Ница

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај


Општина Nice
Ница
Знаме на Nice
Грб на Nice
Градско лого Градски грб
Мото: Nicæa civitas.
Port Of Nice, Côte d'Azur.jpg
Ница
Местоположба
Paris plan pointer b jms.gif
Карта одбележувајќи ја комуната Nice
Координати 43°42′10″N 7°16′09″E / 43.70278, 7.26917
Временска зона CET (GMT +1)
Администрација
Земја Франција
Регион Прованс-Алп-Кот д'азур
Департман Алп-Маритим (06)
Меѓуопштински Општина Ница - Азурен брег
Градоначалник Кристиан Есроси  (УНД)
Статистика
Површина¹ 71.92 km²
Население² 5-ти град во Франција по број на население
 - 2004 проценка 347.100
 - Густина 4826/km² (2004)
¹ Француски катастар, во кој не спаѓаат езера, бари, глечери > 1 km² и речни устија.
² Population sans doubles comptes: единечно броење на жители на повеќе од една општина(на пр. ученици, студенти и воени лица).
Франција

Ница (Nice) е град во јужна Франција сместен на брегот на Средоземното море, на патот помеѓу Марсеј и Монако. Во градот живеат околу 350.000 жители, додека во пошироката урбана зона над 1.200.000.

Ница е главен туриситчки центар на Француската ривиера (Côte d'Azur).


Содржина

[уреди] Историја

Првите населувања во областа на Ница датираат од пред приближно 400,000 години; археолошкиот предел Тера Амата ја покажува првата употреба на оган и изградба на куќи, како и наоѓалишта на кремен кои датираат од пред 230,000 години. Ница (Nicaeа) веројатно била основана околу 350 год. пр.н.е. од страна на Грците од Марсеј, и била наречена "Nikaia" во чест на победата над Лигурите (Ника е грчката божица на победата). Градот набрзо станал едно од најпрометните трговски пристаништа на Лигурскиот брег; но имал голем ривал во Романскиот град Цеменелум, кој продолжил да постои како одделен град до времето на Ломбардските инвазии. Урнатини од Цеменелум сега се наоѓаат во Симие (Cimiez), денешна област во Ница.

Во 7 - миот век Ница се приклучува на Џеновската лига основана од страна на градовите во Лигурија. Во 792 год. градот ги поразува Сарацените; но во 859 и повторно во 880 год. Сарацените го ограбуваат и запалуваат, и остануваат господари на опколената земја за време на целиот 10ти век.

Во текот на Средниот Век, Ница учествува во војните и историјата на Италија. Како сојузник на Пиза, таа е непријател на Џенова, и Кралот на Франција и Царот настојувале да го потчинат; но, и покрај тоа, градот ја задржал својата градска слобода. За време на 13ти и 14ти век, градот повеќепати паднал во рацете на Грофовите од Прованс; и во 1388 год. комуната се поставува под заштита на Грофовите на Савој. Ница (на италијански: Nizza) директно или индиректно учестува во историјата на Савој, се до 1860 год.

Поморската сила на Ница значително се зголемила се до моментот кога била способна да излезе на крај со Сараценските пирати. Утврдувањето на градот било доста проширено а патиштата до него-подобрени. Во 1561 год. Емануел Филберт, Војвода од Савој (Emmanuel Philibert, Duke of Savoy), ја укинал употребата на латинскиот, како административен јазик, и го поставил италијанскиот јазик како службен јазик во владините служби во Ница.

За време на борбата меѓу Франсис I (Francis I) и Шарл V (Charles V) била направена голема штета со преминот на армиите кои го нападнале Прованс; повеќе години по градот беснееле чума и глад. Во 1538 год., двајцата монарси во Ница потпишале примирје на 10 години, со посредство на Папата Павле III.

Во 1543 год., Ница била нападната од обединетите Франко-Отомански сили на Франсис I и Барбароса Хајредин Паша, во Опсадата на Ница; иако жителите пружиле отпор на нападот кој следел по ужасното бомбардирање, тие биле принудени да се предадат а на Барбароса му било дозволено да го ограби градот и да одведе 2,500 заробеници. Чумата повторно се појавува во 1550 и 1580 год.

Во 1600 год., Ница била на кратко преземена од војводата од Гиз (Guise). Со отворањето на пристаништата за сите нации, и објавувајќи целосна слобода на трговија (1626), на трговијата на градот и бил даден голем стимул, а благородните фамилии учествувале во трговските претпријатија. Заземен од страна на Катина (Catinat) во 1691 год., Ница била одново вратена на Савој во 1696 год.; но, во 1705 год. била повторно опседната од страна на Французите, а тврдината и насипите биле уништени наредната година.

Со спогодбата од Утрехт во 1713 год. градот повторно е вратен на Војводата од Савој, кој на истиот настан бил препознат како Кралот на Сицилија. “Новиот град” е изграден за време на мирните години кои следат. Од 1744 год. до мирот на Е-ла-Шапел (Aix-la-Chapelle) (1748), Французите и Шпанците повторно стануваат владетели. Во 1775 год., Кралот, кој во 1718 год. го заменил суверенитетот на Сицилија за Кралството на Сардинија, уништил се што останало од слободата на комуната. Освоено во 1792 год. од страна на армиите на Првата Француска Република, Грофовството на Ница продолжило да биде дел од Франција се до 1814 год.; но потоа се враќа на Кралството на Сардинија-Пиемонт.

Со договорот склучен во 1860 год. меѓу Кралот на Сардинија и Наполеон III, грофовството повторно е отстапено на Франција како територијална награда за помошта на Французите во Втората Италијанска Војна за Независност против Австрија, коешто Ломбардија го гледала обединето со Пиемонт-Сардинија.

Отстапувањето е одобрено од страна на 25,000 од вкупно 30,700 избирачи. Савој бил предаден на Француската круна на сличен начин.

Џузепе Гарибалди (Giuseppe Garibaldi), роден во Ница, силно се противел на отстапувањето на Франција (тврдејќи дека тоа не било направено со “универзално” гласање) и во 1866 год. имало уште попопуларни немири во градот, поддржани од страна на “Гарибалдини” во корист на соединувањето на Ница со Италија. Италијанските иредентисти ја сметале Ница како едно од нивните главни националистички барања и во 1942/3 год. градот бил окупиран и управуван од страна на Италија за време на Втората Светска Војна.

Дваесеттиот век го најави доаѓањето на модерниот превоз. Во 1900 год., Трамвајот на Ница ги електрифицирал трамваите влечени од коњи и ја проширил својата мрежа низ целиот департман од Ментон до Кан. До крајот на 1930 год. биле додадени автобуски конекции во превозната мрежа на целата област.

Почнувајќи од 1932 год., Ница е домаќин на меѓународни трки со коли во “Формула Либре” (претходник на Формула Еден) на таканаречениот Круг Ница. Кругот почнувал по должината на крајбрежјето, јужно од градината Алберт I, потоа западно по должина на Шеталиштето (Promenade des Anglais), со кривина кај хотелот Негреско за да се врати источно и околу градината Алберт I, пред повторно да почне источно по кејот (Quai des Etats-Unis). Во 1932 год., Луј Широн ја освоил Гран-при наградата (Nice Grand Prix) возејќи Бугати Т51. Во 1933 год. трката ја освоил Тазио Нуволари со Масерати 8Ц, и во 1934 год. трката повторно ја освојува Италијанец. Последата сезона со Гран При во Ница е во 1935 год., кога Алфа Ромео Типо доминира на кругот во рацете на Тазио Нуволари и Луј Широн кој се пласира втори, и Рене Дрејфус кој завршува трети.

Во септември 1939 год. избувна војна и Ница станува град на засолниште за многу раселени странци, посебно Евреи бегајќи од продирањето на Нацистите во Источна Европа. Од Ница, многумина бараат понатамошно засолниште во Француските Колонии, Мароко и Северна и Јужна Америка. По јули 1940 год. и воспоставувањето на Виши Режимот (Vichy Regime), антисемитските напади го забрзаале отселувањето, почнувајќи во јули 1941 год. и продолжувајќи низ 1942 год. На 26ти август 1942 год., 655 Евреи од странско потекло биле уапсени од Владата на Лавал и затворени во касарни. Од нив, 560 биле депортирани во Дренси кампот, на 31ви август, 1942 год. Благодарение на активноста на Еврејскиот банкар Анџело Донати и францускиот калуѓер Пер Мари-Беноа, локалните власти ја спречија примената на анти-еврејските “Виши” (Vichy) закони.

Првите отпорни на новиот Режим биле група на средношколски сениори од Гимназијата Ница, сегашна Гимназија Масена, во септември 1940год., кои подоцна биле уапсени и погубени во 1944 год. близу Кастејан (Castellane). Првите јавни демонстрации се случиле на 14ти јули, 1942 год., кога неколку стотици протестанти ги наполниле улиците долж Авенијата на Слободата (Avenue de la Victoire) и Плоштадот Масена (Place Masséna). По ноември 1942 год. и доаѓањето на италијанските трупи кои го окупирале градот, останала одредена колебливост меѓу народот, многу скорашни имигранти од италијанско потекло. Сепак, отпорот добил момент откако Италијаните се предале во 1943 год. кога Германските армии го окупирале Виши. Одмаздите се засилиле помеѓу декември 1943 год. и јули 1944 год., кога бројни партизани биле измачувани и погубени од страна на локалниот Гестапо и Француската Милиција. Ница исто така била силно бомбардирана од Американската авијација во подготовките за здруженото приземјување во Прованс (1000 мртви или повредени и повеќе од 5600 бездомници), и следела општа глад во текот на летото 1944 год. Конечно американските падобранци влегле во градот на 30ти август, 1944 год., и Ница била конечно ослободена. Последиците од војната биле тешки, населението се намалило за 15% а економскиот живот целосно уништен.

Во втората половина на 20-от век, Ница уживала економски бум главно донесен од туризам и изградба. Во овој период доминирале две личности: Жан Медецин (Jean Médecin), градоначалник за време од 33 години, од 1928 год. до 1943 год., и од 1947 год. до 1965 год., и неговиот син Жак, градоначалник 24 години, од 1966 год. до 1990 год. Под нивно раководство, градот доживува опширно урбано обновување, и биле превземени нови градби (Центар за конвенции, театри, нови премини и автопати, итн...) Доаѓањето на “Pieds-Noirs”, бегалци од Алжир по независноста во 1962 год., исто така му дале поддршка на градот и донекаде го промениле неговото население и традиционални погледи. До крајот на доцните 80-ти год., излегуваат на површина гласини за политичка корупција во градската влада и службените оптужби против Жак Медецин го принудуваат да ја напушти Франција во 1990 год. Подоцна уапсен во Уругвај во 1993 год., тој е повторно екстрадиран назад во Франција во 1994 год., осуден за повеќе корупциски сметки и придружни кривични дела кои му пресудија затворање.

На 16ти октомври, 1979 год., западниот брег на Ница го удира цунами, како последица на подводни одрони на земја, и умираат 23 луѓе.

Во фебруари, 2001 год., европските лидери се сретнуваат во Ница да преговараат и да го потпишат тоа што денеска се нарекува Договорот од Ница дополнувајќи ги институциите на Европската Унија.

Во 2003 год., локалниот Лидер Обвинител Ерик де Монтголфие наведува дека некои судски случаи вклучувајќи локални личности биле сомнително исфрлени од страна на локалното судство, за кои тој се сомнева дека имаат штетни контакти преку масонските ложи токму со тие луѓе кои се прогонети или осудени. Подоцна, контроверзен службен извештај наведува дека Монтголфие имал неоправдани оптужби.

Кристијан Естрози е актуелниот градоначалник на Ница од 2008 год. Тој е член на UMP, партија која го поддржува Претседателот на Франција, Никола Саркози.

[уреди] Грб

Грбот на Ница за првпат се појавува во Прописите на Амадеус VIII, веројатно напишани околи 1430 год. Ница е симболизирана со црвен орел на бела позадина, поставен на три планини, кои на францускиот хералдички јазик се опишуваат како “d'argent à une aigle de gueule posée sur trois coupeaux”. Грбот претрпел само мали промени: орелот станал сè повеќе стилизиран, денес има дијадема за Грофовството на Ница, и трите планини денес се обиколени со стилизирано море.

Присуството на орелот, империски симбол, покажува дека овој грб е поврзан со моќта на Куќата на Савој. Орелот кој стои над трите ридови е илустрација и опис на Савој, во утврдувањето на неговата доминација над земјата околу Ница. Комбинацијата на бела и црвена боја упатува на боите на знамето на Савој. Трите планини симболизираат територијална чест, без грижа за географски реализам. Со неговата симболична структура, грбот на Ница е знак на верност и лојалност кон Куќата на Савој.


[уреди] Администрација

Лоцирана во регионот Provence-Alpes-Côte d'Azur, Ница е комуна и префектура (администрациска престолнина) во областа Alpes-Maritimes. Сепак, Ница е најголем град во Франција кој не е регионална престолнина; многу поголемиот Марсеј е главен град на нејзиниот регион.

[уреди] Клима

Ница има медитеранска клима: градот ужива благи температури најголем дел од годината; врнежите се многу умерени и главно концентрирани во најмрачниот период од годината (од септември до март). Тој е ветровит град, посебно во пролет.

Летата се топли, суви и сончеви. Во овој период врнежите се ретки, и во еден типичен јули месец може да се измерат само еден или два дена со врнежи. Температурите ретко одат под 20°Ц, и често достигнуваат 30°Ц. Просечната максимална годишна температура е околу 35°Ц. Апсолутната максимална температура во Ница била 37.7°Ц, на 1ви август, 2006 год.

Есента главно почнува сончево во септември и станува повеќе облачна и дождлива накај октомври, додека температурите обично остануваат над 20°Ц, сè до ноември кога почнува да се разладува до околу 17°Ц.

Зимите се карактеризираат со благи денови (11°Ц до 17°Ц), студени ноќи (4°Ц до 9°Ц) и променливо време. Деновите можат да бидат или сончеви и суви, или влажни и дождливи. Мразот е редок, а снежните врнежи се толку екстремно ретки што граѓаните ги памтат како посебни случки. Годишната просечна минимална температура е околу 1°Ц.

Пролетта започнува благо и дождливо во доцен март, и станува значително топла и сончева накај јуни.

Просечни темератури и врнежи за Ница
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Година
Просечна висока °C (°F) 12 (54) 12 (54) 14 (57) 16 (61) 19 (66) 23 (73) 26 (79) 26 (79) 23 (73) 20 (68) 16 (61) 13 (55) 18 (64)
Просечна ниска °C (°F) 5 (41) 6 (43) 7 (45) 9 (48) 13 (55) 16 (61) 19 (66) 20 (68) 17 (63) 13 (55) 8 (46) 6 (43) 12 (54)
Врнежи cm (inch) 7 (2.8) 7 (2.8) 7 (2.8) 6 (2.4) 4 (1.6) 3 (1.2) 1 (0.4) 3 (1.2) 6 (2.4) 11 (4.3) 11 (4.3) 8 (3.1) 82 (32,3)
Извор: Weatherbase[1]

[уреди] Вегетација

Природната вегетација на Ница е типична за медитеранскиот предел, со голема застапеност на широколисни зимзелени грмушки. Дрвјата имаат тенденција да бидат распрскани но во некои области формираат густи шуми. Големите видови домашни дрвја вклучуваат зимзелени дрвја како зелен даб, бор и зимзелено растение од видот Arbutus. Многу видови растат во парковите и градините. Палмите, еукалиптусот и цитрусовите овошја се меѓу оние дрвја кои и даваат на Ница суптропски изглед. Но исто така има и видови кои се блиски на умерени области низ целиот свет; примерите вклучуваат костен, липа, дури и норвешка смрека.

[уреди] Економија

Ница е седиштето на Парламентот за трговија и индустрија на Азурниот Брег (Chambre de commerce et d'industrie Nice Côte d'Azur). Тој управува и со Аеродромот Ница-Азурен Брег и со Аеродромот Кан-Манделие, како и со пристаништето на Ница.

Во Ница се наоѓа вториот пазар од национален интерес во Франција и првиот производител на цемент. Исто така има голем број на музеи и хотели.

Инвеститорите од Франција и пошироко можат да извлечат корист од поддршката на Агенцијата за Економски Развој на Азурниот Брег – Тимот на Азурниот Брег.

Помеѓу туристите Ница е втор француски град по популарност покрај Париз, факт кој, поврзан со тешкотиите за копнени комуникации на големи растојанија (делумно поради Алпите), овозможува Ница да го има вториот најзафатен аеродром во Франција по број на патници (близу 10,000,000 патници во 2005 год.).

Ница има еден конференциски центар: Палата за Конгреси Акрополис (Palais des Congrès Acropolis). Градот исто така има неколку деловни центри како: l'Arenas, Nice the Plain, Nice Méridia, Saint Isidore, и Северниот Форум.

Покрај тоа, во градот се наоѓаат повеќе шопинг центри како: Nice Star, Nice TNL, Nice Lingostière, Northern Forum, St-Isidore, Trinity, и Cape 3000 со Saint-Laurent-du-Var.

Софија Антиполис (Sophia Antipolis) е технолошки центар северо-западно од Антиб (Antibes). Поголемиот дел од центарот спаѓа во општината на Валбон (Valbonne). Изграден помеѓу 1970 и 1984 год., главно покрива компании во областа на компјутерството, електрониката, фармацијата и биотехнологијата. Исто така тука се сместени повеќе институции за високо образование, заедно со Европските главни штабови. Овој центар е именуван по Софи Гилкман-Тумаркин, жена на францускиот Сенатор Пјер Лафит, основач на центарот, и случајно, Софија, како божица на мудроста. Втората половина од името на центарот доаѓа од Антиполис, античко грчко име на градот Антиб (Antibes).

[уреди] Пристаниште

Пристаништето на Ница исто така е познато под името Лимпија (Lympia). Името доаѓа од изворот Лимпија од кој се хранело некое мало езеро во мочуришно подрачје каде што започнала работата на пристаништето во 1745 год. Денес, тоа е главната пристанишна постројка во Ница- има и помало пристаниште во областа Карас.

Ова пристаниште е првиот пристаништен произведувач на цемент во Франција.

Рибарските активности сѐ уште постојат но бројот на професионални рибари сега е помал од 10. Ница, како најблиска точа од континентална Франција до Корзика, има фериброд конекција со островот, со доаѓањето на NGV (navires à grande vitesse), или брзи бродови. Конекциите ги овозможуваат две компании : SNCM, делумно јавна компанија, и Corsica Ferries-Sardinia Ferries, целосно приватна компанија. Плоштадот Касини (Place Cassini) лоциран пред пристаништето е преименуван во Плоштад Корзика.

[уреди] Аеродром Ница-Азурен Брег

Меѓународниот аеродром на Азурниот Брег или Аеродром Ница-Азурен Брег (Aéroport Nice Côte d'Azur), е аеродром во Ница, во областа Алп-Маритим (Alpes-Maritimes) во Франција. Тој е третиот најзначаен аеродром во Франција по Шарл де Гол (Charles de Gaulle) и Орли (Orly), и двата во Париз. Тој се наоѓа на “Шеталиштето на Англичаните” (Promenade des Anglais), близу L’Arénas, и има два терминали. Поради близината до Кралството на Монако, тој исто така служи како градско-државен аеродром, со хеликоптерски сообраќај кој го поврзува градот со аеродромот.

Тој е раководен од страна на Трговската Комора и индустријата Ница-Азурен Брег. Неговиот раководител е Ерве де Плас (Hervé de Place), раководител на аеродромите на Азурен Брег, во кои спаѓа и меѓународниот аеродром Кан-Манделие (Cannes-Mandelieu). Во 2006 год., низ овој аеродром патувале 9,948,035 патници.

[уреди] Главни знаменитости

Шеталиштето на Англичаните (Promenade des Anglais) е познатата “променада” долж Baie des Anges, медитерански залив, во Ница. Пред Ница да стане урбанизиран град, крајбрежјето на Ница беше ограничено само со напуштена плажа со големи камења. Првите куќи биле лоцирани на повисоко земјиште доста далеку од морето.

Почнувајќи во втората половина на 18ти век, на многу Англичани им се допаѓало да ја поминуваат зимата во Ница, ужувајќи во панорамата покрај брегот. Кога една многу остра зима донела прилив на бегалци во Ница, некои од богатите Англичани предложиле корисен проект за нив: изградба на патека (chemin de promenade) покрај морето.

Градот Ница, заинтригиран од планот за пријатно шеталиште, значително го зголемил подрачјето за работа. Шеталиштето на почетокот било наречено Camin dei Anglès (Англискиот пат) од страна на граѓаните на нивниот домородски дијалект “Nissart”. По припојувањето на Ница со Франција во 1860 год., преименувано е во “Promenade des Anglais”, заменувајќи го поранешното дијалектно име со неговиот францускиот превод.

Хотелот Негреско на Шеталиштето е именуван по Анри Негреско (Henri Negresco, 1868-1920) кој го имал овој величествен хотел изграден во 1912 год. Кога Негреско за првпат се отворил во 1913 год., неговиот влез бил од спротивната страна на морето.

Уште едно место коешто вреди да се спомене е малата паралелна улица на Шеталиштето, која тргнува од центарот на Ница, почнувајќи од Плоштадот Масена (Place Masséna) и продолжува паралелно со Шеталиштето во правец на аеродромот, на кратко растојание од околу 4 блокови. Овој дел од градот е наречен “Пешачка Зона” (Zone Pietonne). Забраната за автомобили овозможува помирна околина. Туристите овде можат да најдат првокласен избор на ресторани, специјализирани за кујната на Ница и многу други странски кујни. Исто така има голем избор на кафетерии каде може да се испие еспресо или да се избере од многуте специјалитети од кафиња, сладоледи и десерти, гледајќи го градот како поминува. Многубројни се и малите продавници за облека, чевли и сувенири.

Другите квартови ги вклучуваат: • Château (Замок)

• Споменикот на мртвите (Monument aux morts)

• Пристаништето

• Пазарот Салеја (Cours Saleya)

• Ботаничката Градина (Jardin botanique de la Ville de Nice)

• Музејот Масена (Musée Masséna)

• Цветниот пазар (Marché aux fleurs)

• Стариот Град (Vieux Nice)

• Гранд Хотел Имеријал (Grand Hôtel Imérial)

• Тврдината Монт Албан (Fort du Mont-Alban)

[уреди] Плоштади

[уреди] Плоштад Масена

Плоштадот Масена (Place Masséna) е главниот плоштад во градот. Пред реката Павијон да биде прекриена, единствениот практичен пат меѓу стариот и новиот град е мостот Понт Неф. На тој начин плоштадот бил поделен на два дела (Северен и Јужен) и во 1824 год. Со рушењето на Казиното Масена во 1979 год., плоштадот Масена станал попросторен и помалку збиен, и сега е ограничен со црвени окер згради од италијанската архитектура.

Скорешното обновување на трамвајските шини го врати плоштадот на пешаците, враќајки го својот статус на вистински медитерански плоштад. Од својата изградба, плоштадот Масена секогаш претставувал место за големи јавни случувања. Се користи за концерти, и посебно за време на летните фестивали, карневалот во фебруари, воената поворка на 14ти јули (Денот на Бастиља) и други традиционални прослави и банкети.

Плоштадот Масена се наоѓа на две минути пешачење од Promenade des Anglais, стариот град, центарот на градот и градината Алберт I. Исто така претставува голема раскрсница помеѓу повеќе главни улици во градот: авенија Жан Медецин, (avenue Jean Médecin), авенија Феликс Фор (avenue Félix Faure), булевар Жан Жоре (boulevard Jean Jaurès), авенија Вердун (avenue Verdun) и улига Џиофредо (rue Gioffredo).

[уреди] Плоштад Гарибалди

Плоштадот Гарибалди (Place Garibaldi) исто така се истакнува со својата архитектура и историја. Тој е именуван по Џузепе Гарибалди (Guiseppe Garibaldi), херој на италијанското единство (роден во Ница во 1807 год. кога Ница била дел од Наполеонската Империја, пред повторно да се врати на Кралството на Пиемонт-Сардинија). Плоштадот е изграден на крајот од 18тиот век и служел како влезна порта во градот и крај на патот за Турин (Торино, Италија). Помеѓу 1780 и 1870 имал повеќе имиња (Plaça Pairoulièra, Place de la République, Place Napoléon, Place d'Armes, Place Saint-Augustin, Piazza Vittorio) и конечно во септември 1870 год. го добива името Place Garibaldi.

На средина на плоштадот стои статуа на Гарибалди, кој жестоко се борел за обединувањето на Ница со Италија. Скорешното обновување на просторот за да се прилагоди на новите трамвајски шини, им го даде скоро целиот плоштад на пешаците. Архитектурата е според Торинскиот модел, кој преставувал норма за урбаното обновување низ целата област на Куќата на Савој.

Тој е раскрсница помеѓу стариот град (Vieux Nice) и центарот на градот. Плоштадот Гарибалди е блиску до источните квартови на Ница, пристаништето Лимпијаи трговскиот центар ТNL. Исто така, овој плоштад е спој на повеќе важни улици: булеварот Жан Жоре (boulevard Jean Jaurès), авенијата на Републиката (avenue de la Réplublique), улицата Касини (rue Cassini) и улицата Катерин-Сегуран (rue Catherine-Ségurane).

[уреди] Плоштад Розети

Целосно затворен и создаден за пешаци, овој плоштад се наоѓа во срцето на стариот град. Со типични згради во црвена и окер боја кои го опкружуваат плоштадот, катедралата Сент-Репарат (cathédrale Sainte-Réparate) и фонтаната во центарот, плоштадот Розети е место кое мора да се види во стариот град. Преку ден, плоштадот е претрупан со терасите на традиционалните ресторани и најдобрите продавачи на сладолед. Преку ноќ, околината радикално се менува, туристи и млади луѓе се собираат на плоштадот, каде музиката ѕуни на ѕидовите на малиот плоштад. Ноќното осветлување на плоштадот му дава магичен изглед.

Плоштадот Розети (Place Rosseti) се наоѓа во центарот на стариот град, меѓу улиците Jesus, Rossetti, Mascoïnat и стариот мост (Pont-vieux ).

[уреди] Пазарот Салеја

Во минатото тој припаѓал на повисоките класи. Тоа е веројатно најтрадиционалниот кварт во градот, со неговиот дневен цветен пазар. Пазарот Салеја (Cours Saleya) исто така излегува на Палатата на Кралевите на Сардинија (Palais des Rois Sardes). Денес, овој “двор” е главно место за забава. Тука можат да се најдат добри ресторани со типична кујна на Ница, продавници и многу пабови. Тоа е без сомнение едно од најактивните места во Ница.

Тој е сместен паралелно на кејот (Quai des Etats-Unis).

[уреди] Плоштад на Палатата

Како што најавува името, овој плоштад се наоѓа каде што е сместена Судската Палата (Palais de Justice) на Ница. На овој плоштад се наоѓа и Палатата Руска (Palais Rusca) која исто така припаѓа во областа на судството.

Плоштадот е знаменит и по присуството на градскиот часовник. Денес, плоштадот на Палатата живее и дење и ноќе. Посебно го ценат младите кои се собираат на скалите кои водат кон Судската Палата, често со алкохол во рака. Ова место не е голем бар под отворено небо, иако концертите, анимациите и други настани се доста чести.

Плоштадот се наоѓа на пола пат помеѓу пазарот Салеја и плоштадот Масена.

[уреди] Религиозни

• катедрала Sainte-Réparate, 17ти век

• црква Saint-Jacques, 17ти век

• православна катедрала Saint-Nicolas

• Notre Dame de Nice

• црква Sainte Jeane d’Arc, 20ти век

[уреди] Спорт и забава

• стадион- Stade du Ray

• стадион- Stade Charles-Ehrmann

• палата- Palais Nikaia

• Ница Џез Фестивал

[уреди] Демографија

Според проценките на Државниот Институт за Статистика и Економски Науки (фр.: INSEE), населението на Ница на 1ви јануари 2005 год. броело 347,900 жители. Според тоа, Ница е петтиот по големина град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуз. Агломерацијата на Ница, дефинирана од страна на INSEE, е дом на 888,784 жители (петта најнаселена во Франција), а урбаната површина брои 933,080 жители, што ја прави шеста по големина во Франција.

Градот доживеа голем демографски подем во втората половина на 19тиот век, период кога населението се зголеми за повеќе од половина, главно за време на француската имиграција. На почетокот на 20тиот век, овој подем се интензивира со доаѓањето на внатрешни имигранти од самото Грофовство на Ница.

По Првата Светска Војна, градот имал голем пораст на населението. Имиграцијата повторно е причина за овој пораст. Хотелската и градежничката индустрија, со полни сили во 1920тите год., сè повеќе и повеќе го привлекувале светот и на тој начин и овозможиле на Ница да стане град од државно значење. Во 1921 год., Ница станува единаесеттиот најгусто населен град во Франција, потоа, во 1931 год. осми, пред да се пласира на шестото место во 1946год.; потоа градот го достигнува сегашното демографско ниво благодарение на доаѓањето на 600,000 жители вклучувајќи француски државјани од Алжир.

Од 1970тите год., бројот на жители не е значајно сменет; релативната висока миграција во Ница се компензира со негативниот пораст на населението. Ница има висок размер на постари жители.

Моментално, населението на Ница повторно е во раст, а причината за тоа е предноста на климата. Се предвидува дека во 2008 год. Ница ќе брои 360,000 жители, а во 2012 год., 370,000.

[уреди] Опсерваторија на Ница

Опсерваторијата на Ница (Observatoire de Nice) се наоѓа на врвот на Монт Грос (Mont Gros). Оваа опсерваторија е зачната во 1879 год. од страна на банкарот Raphaël Bischoffsheim. Архитектот бил Шарл Гарние (Charles Garnier), а Густав Ајфел (Gustave Eiffel) го дизајнирал главниот свод.

Рефракторниот телескоп од 76 цм кој станал употреблив во 1888 год., во тоа време бил најголемиот телескоп во светот. Тој е надминат една година подоцна со рефракторот од 91 цм во Опсерваторијата Лик.

Како научна институција, Опсерваторијата на Ница повеќе не постои. Во 1988 год. таа прераснува во Центарот за геодинамика и астрометрија (CERGA) за да ја формира Опсерваторијата на Азурниот Брег (Observatoire de la Côte d’Azur).

[уреди] Култура

Ница е една од најстарите човечки населби во светот. Близу Ница се наоѓа Тера Амата, археолошки предел кој датира од раната палеолошка доба. Ница е основана од античките грци. Исто така, близу Ница се наоѓал и еден независен романски град, каде што сега се наоѓа ридот на Симие. Тоа е археолошки предел со богатства, од кои е ископан само мал дел. Ископаниот предел вклучува термални бањи, арени и романски патишта.

Уште од вториот век, светлото на градот привлекувало многу познати сликари како Chagall, Matisse, Niki de Saint Phalle и Arman, и инспирирал многу артисти и интелектулаци во различни земји (Berlioz, Nietzsche, Rossini…).

Ница исто така има повеќе разновидни музеи: Музејот Шагал, Музејот Матиз, Музејот на ликовна уметност, Музејот на наивни уметности, Музејот Тера Амата, Музејот на азијска уметност, Музејот на модерна и современа уметност, кој оддава доста простор на познатата “школа на Ница”, Музејот на природна историја, Музејот Масена, Поморскиот Музеј, итн.

Како место за одмор, Ница е домаќин на многу фестивали низ целата година, како Карневалот на Ница и Ница Џез Фестивал.

Ница има впечатлива култура која се должи на нејзината уникатна историја. Локалниот јазик “Нисард” (Niçard) e Окситански (Occitan) дијалект (иако некои научници се расправаат дека е Лигуриски дијалект). Тој е сѐ уште зборуван од страна на малцинствата. Силните италијански и (во помала мера) корзиканските влијанија го прават појасен од другите Провансалски (Provençal) дијалекти.

Ница има неколку локални јадења. Едно од нив е колач со кромид и сардела, наречен Pissaladière. Socca е вид на палачинка направена од брашно од леблебија. Ница исто така е позната по супата bouillabaisse и други различни рибни супи; сушен бакалар (Stoquefiche); Farcis niçois, јадење направено од зеленчуци полнети со трошки од леб; и салата (salade niçoise) од домати со зелени пиперки, варени јајца, туна или сардела и маслинки.

Во минатото, Ница пречекувала многу имигранти од Италија, (кои продолжиле да го составуваат размерот на населението), како и шпански и португалски имигранти. Сепак, во последните неколку декади имиграцијата е отворена да вклучи имигранти од целиот свет, посебно оние од поранешните Северни и Западни Афрички колонии, како и од Јужноисточна Азија. Традицијата е сѐ уште жива, посебно во фолклорната музика и танците. Најпопуларниот танц е фарандола (farandole).

[уреди] Гастрономија

Кујната на Ница е блиска до онаа од Прованс и користи локални состојки (маслиново масло, сардела, овошје и зеленчук), но исто така и од подалечните области, посебно од Северна Европа, бидејќи бродовите кои доаѓале по маслиново масло биле полни со продукти за јадење. На тој начин може да се најдат специјалитети како јадења во кои се употребува сушен бакалар.

Локалното месо доаѓа од соседните долини, како на пример од овците на Систерон. Локалните риби, како барбун, морска ластовица, сардела, итн., се употребуваат во голема мера, толкава мера што од тоа произлегла и една поговорка: “рибите се раѓаат во море а умираат во масло”. Нормално, ова се однесува на маслиновото масло кое се прави на ридовите на Ница. Навистина, морската храна е обично доста почитувана во деликатната и здрава кујна на Ница.

Примерите од специјалитетите на кујната на Ница вклучуваат:

• Beignets de fleurs de courgettes

• Ratatouille

• Pichade

• Pissaladière

• Pan-bagnat

• Socca

• Soupe au pistou

• Tourte de blettes

• Daube

• Farcis

• Bouillabaisse


[уреди] Образование

• University of Nice Sophia Antipolis

• Université Pierre et Marie Curie

• CERAM Sophia Antipolis - ESC Nice

• Institut Eurécom

• IDRAC (Бизнис школа)

• EDHEC (Бизнис школа)

• IPAG (Бизнис школа)

• Villa Arson

• WLE French Language Immersion Program (USD)

Ница е дом на многу основни школи во кои учениците се подготвуваат да влезат во повисоките школи, како на пример Ecole Normale Supérieure.


[уреди] Збратимени градови

Ница е збратимена со:

[уреди] Референци