Генадиј Сосонко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Генадиј Сосонко

Генадиј Борисович Сосонко (руски:Геннадий Борисович Сосонко) (роден на 18 мај 1943 во Троицк, Русија) е холански шахист со руско потекло.

Генадиј во 1958 година го освоил јуниорскиот натпревар на Ленинград.

Во 1972 година се преселил од СССР во Холандија преку Израел. Во 1973 и 1978 година го освоил холандскиот шампионат (на делба на првата позиција). Според неговите шаховски белешки, тој бил прв на турнирот во Вајк Ан Зее во 1977, прво во Нијмеген] во 1978, трет во Амстердам во 1980, прв во Вајк Ан Зее во 1981, трет во Тилбург во 1982 и четврти во Ханинг во 1988 година. Во 1984 година одиграл меч против Јан Тиман.

Сосонко се натпреварувал и на 11 шаховски олимпијади од 1974 до 1984 и од 1986 до 1988 година како претставник на Холандија. При тоа освоил и 2 поединечни медали: злато во Хајфа (1976) и бронза во Ница (1974), а и 2 медала во тимска конкуренција: сребро во Хајфа (1976) и бронза во Солун (1988).

Генадиј Сосонко станал интернационален мајстор во 1974, а велемајстор во 1976 година.