Општина Вевчани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Вевчани

Map of Vevčani Municipality.svg

Знаме на Општина Вевчани Грб на Општина Вевчани
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Вевчани
Површина 22,8 km²
Демографија
Население 3656 жители
Густина на население 106,71 жители/km²
Населени места
Локална власт
Градоначалник [[Перо Илиески]]
Совет 9 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Вевчани 6335 Вевчани
Телефон 046 798-161, 046 798-633
Факс 046 784-640
Мрежно место Официјално мрежно место

Општина Вевчани е општина во југозападна Македонија. Центар на општината е Вевчани.

Содржина

[уреди] Географиja

[уреди] Местоположба

Општина Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Македонија на падините на планината Јабланица на надморска висина од 800м. Атарот на населбата Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен се до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асвалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.

[уреди] Клима

Општината и поширокото подрачје претставува најјужниоот дел од Македонија и лежи на геогравска широчина од 41° но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските карактеристики во значителна мера одстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би требало да ја има со оглед на својата геогравска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот. Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22°C, а во најладните се спушта и под 0°C. Средните годишни температури се ниски така да тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10°C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така да најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел.Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутна минимална температура во зимските месеци изнесува до -20°C.

[уреди] Историja

До 1953 година Вевчани била општина, заедно со селата Октиси и Горна Белица. Од 1953 до 1956 година била приклучено кон општина Велешта, а нешто подоцна кон општина Струга. Оттогаш трипати било поднесувано барање за формирање на општина 1969 ,1981 и 1990 година.

Општината е обновена 1996 година со донесувањето на Законот за територијална организација на Македонија со што Вевчани со површина од 35 км2 и 2500 жители е единствената општина во Македонија со едно населено место. Општината почнала да функционира од 1997 година со формирањето на нејзините органи и тела, по изборите за локална самоуправа.

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година, општината Вевчани брои 3.656 жители, од кои сите се Македонци(Вевчанци).

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

  • Вевчански карневал

[уреди] Инфраструктура

Регионален пат е Суво поле (Кореа) - Вевчани центар. Неговата ширина е 6.0 м, а должината е 4,5 км. Тој е асфалтиран и е во добра коловозна состојба.

Од почетокот на Вевчани (фабриката Вевчанка) - до центарот изградени се тротоари. Регионалниот пат го одржува Македонија пат.

Локални патишта во населбата се :

Вевчани -Горна Белица, ширина=3,5 м (планински пат), должина=5км-асфалт, должина=3,5км под тампон (за асфалтирање останува уште=1,5км.); Ф-ка Вевчанка - Здравствен дом, должина 1,8 км - пробиен и асфалтиран во должина од 0,6 км. Улиците низ населбата се од асфалт и бекатон.

До населбата Вевчани се доаѓа преку локалниот пат што се одвојува од регионалниот патен правец Струга - Дебар со вкупна должина до населбата од 4 км. Од населбата во правец кон југ постои локален пат за селото Октиси кој е асфалтиран но изграден по постојната траса која не е соодветна за несметано одвивање на нормален сообраќај во две насоки. Према селото Подгорци има оформен патен правец, но не е танпониран ниту асфалтиран. Со селото Горна Белица во дел е поврзано со асфалтиран пат а останатиот дел е предвиден да се доработи во текот на наредната година.


[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици