Меѓународно биро за тегови и мерки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меѓународно биро за тегови и мерки
Bureau international des poids et mesures
Мреж. место bipm.org
Зградата на бирото

Меѓународното биро за тегови и мерки или МБТМ (фр. Bureau international des poids et mesures, BIPM) е меѓународна организација за стандардизација, еден од трите органи што раководат со Меѓународниот систем на мерни единици (SI) согласно условите на Метарската конвенција (Convention du Mètre).

Историја[уреди]

МБТМ е основано на 20 мај 1875 по потпишувањето на Метарската конвенција, која е договор со 51 земји-потписнички[1].[2] Сместено е во Бретејскиот павилјон во париското предградие Севр, каде ужива екстратериторијален статус.[3][4][5]

Функција[уреди]

Според договореното во Метарската конвенција, МБТМ има задача да ја запази еднообразноста и доследнсота на SI-единиците ширум светот. Ова го прави со помош на разни советодавни комисии, чии членки се националните метролошки бироа и лаборатории на земјите-постписнички, како и со сопствената лабораториска работа

МБТМ врши мерни испитувања и истражувања. Организира и учествува во меѓународни споредби на националните мерни стандарди и врши баждарење на еталоните на нејзините членки.

Организацијата игра важна улога во одржувањето на точното време во светот. Ги комбинира, анализира и вопросечува официјалните атомски часовни стандарди на членките ширум светот, со цел да се утврди единствено координирано универзално време (UTC).


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. податок од август 2008
  2. „Кратка историја на SI“. МБТМ. http://www.bipm.org/en/si/history-si/. конс. 21 април 2009.  (англиски)
  3. „МБТМ од 1875 до денес“. МБТМ. http://www.bipm.org/en/bipm/history/hist10.html. конс. 20 мај 2011.  (англиски)
  4. Multon, J. L. (1996). „Analysis and Control Methods for Food and Agricultural Products, Quality Control for Food and Agricultural Products, Volume 1“. Wiley-IEEE. стр. 3. ISBN 0471186171. 
  5. Von Baeyer, Hans Christian (2000). „Taming the Atom“. Courier Dover Publications. стр. 146. ISBN 0486414477. 

Надворешни врски[уреди]