Општина Новаци
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Општина Новаци е општина во Јужна Македонија. Центар на општината е селото Новаци.
|
||||||||||
| Општи податоци | ||||||||||
| Седиште | Село Новаци | |||||||||
| Површина | 753,53 км² | |||||||||
| Демографија | ||||||||||
| Население | 3.549 жители | |||||||||
| - проценка од 31.12.2011 | 3.328 жители | |||||||||
| Густина на население | 4,71 жит/км² | |||||||||
| Населени места |
41
|
|||||||||
| Локална управа | ||||||||||
| Градоначалник | Лазар Котевски | |||||||||
| Совет | 9 члена | |||||||||
| Контактни податоци | ||||||||||
| Адреса на седиште | Општина Новаци 7211 Новаци | |||||||||
| Телефон | 047 203-060 | |||||||||
| Факс | 047 203-060 | |||||||||
| Портал | Службен портал | |||||||||
| Е-пошта | е-пошта | |||||||||
Содржина |
[уреди] Географиja
Општината Новаци се наоѓа на Јужниот дел на Македонија, го зафаќа југоисточниот дел на Пелагониската рамнина, централниот дел на течението на Црна Река, битолскиот дел на Мариово и пограничниот дел со Грција на потегот на планината Ниџе. Општина Новаци на север граничи со општина Прилеп и општина Могила на запад со општина Битола и на јужниот и источниот дел со Грција во должина на гранична линија од околу 60 км.
Општина Новаци условно може да се подели на рамничарски и ридско-планински и пограничен дел. Рамничарско-Пелагонискиот дел е релативно стопански развиен регион. Општина Новаци располага со извонреден потенцијал на природни богатсва како предуслов за развој на стопансвото. Имено во централниот дел на Општината се наоѓа најголемиот басен за јаглен -Суводол, потоа трите централи на РЕК “Битола“ во моментот постојат 8 наоѓалишта за експлоатација на минерална вода и гасови, две наоѓалишта за експлоатација на песок чакал, кварц и други неметали. На територијата на општина Новаци дел од стопанските активности ги извршува најголемиот земјоделски комбинат во Македонија- ЗК Пелагонија и вкупната аграрна површина во Општината е околу 70.000.ха од кои на на обработлива отпаѓа 23.000 ха, пасишта 30.000 ха и шуми 17.000 ха кое нешто е инзвореден предуслов за развој на земјоделието, сточарството и производството на здрава храна. Особено во последниот период подем добива одгледувањето на крупен добиток и токму во тој правец го гледаме и понатамошниот развој, но поради слабата економска моќ на населенито и немање соодветни поволни кредити овој сектор не е доволно искористен. Во последно време, во соработка со соседните општини, се поприсутно е размислувањето за отворање на преработувачки објекти за градинарски и сточарско-живаинарски производи за што постојат извонредни предуслови за обезбедување на суровини. За обезбедување на поголеми приноси во овој сектор неопходно е решавање на проблемот со наводнување и одводнување на земјоделските површини. За истото покренавме иницијатива до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство но поради немање на финансиски средства работите се оставени сѐ уште само на добра идеа. За решавање на овие проблеми, пред се за развој на земјоделието, потребно е обезбедување на поволни и квалитетни кредити и помош од државата.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Во однос на природнте богатсва и производсво на еколошки здрава храна уште поповолна е ситуацијата во ридско планискиот дел од Општината. Имено Мариовскиот дел на Општината е еден од еколошки најчистите региони во Македонија, регион кој располага со огромни површини на пасишта, шуми,води, разновидниста на животинскиот и растителниот свет како предуслов за развој на сточарсвото, пчеларство, билкарство и други капацитети за производсво на еколоШки здрава храна. Со своите специфични културно- историски, геогравски и природни карактеристики , овој регион пружа изворедни можности за развој на селскиот туризам, спортскиот лов и риболов и др.
[уреди] Демографија
[уреди] Општествени институции
[уреди] Инфраструктура
Регионални патни правци во општината се:
- Р-509 - Битола-Новаци Маково-Старавина во вкупна должина од 53 км (40 се асфалтирани, од Рапеш до Старавина во должина од 13 км се само тампонирани)
- Р-510 - врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина во вкупна должина од 55 км (30 км е асфалтиран, 25 км е макадам).
- Р-120 -Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод во вкупна должина од 40 км (22 се асфалтирани, 18 км на потегот до Новаци е макадам).
- Р-531 - Брод-Гнеотино во должина од 11 км е земјен пат
Локалната патна мрежа:
- 20,5 км асфалтирани патишта
- 25 км тампонирани
- 91 км земјен пат
Локални улици:
- 13 км асфалт
- 6 км тампонирани
- 58 км земјен пат.
Инфраструктурни објекти за водоснабдување :
С.Новаци, Добромири и Рибарци се поврзани на водоводната мрежа од водоводот на град Битола.
Во селата Горно Агларци, Долно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач, Живојно, Брод и Скочивир изградена е локална водовона мрежа со резервоари со пумпи.
Селата Старавина, Градежница, Будимерци и Зовиќ приклучени се на регионалниот водовод „Мариово“,
Селата Рапеш, Маково, Орле и Груништа имаат локални водоводи.
Населените места во општина Новаци покриени се со телефонска мрежа, а со исклучок на с.Брник и Груништа во останатите има електрична мрежа.
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Образование и здравство
Во општина Новаци има едно Центарлно основно училиште во Новаци со подрачни училишта во с. Добромири, Рибарци, Горно Агларци и Маково. Во с. Бач постои подрачно училиште кое е под ЦОУ с. Бистрица.
Во склопот на општината постојат повеќе здравствените амбуланти и тоа во следните населени места: Новаци, Бач, Маково и Старавина.
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
|
|||||||||||