Хектар
Од Википедија
Споредба на единиците за површина
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Хектарот (симбол: ха или ha) е мерна единица за површина еднаква на 10.000 квадратни метри, или пак еден квадратен хектометар, и се користи за мерењето на земјиште. Еден хектар земјиште е површината на квадратна парцела со димензии 100 на 100 метри. Оваа единица наоѓа примена на разни полиња, како во геометарството за секојдневни правни документи како тапии, катастарски уверенија, хипотеки, урбано планирање, заштита на околината и други должности кои треба да ги задоволат правните барања на надлежните органи.
Содржина |
Неговата основна единица е арот, утврден во рамките на постарите облици на метричкиот систем, но истиот денес не му припаѓа на современиот метрички систем. Меѓународниот комитет за тежини и мерки го класификува хектарот како единица прифатена за употреба заедно со СИ системот.[1]
[уреди] Објаснение
Хектарот како мерка се користи во највеќето земји во светот, особено во планирањето и раководењето со стопанските сфери како земјоделството, шумарството и урбанистиката. Во САД, Бурма, и во извесна мера во Канада се користи британската единица акр, еднаква на 43.560 квадратни стапки, или 33 стапки x 1/4 милја, што е еднакво на 0.404686 ха.
[уреди] Претворање
Еден хектар е еднаков на:
[уреди] Метрички
- 10,000 квадратни метри
- 0.01 квадратен километар
- 1 квадратен хектометар = 100 метри × 100 метри (квадрат со страни од по 100 метри)
- 10 декари
- 2.47105 ари
- 10,000 центиари
[уреди] Британски
- 2.4710538 меѓународни акри
- 2.4710439 американски геометарски акри
- 107,639 квадратни стапки
- 0.00386102 квадратни милји (статутни)
[уреди] Други
- 15 му (кинески)
- 0.15 чинг (кинески)
- 10 дунуми (отоманска, блискоисточна)
- 10 стреми (Грција)
- 6.25 раи (тајлански)
- ≈ 1.008 чо (јапонски)
- 7.47 биги (Бангладеш, Индија, Непал)
[уреди] Видете исто така
- 1 E+4 m² за понатамошнио споредби
- Акрт
- претворање на мерни единици
- хекто-
- Хектометар
- Големински редови
[уреди] Наводи
- ↑ Bureau International des Poids et Mesures (2006). "Меѓународен систем на мерни единици (СИ)". 8мо издание.. Пристапено на 13 февруари, 2008. Глава 5.