Квадратен километар
Од Википедија
Квадратен километар или Km² е дел од СИ Системот на мерки, за површина. Тој може да се дефинира како површина од квадрат со должина на страната од 1 километар.
Километар квадратен е еднаков на:
- 1 000 000 m²
- 100 хектари
- 0.386 102 квадратни миљи
- 247.105 381 акри
Или со делење:
- 1 m² = 0.000 001 km²
- 1 хектар = 0.01 km²
- 1 квадратна миља = 2.589 988 km²
- 1 акр = 0.004 047 km²