Фридрик Олафсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фридрик Олафсон

Фридрик Олафсон (26 јануари 1935) е исландски правник и шахист.

Тој е роден во Рејкјавик, Исланд. Во 1952 година станал исландски шаховски шампион, а веќе наредната година станал скандинавски шампион. Многу брзо напредувал, па станал еден од најдобрите шахисти на својата генерација. Во 1978 година го наследил Макс Еве на функцијата претседател на ФИДЕ, а како претседател останал до 1982 година кога бил наследен од Флоренсио Кампоманес. Во 1982 година, Фридрик Олафсон бил избран за секретар во Алтинг (исландскиот парламент).

Претходник
Макс Еве
Претседател на ФИДЕ
1978–1982
Наследник
Флоренсио Кампоманес