Општина Богданци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Flag of Macedonia.svg
Flag of Macedonia.svg
Богданци

Map of Bogdanci Municipality.svg

Знаме на Општина Богданци Грб на Општина Богданци
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Богданци
Површина 114,54 km² км²
Демографија
Население 8.707 жители
- проценка од 31.12.2011 8.411 жители
Густина на население 76,02 жители/km² жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Анастасија Олумчева
Совет 11 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Богданци 1484 Богданци
Телефон 034 222-333
Факс 034 222-333
Портал Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општината.

Општина Богданци е општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци.


Содржина

Географиja [уреди]

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.

Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата.

Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.

Историja [уреди]

Општина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.

Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато.

Економија [уреди]

Демографија [уреди]

Општествени институции [уреди]

Администрација и политика [уреди]

Совет на Општина Богданци во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (6)

Културни и природни знаменитости [уреди]

Редовни настани [уреди]

Личности [уреди]

Култура и спорт [уреди]

ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.

РК Младост (Богданци), член на најјаката ракометна лига на Македонија и тим кој секогаш е при врвот на мак ракометот. Повеќе пати има настапувано во Европските ракометни купови.

ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига, моментално настапува во Прва Женска Ракометна Лига (втор ранг на натпреварување). Има настапувано во Европските ракометни купови.

Иселеништво [уреди]

Надворешни врски [уреди]