20 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
20 мај е 140-иот ден во годината според григоријанскиот календар (141-и во престапна година). Остануваат 225 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1836 | Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија. |
| 1875 | Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на на мерните единици на одделни физички големини. |
| 1876 | Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ. |
| 1926 | Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија. |
| 1990 | Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас. |
Родени:
| 1799 | Оноре де Балзак, француски писател, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови. |
| 1875 | Парашкев Цветков, бугарски револуционер. |
| 1908 | Џејмс Стјуарт, американски актер. |
| 1946 | Шер, американска пејачка. |
| 1962 | Александар Дедјушко, руски театарски и филмски глумец. |
| 1967 | Павлe, принц на Грција. |
| 1985 | Николај Липкин, руски кануист-спринтер. |
Починале:
| 1277 | Папа Јован XXI, римски папа. |
| 1506 | Кристофер Колумбо. |
| 1622 | Осман II, отомански султан |
| 1940 | Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец. |
| 1981 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. |
| 2002 | Стивен Џеј Гулд, американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |