и развој.
Главното место за развој на туризмот го држи туристичкиот центар Попова Шапка и другите природни убавини на Шар Планина, кои се познати по придонесите кон развојот на белиот спорт во Републиката па и во светски размери.
Редовни настани [уреди]
Личности [уреди]
Култура и спорт [уреди]
Карактеристичен е преминот на Тетово од високо-развиен културен центар на Западна Македонија (што претставувал од средината на 19 век па сè до средината на 20 век), во доста пасивен град во поглед на културата (при крајот на 20 век, и почетокот на 21).
Иако центар на култура практично не постои, Домот на Културата „Иљо Антевски Смок“ на некој начин ги поврзува повеќето културно-општествени манифестации кои се одржуваат во Тетово. Во Тетово постојат три македонски културно-уметнички друштва, едно албанско и едно турско.
Особено познати и признаени се тетовскиот градски женски хор „Менада“ како и детскиот женски хор „Лале“ кои секоја година настапуваат на поголем број домашни и меѓународни натпревари и фестивали, каде имаат освоено повеќе први, втори и трети места, како и Гранд При награди.
Секоја година, во летниот период се одржува хорскиот фестивал „ТЕХО“ на кој настапуваат поголем број на машки, женски и мешани хорови од Македонија и странство.
Иселеништво [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||||||