Макс Еве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Макс Еве
MaxEuwe.jpg
Цело име Махгелис Еве
Земја  Холандија
Роден(а) 20 мај 1901
Амстердам, Холандија
Починал(а) 26 ноември 1981
Амстердам, Холандија
Титула велемајстор

Махгелис (Макс) Еве (20 мај 1901 - 26 ноември 1981) бил холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-1937) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор.

Рани години[уреди]

Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година.[1] и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии.[1]

Рана кариера[уреди]

Еве ги освоил сите шаховски шампионати на Холандија на коишто учествувал од 1921 до 1952 година и титулата во 1955 година со што се уште го држи рекордот од 12 освоени титули. Покрај него, во тој временски период шампиони станале уште Сало Ландау, во 1936 година кога Макс Еве бил светски првак и не се натпреварувал и Јан Хајн Донер во 1954 година.[2] Еве станал светски аматерски првак на шампионатот во Хаг во 1928 година со резултат 12/15.[3]

Еве имал младо семејство, па тој играл шах за време на летните одмори со што неговите можности да го освои светскиот шеховски врв биле ограничени. Но, тој покажал одлични можности на неколку турнири во дваесеттите, па се до средината на триесеттите. Еве веќе играл со најдобрите шахисти на тоа време. Играл со Александар Аљехин (1926), Хозе Раул Капабланка (1931), Рудолф Шпилман (1935), а се повлекол од мечот со Сало Флор во 1932 година. Неговата игра толку многу напреднала така што тој заедно со Флор станале најмоќните предизвикувачи на светскиот првак Аљехин.[4]

На турнирот во Цирих во 1934 година, Макс Еве завршил втор, веднаш зад светскиот шампион Александар Аљехин, а при тоа го победил во меќусебниот двобој. Во осумгодишниот интервал од 1927 до 1935, Аљехин изгубил само 6 партии на турнирите.

Светски шампион[уреди]

Sculpture of Euwe in Amsterdam by artist José Fijnaut

На 15 декември 1935, по 30 одиграни партии во 13 различни градови во Холандија, во период од 80 дена, Макс Еве го победил Александар Аљехин со 15.5-14.5. Со тоа Еве станал петтиот светски првак во шах, а од 13 партија освоил двојно повеќе поени од Аљехин. [5] Неговата титула свтески првак дала голема поддршка за развојот на шахот во Холандија. Ова бил првиот меч за светски првак во којшто шахистите имале свои секунданти во анализите на одиграните партии.[6]

Победата на Еве била подвиг, а некои сметаат дека за тоа има придонес и Аљехин којшто бил голем алкохоличар. Но, Сало Флор којшто му бил секундант на Еве за време на мечот сметал дека самоувереноста на Аљехин бил неговиот најголем проблем, а не алкохолизмот. Аљехин изјавил дека ќе победи многу лесно.[7][8] Поранешните светски прваци Василиј Смислов, Борис Спаски, Анатолиј Карпов и Гари Каспаров ги анализирале партиите на Еве и потврдиле дека Еве заслужил да стане светски првак. Тие забележале и дека стандардот на партиите на Макс Еве е достоен за еден светски шампионат.[9]Владимир Крамник пак смета дека Еве ја заслужил победата благодарение на својата добра игра, а не благодарение на проблемите на Аљехин со алкохолизмот.[10]

Во 1937 година, во реваншот одигран исто така во Холандија, Аљехин повторно под дејство на алкохолизам ги одиграл можеби најдобрите свои партии и победил со 15.5-9.5. Аљехин ги играл партиите од перидодт на доминација (1927-1935). Против неговата игра, Еве целосно потрлил, губејќи 4 од последните 5 партии.

Подоцнежна кариера[уреди]

Еве завршил четврти на АВРО турнирот во Холандија во 1938 година. Тој бил изедначен по бројот на поени со Аљехин и Самуел Решевски. Турнирот се играл за да се добие предизвикувачот на Аљехин за титулата светски првак. Еве ги покажал и своите организаторски способности во организација на турнирот.[11]

Макс Еве одиграл и меч против Пол Керес во Холандија (1939-1940) и загубил со 6.5-7.5.

По смртта на Аљехин во 1946 година, многумина сметале дека светски првак треба да биде Макс Еве, благодарение на второтоместо на силниот турнир во Гронинген, Холандија каде што завршил веднаш зад Михаил Ботвиник. Еве согласил да учествува на турнирот во 1948 помеќу петте најдобри шахисти во светот за да се одреди новиот светски првак во шах.[12] Еве на возраст од 47 години бил постар од останатите натпреварувачи, а неговите најдобри партии веќе биле минато, па на турнирот завршил последен. [13]

Неговиот последен голем турнир бил турнирот на кандидатите за светски првак одржан во Цирих во 1953 година на којшто завршил претпоследен.

Макс Еве учествувал и на 7 шаховски олимпијади во периодот од 1937 до 1962 како претставник на Холандија. На сите олимпијади играл на прва табла. На олимпијадата во Лондон (1927) имал ефект 10.5/15, 9.5/13 во Стокхолм (1937), доволно за бронзен медал, 8/12 во Дубровник (1950), 7.5/12 во Амстердам (1954), 8.5/11 во Минхен (1958), доволно за сребрен медал на возраст од 57 години, 6.5/16 во Лајпциг (1960) и 4/7 во Варна (1962). Неговиот вкупен ефект е 54.5/86 со успешност од 63.37%.

За време на својата шаховска кариера, Еве освоил 102 награди од шаховските турнири. Многу од нив се со локален карактер и не се толку значајни, но фактот што Макс Еве никогаш не бил професионален шахист, а станал светски првак со победа над Александар Аљехин го оправдува овој импресивен ефект.

Претседател на ФИДЕ[уреди]

Од 1970 до 1978 година, Макс Еве бил претседател на ФИДЕ. Како претседател, Еве го имал предвид она што било подобро од политички соодветното. Во неколку случаи ова му довело на Еве неколку конфликти со Советската шаховска федерација,што претставувало и голема грижа за ФИДЕ со својот буџет, бидејќи во тоа врема советските шахистио доминирале во светскиот шах. Во тој контекст, тие постапувале со шахот како дел од Студената војна. Овие конфликти вклучувале:[14]

  • Овие настани воделе кон кандидатурата на Боби Фишер за предизвикувач во мечот за свтески првак во 1972 година, што придонело тој да стане првиот несоветски светски шампион во шах уште од пред Втората светска војна. Еве сметал дека Фишер треба да игра за светски првак што е можно побрзо, ако не уште на турнирот на кандидатите во 1971 година.
  • Побегнувањето на велемајсторот Генадиј Сосонко. Советите сметале дека Сосонко треба да биде сметан како „нечовек“ и ека треба да се забрани неговото учество на турнирите и појавата на телевизија поради неговото пребегнување. Макс Еве тоа го одбил, па на турнирот во Вајк Ан Зее во 1974 година во знак на протест не учествувал ниту еден советски шахист.
  • Во 1976 година, кандидатот за светски првак Виктор Корчној добил политички азил во Холандија. За време на разговорот со Еве, Еве му рекол: „...секако дека ќе ги добиеш сите права.“. По тоа, Еве се спротивставил на советските напори да се оневозможи Корчној да го предизвика светскиот првак Анатолиј Карпов во 1978.
  • Подоцна, во 1976, Еве ја поддржал одлуката на ФИДЕ за одржување на шаховската олимпијада во 1976 во Израел, држава којашто Советскиот Сојуз не ја признавал. ЦК на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз започнал да води борба за смена на Макс Еве од функцијата претседател на ФИДЕ.

Но, се разбира дека Еве изгувбил неколку битки со Советите. На пример, во 1973 година, тој го прифатил советското барање, двајцата силни, несоветски шахисти Бент Ларсени и Роберт Хубнер да играат на меѓународниот турнир на кандидатите за светски првак во шах во Ленинград, наместо оној послабиот во Петрополис. Не изненадуило тоа што Ларсен и Хубнер биле елиминирани на силниот турнир во Ленинград, бидејќи Корчној и Карпов ги освоиле првите две позиции.[15] Многу коментатори се прашуваат што би било доколку Еве го оневозможил Боби Фишер да ја брани титулата светски првак во 1975 година.[16]

Поради турбуленциите во тоа време, најголемиот дел од проценките за можностите на Еве како претседател на ФИДЕ биле симпатични:[17]

  • Спаски којшто бил номиниран за функцијата на Еве:„Тој не требаше да го дисквалификува Фишер од мечот за светски првак и требаше да биде малку пожесток кон Советите...треба да се сложиш со големината на проблемите. Но Еве, секако беше вистинскиот човек за таа работа.“
  • Карпов рекол дека Еве бил многу добар претседател на ФИДЕ иако направил многу голема грешка, брзо проширување на ФИДЕ со малите земји од третиот свет. „Но ниту тој, ниту јас не можевме да претпоставиме до што ќе доведе ова... Ова не доведе само до инфлација на титулата велемајстор, туку и до поставување вакум на главата на светскиот шах.“
  • Гари Каспаров бил остар:„...за жал не можел да ги предвиди опасностите за ФИДЕ предизвикани од советската доминација.“
  • Корчној го бранел Еве како последен почесен претседател на ФИДЕ.
  • Јури Авербак, којшто бил многу силен советски велемајстор: „...тој секогаш бараше разбирање од аспект на спротивната гледна точа... Ваквото однесување е сосема спротивно од она на водачите на советските делегации... Макс Еве, без сомнение беше најдобриот претседател на ФИДЕ.

Макс Еве умрел во Амстердам на 26 ноември 1981 од срцев удар. Како претседател на ФИДЕ, тој успеал да го афирмира шахот во некои неразвиени земји од Африка, Азија и Јужна Америка, а за време на неговото претседателство се зголемил бројот на земји-членки на ФИДЕ.

Проценките за играта на Еве[уреди]

Макс Еве бил шахист со логички поврзани размислувања и со големи познавање од теоријата на отворањата во којашто и самиот дал свој придонес.[18] Парадоксално е што неговите два меча за титулата светски првак во шах против Аљехин се одиграни со тактички бес на двете страни. Но, коментарите на Кмох и Аљехин го објаснуваат следново: Еве „самоуверено влезе во необично комплексни варијанти“ кога размислуваше логички беше на своја страна; и многу добро знаеше да ги пресмета таквите комплексни варијанти. Од друга страна, тој „често немаше сиола да се извади од лошите позиции.“[19]

Аљехин бил наводно поотворен во своите записи на руски отколку оние на англиски, француски или германски. Вои своите записи на руски, тој го опишал Еве со недостиг на оригиналсност и цврстина за еден светски првак во шах. Генадиј Сосонко сметал дека скромноста на Еве е хендикеп на врвниот шах (иако Еве бил загрижен за тоа колку е посилен од некои просечни велемајстори).[20]

Владимир Крамник исто така рекол дека Еве го предвидел значењето на Ботвиник во техничките подготовки.[21] и Еве обично бил во добра физичка кондиција, бидејќи бил воодушевен спортист.

Шаховските книги од Макс Еве[уреди]

Еве напишал повеќе од 70 шаховски книги, многу повеќе од кој било друг светски првак во шах. Најпознати негови наслови се: „Патот до шаховското мајсторство“, „Проценка и планирање во шахот“, „Логички пристап во шахот“ и „Стратегија и тактика во шаховската игра“.[22][23][24]

Друго[уреди]

Во чест на Макс Еве, во Амстердам постои плоштад кој го носи неговото име на кој се поставени огромна шаховска табла со шаховски фигури и статуа покрај неа. Во негова чест постои и музеј Макс Еве со многу шаховски книги.

Неговата внука, Есме Ламерс напишала книга со наслов „Долг живот на дамата“ (Lang Leve de Koningin) којашто е многу популарна меѓу младите. Во книгата станува збор за фантастична приказна за едно девојче коешто учи да игра шах и истовремено го наоѓа својот татко. Во 1995 година е снимен филм според оваа книга.(IMDB Entry)

Кога како претседател на ФИДЕ, Макс Еве престојувал во Катманду, Непал, тој играл против Бабурам Батараи и изгубил во 23 потези со прекрасна жртва на дама. По партијата локалните медиуми известиле: „Аљехин живее во Непал!“[цитат]

Антологиски шаховски партии[уреди]

Од творештвото на Еве[уреди]

Композиција од Еве
Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess kdl44.png Chess rdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess kld44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess qld44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess rll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Белиот на потег. Мат во 2 потега.


На дијаграмот е дадена позицијата составена од Макс Еве во 1927 година. Белиот е на потег. Мат во два потега?

Решение: 1.Dd6!! Во оваа позиција црниот може да се одбрани, играјќи 1....d6 по што белиот нема да може да даде мат во 2 потега. Но, белиот е на потег и тој треба да ја спречи намерата на црниот. Тој е потребно да одигра потег со кој сигурно ќе може во наредниот да даде шах, а при тоа да го спречи одбранбениот маневр на црниот (1....d6). На пример доколку белиот одигра 1.Db2 со за кана мат на седмата или осмата хоризонтала со потегот 1....d6 црниот избегнува мат уште во вториот потег. Затоа белиот е потребно во првиот потег да го спречи движењето на d-пешакот и да го принуди црниот да одигра потег со кој ќе ја загуби одбраната и вовториот потег да матира. На прв изглед потегот 1.Dh3 е сосема добар, бидејќи d-пешакот е врзан и не може да се движи. Но, со овој потег белиот се уште ја држи дамата далеку од црниот крал и заканата за мат во наредниот потег, па црниот тоа го потврдува со потегот 1....с6. Па, по ова се чини дека белиот е потребно да одигра потег со кој ќе жртвува фигура на полето d6 со што потенцијално би се отворила с вертикалата, а белиот напад е блиску до црниот крал. Белиот во овој случај има 2 решенија, од кои на 1.Тd6, црниот нема да ја прими жртвата (1...схd6?? 2.Dc2#) туку едноставно со движење на својот с-пешак ќе се одбрани. Но, вистинското решение, а и најлогичен потег на овој проблем е потегот 1.Dd6!!. Белиот ја жртвува дамата која што црниот не може да ја прими (1...схd6?? 2.Tc1#), но со секој одигран потег црниот создава неодбранлива матна закана. Па, доколку одигра со својот с-пешак, ќе се отвори дијагоналата h2-b8, па белиот матира играјќи 2.Db8#, а останатата можност е црниот да одигра со својот топ со што ќе ја намали заштитата на пунктот d7 по што белиот матира играјќи 2.Dxd7#.

Навистина прекрасна композициоја составена од големиот шахист и математичар Макс Еве којшто со оваа композиција ја покажува својата инспирација за составување и решавање на шаховски проблеми.

Цитати[уреди]

  • „Стратегијата заслужува размислување; тактиката заслужува набљудување.“ - Макс Еве
  • „Дури и публиката, дури и нашите пријатели критичари сфаќаат дека Еве не направил несигурна комбинација? Тој секако можел повремено да пропушти да ја согледа комбинацијата на противникот, но кога тој ја имал иницијативата во тактичките операции неговите пресметки се непогрешливи.“ - Александар Аљехин
  • „Ако Ричард Рети се знимавал само позиционите правила, тогаш Макс Еве најверојатно малку повеќе во нивната непроменливост.“ - Александар Алехин
  • „Тој е олицетворение на логиката, гениј на највисоко ниво. Тој не може да се нарече напаѓач, иако сигурно поминал низ многу комплексни варијанти.“ - Ханс Кмох
  • „Еве слободно дишел кога бил загушен со работа.“ - Ханс Кмох
  • „Еве кој се одмора не е Еве. Неговото мото е војна, војна и само војнса. Војната енегова забава, негова сила и судбина.“ - Ханс Кмох
  • „Нешто не е в ред со човекот. Тој е така нормален.“ - Боби Фишер

Наводи[уреди]

  1. Еве, М. (1929), „Менгентеоретско разгледување на шаховската игра“, „Акад. Ватеншапен“ (Амстердам) 32 (5): 633–642 .
  2. ""„Холандски шаховски шампиони“. http://www.schaakbond.nl/nieuws/nk2005/kampioen.htm. 
  3. „Макс Еве, поранешен светски шампион, предводник на партиите на ФИДЕ“. 28 ноември, 1981. http://query.nytimes.com/gst/fullpage.htm. 
  4. "Фајн 1952 Најдобрите светски шаховски партии"
  5. "chessgamesAlehineEuwe1935Table"„Аљехин против Еве 1935“. chessgames.com. http://www.chessgames.com/perl/chess.pl?tid=54135. 
  6. Винтер, E.. „Шаховски белешки (5202)“. http://www.chesshistory.com/winter/winter39.html#5214._Ernst_Klein_C.N._5202. 
  7. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  8. "Мунингхоф 2001 Биографија на Еве"
  9. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  10. "Крамник, Штајниц до Каспаров"
  11. "Мунингхоф 2001 Биографија на Еве"
  12. "Мунингхоф 2001 Биографија на Еве"
  13. „Светски шаховски шампионат 1948“. Британски шаховски магазин Пофалба за книгата на Хари Голомек за светскиот шампшионат во шах во 1948. http://www.bcmchess.co.uk/chessbooks/blurbs/worldcc1948.html. 
  14. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  15. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  16. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  17. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  18. "Фајн 1952 Најдобрите светски шаховски партии"
  19. "Фајн 1952 Најдобрите светски шаховски партии"
  20. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"
  21. Крамник, В. (2005). „Крамник, интервју: Од Штајниц до Каспаров“. Владимир Крамник. http://www.kramnik.com/eng/interviews/getinterview.aspx?id=61. 
  22. "Мунингхоф 2001 Биографија на Еве"Мунингхоф, А. (2001). „Макс Еве: Биографија“. New in chess. ISBN 978-1588630025.  Review and summary at Мек Ким, Д.К. (2006). „Макс Еве: Биографија“. Џереми Силман. http://www.jeremysilman.com/chess_gst_wrtrs/041004_max_euwe_the_biography.html.  and „BCM Chess Book Reviews : 20 јули,01“. Британски шпаховски магазин. 20 јули,01. http://www.bcmchess.co.uk/reviews/bcmrev0107.html. 
  23. "Њу Јорк Тајмс 1981 Посмртницата на Еве" Поранешниот советски велемајстор Генадиј Сосонко го искористил делото од Еве „Практиучни шаховски часови“("Practische schaaklessen") за своите предавање во Ленинград и при тоа признал дека тоа е една од најдобрите шаховски книги на сите времиња.
  24. "Сосонко 2001 Потсетување на партиите на Еве"Генадиј Сосонко (2001). „Сеќавање на Макс Еве, Прв дел“. The Chess Cafe. http://www.chesscafe.com/text/skittles167.pdf. 

Надворешни врски[уреди]


Претходник
Фолке Рогард
Претседател на ФИДЕ
1970–1978
Наследник
Фридрик Олафсон