Лига 1 (Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Лига 1 (француски изговор : [liɡ œ̃]),порано позната како Дивизија 1, а понекогаш се нарекува Ле Шампионат е професионална француска лига на здружение на професионални клубови.Таа е највисокото фудбалско натпреварување во земјата и служи како највисока дивизија во францускиот лигашки систем. Лига 1 е една од двете дивизии кои ја формираат Професионлната лига, а другата е Лига 2 (Втора лига). Во натпреварување со 20 клуба, таа функционира на систем на промовирање и испаѓање со Лига 2. Сезоните траат од август до мај, кога тимовите играат по 38 натпревари се на се вкупно 380 натпревари во една сезона. Повеќето натпревари се играат во сабота или недела, а неколку натпревари се играат навечер во текот на неделата. Натпреварувањето редовно се прекинува последниот викенд пред Божиќ за 2 недели и продолжува во втората недела од Јануари. Лига 1 е една од врвните национални лиги, моментално рангирана петта во Европа, веднаш по англиската Премиер лига, шпанската Ла лига, италијанската Серија-А и германската Бундес лига. Лигата е официјално позната како Лига 1 Оринџ бидејќи е спонзорирана од француската телекомуникациска компанија Оринџ. Liga 1 беше формирана на 11ти Септември, 1932 година под името “Насионал” пред да се преименува во Дивизија 1 по едногодишно постоење. Ова име се користеше сѐ до 2002 година пред да се преименува во нејзиното сегашно име. Моментални шампиони се Марсеј, кои ја освоија нивната деветта титула во сезоната 2009-2010. Со титулата, Марсеј стави крај на историската суша, со тоа што последната титула ја освоија во сезоната 1991-92. Лига 1 се смета за компетентно раководена, со добар план на закажани натпревари, исполнети правила кои постојано се почитуваат, навремено решавање на проблемите и соодветни акселациони процедури за судски спорови со национални или интернационални институции. Лигата се соочи со три значајни корупциски скандали во нејзината историја (Антиб во 1933, Ред стар во 1950-те и Марсеј во 1993) и ја сочува нејзината репутација со брза и соодветно строга казна за обвинетата страна.

Историјат[уреди]

Основање[уреди]

Пред 1930 година, во францускиот фудбал не постоеше професионализам. Во Јули 1930, Националниот совет на француската фудбалска федерација гласаше со 128-20 за поддршка на професионализам во францускиот фудбал. Основачи на професионализмот во францускиот фудбал се Џорж Бајро,Емануел Гамбардеља и Габриел Ано. Во 1932 година професионализмот беше официјално имплементиран. Со цел успешно да создаде професионална лига во земјата,Федерацијата ја ограничи лигата на 20 клуба. Со цел да се учествува во натпреварувањето, клубовите се подложни на три важни критериуми: • Новиот клуб мора да имал позитивни резултати во минатото. • Новиот клуб мора да одвои доволно средства за да ги балансира своите финансии. • Новиот клуб мора да биде во можност да регрутира најмалку осум професионални играчи. Многу од клубовите не се согласуваа со субјективните критериуми, особено Стразбур, РК Рубе, Амјен СЦ и Стад Франсе, додека другите како Рен и Олимпик Лилуа се колебаа да станат професионални од повеќе причини, најмногу заради стравот од банкрот со Рен и конфликтот на интереси со овој клуб, бидејќи претседателот на клубот Анри Жури исто така, беше претседател на Лига Север. Стравувајќи дека неговата лига ќе пропадне Жури предложи таа да биде втора дивизија на новата лига. На крајот,многу клубови се здобија со професионален статус, и покрај тоа што стана уште потешко да се убедат клубовите од северот, Стразбур, РК Рубе и Амјен, кои што сеуште одбиваа да ја прифатат новата лига, иако Милуз, Екселзиор АС Рубе, Мец и Фив го прифатија професионализмот. Од друга страна, клубовите од југот на Франција како Олимпик Марсеј, Ијер, СО Монпеље, СЦ Ним, Кан, Антиб и Ница беа огромни подржувачи на новата лига и го прифатија нивниот професионален статус без приговори.

Формирање[уреди]

Премиерната сезона на сите професионални лиги, наречена Насионал, се одржа во 1932-1933. 20-те премиерни члена на Насионал беа: Антиб, СА Париз, Кан, Клуб Франсе, Екселзиор АЦ Рубе, Фив, Ијер, Марсеј, Мец, Милуз, Ница, Ним, Олимпик Але, Олимпик Лилуа, Расинг Клуб д Франс, Ред Стар Олимпик, Рен, Сошо, Сет, и СО Монпеље. 20-те клуба беа поделени во две групи од 10 тима, каде последните три тима на дното од секоја група испаѓаа во Втората лига (Дивизија 2).Првопласираните од двете групи потоа се соочуваат во финален натпревар на неутрален терен, што подоцна се одржуваше на Стад Олимпик Ив-ду-Маноар. На 14ти Мај, 1933 е одржано првото финале во кое се сретнаа победникот од групата А Олимпик Лилуа против второпласираниот од групата Б, Кан. Антиб, победникот од групата Б, требаше да учествува во финалето, но беше осомничен за поткуп од Француската Фудбалска Федерација и беше дисквалификуван. Во првото финале, Лилуа беа крунисани како први шампиони по победата од 4-3. По крајот на сезоната, лигата одлучи да ги задржи 14-те клуба и да не промовира други клубови од втората лига. Исто така, лигата одлучи да го смени нејзиното име од Насионал во само Дивизија 1. За сезоната 1934-35, лигата организираше легитимен систем на промоција и испаѓање, со што вкупниот број на клубови во првата дивизија изнесуваше 16 клуба. Овој број остана сѐ до сезоната 1938-39.

Заради Втората Светска Војна, француската Влада го суспендираше фудбалот и Професионалната лига, иако нејзините клубови продолжија да играат во регионалните натпреварувања. За време на “воените првенства”, како што се нарекуваат, Повисокиот режим, го укина професионализмот и клубовите беа принудени да учествуваат во регионалните лиги, означени како Зона Југ и Зона Север. Заради нездружувањето со двете лиги, ЛФП и ФФФ не го признаваат првенството освоено од клубовите и како таква сезоната 1939-1945 е непостоечка според гледиштата на двете организации. По завршувањето на војната и ослободувањето на Франција, професионалниот фудбал се врати во Франција. Првата дивизија го зголеми бројот на клубови на 18. Овој број остана се до сезоната 1965-66 кога бројот беше зголемен на 20. Во 2002 година, лигата го смени своето име од Дивизија 1 во Лига 1.

Натпреварувачки формат[уреди]

Лига 1 има 20 клуба. Во текот на сезоната, обично од Август до Мај, секој клуб игра двапати со останатите клубови, еднаш на домашен терен и еднаш на теренот на противникот, вкупно 38 натпревари, иако во посебни околности на клубот може да му се дозволи да биде домаќин на друг терен, како во 2007 и 2008 кога Лил го пречека Лион на Стад д’ Франс. Тимовите освојуваат три бода за победа и еден бод за нерешено. Не се добиваат бодови за пораз. Тимовите се рангирани по вкупно освоени бодови, гол-разлика, и потоа број на постигнати голови.На крајот од секоја сезона, клубот со најмногу бодови се прогласува за шампион. Ако бројот на бодови е еднаков, гол-разликата, или бројот на постигнати голови го определуваат шампионот. Ако сеуште се израмнети, се смета дека тимовите ја заземаат истата позиција. Ако се израмнети за шампионската титула, за испаѓање или за обезбедување пласман во друго натпреварување, пласманот се одредува со плеј-оф натпревар на неутрален терен. Трите најслабо пласирани тимови испаѓаат во Втората лига, додека најдобро пласираните тимови од Втората лига го заземаат нивното место. Претходно,во лигата се користеше друг формат за промовирање и испаѓање на клубовите. Пред 1995 година, форматот на лигата беше директно испаѓање на последнопласираните два тима и плеј-оф помеѓу последно пласираниот и победникот од плејоф мечевите во втората дивизија, слично на холандската Ередивиси и германската Бундеслига. Лигата исто така експериментираше и со правилото на бонус. Од 1973 до 1976 година,правилото ги наградуваше со еден екстра бод тимовите кои ќе постигнат три или повеќе голови на еден натпревар без оглед на крајниот резултат, се со цел да поттикне офанзивна игра. Ова искуство се покажа како неубедливо. На стартот од сезоната 2006-2007, лигата воведе “Табела на напаѓачка игра” со цел да поттикне постигнување на повеќе голови во Лига 1 и Лига 2. ЛФП, со помош на поранешниот менаџер Мишел Идалго, ја воведе идејата за наградување на оние тимови кои ќе постигнат најмногу голови. Табелата беше слична со првичната идеја, но беше независна од официјалната лигашка табела и клубовите беа единствено наградувани со парични бонуси.

Европски квалификации[уреди]

Во моментов, како што е определено со коефициентот на УЕФА, трите најдобро пласирани тимови во Лига 1 обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони, од кои првите две обезбедуваат директен пласман во групната фаза. Третопласираниот тим влегува во последното квалификациско коло. Четвртопласираниот тим се пласира во УЕФА Лигата на Европа. Останатите две места за Лигата на Европа се утврдуваат преку двата домашни куп натпревари, Купот на Франција и Лига купот. Ако обата куп победника се пласираат во Европа со нивната позиција во лигата, петто и шестто пласираните тимови во Лига 1 ќе се пласираат во Лигата на Европа. На лигата исто така може да и се додели место преку УЕФА фер-плеј рангирање. Лигата користи фер-плеј табела за да го одреди победничкиот клуб, доколку Франција е победничка нација врз основа на фер-плеј рангирањето.

Критики[уреди]

Потпирање на одбраната[уреди]

Многу надворешни гледачи на Лига 1 ја критикуваа лигата за нејзиното преголемо потпирање на одбраната, што доведе до тоа натпреварите да бидат помалку интересни. Во текот на последната деценија, Лига 1 редовно имаше во просек најмал број на голови по натпревар помеѓу најдобрите 5 лиги во Европа,со најмал број поени во текот на сезоната 2005-2006, со 2.1 гола по натпревар, во споредба со Бундес лигата која имаше просек од 2.81 гола по натпревар истата сезона. Во Премиер лигата таа сезона просекот беше 2.48 по натпревар. Се смета дека клубовите во Лига 1 играат претерано дефанзивен фудбал во кои многу од клубовите користат играч од средниот ред кој е носител на играта, во некои клубови и по двајца. Оваа позиција на некој начин стана столб во лигата, со неколку играчи кои ја заземаа оваа позиција, како што се Клод Макелеле, Алу Диара, Блез Матуди, Рио Мавуба и Фредерик Томас служејќи како прв избор за капитен во нивниот клуб.

Доминација на Лион[уреди]

Со почетокот на сезоната 2001-2002, Олимпик Лион ја започна рекордната серија од седум последователни титули. Првите титули на Лион во лигата беа често оспорувани, меѓутоа, сезоната 2005-2006 Лион ја зграби титулата со неверојатни 15 бодови разлика. Следната сезона,тие ја освоија лигата со 17 бодови разлика, осигурувајќи ја титулата неколку натпревари однапред. Лион, исто така беше успешен и во Европа и под претседателство на Жан Мишел Ола усвои стратегија која што им овозможи да се здобијат со многу од врвните играчи од другите клубови. Стратегијата му се исплатеше на Лион, особено со потпишувањето со играчи како што се, Мишел Есиен, Флорен Малуда, Ерик Абидал, Себастиен Скилачи, Ким Калстром и Жереми Тулалан меѓу другите. Како резултат на доминацијата која доведе до недостаток на конкуренција во лигата, правејќи ја здодевна и предвидлива со само Марсеј, Монако, Лил и Бордо предизвикувајќи ги седумкратните шампиони за време на нивното водство. Доминацијата на Лион заврши во текот на сезоната 2008-2009, кога тие беа надминати не само од Бордо, туку и од Марсеј кој стана вицешампион. Сезоната 2009-2010 во Лига 1 сведочеше за зголемена конкурентност во лигата, откако Лион беше предизвикан не само од етаблираните клубови како Бордо, Марсеј (крајниот победник) и Лил, туку исто така од помали клубови како што се Монпелие и Осер.

Неуспех во европските напреварувања[уреди]

Од создавањето на Европскиот Куп (сега Лига на шампиони) во 1955, иронично делумно должејќи се на францускиот спортски новинар Габриел Ано, само еден француски клуб го има освоено натпреварувањето, Марсеј во 1992-93. Заедно со Париз Сен Жермен (Купот на победници на купови во 1996) тие се единствените француски клубови кои некогаш освоиле европско натпреварување. Овој рекорд е значително инфериорен во однос на пониско рангираните лиги во Европа како што се холандската Ердивиси или португалската Лига. Неуспехот во Европскиот куп започна во раните фази на натпреварувањето кога моќниот француски клуб Стад д’ Рем загуби од Реал Мадрид во воведното финале. Три години подоцна, Рем се врати во финалето каде што одново загуби од Реал Мадрид. Тоа траеше скоро две децении пред друга француска екипа да се појави во финалето на Европскиот Куп. Династискиот клуб Сент-Етјен влезе во финалето на купот во 1976, но загуби 1-0 од германскиот гигант Баерн Минхен. Иако Сент-Етјен беа поразени, клубот го врати францускиот фудбал повторно во центарот на вниманието, кој заспа во Европа откако му беше опаднал статусот на Рем. Во натпреварувањето на патот до финалето, Сент-Етјен ги победи европските гиганти Ренџерс, Динамо Киев и ПСВ Ејндховен. По успехот на Сент-Етјен, клубот влезе во сушен период, што резултираше со неуспех на француските клубови да се етаблираат во Европа. Во текот на 1980-тата, Бордо го постигна најголемиот успех во земјата во декадата обезбедувајќи пласман во полуфиналето во текот на 1984-85. Француски клуб конечно се врати во финалето на натпреварувањето кога Марсеј, предводен од Жан-Пјер Папен го помина целиот пат до крајниот натпревар пред да загуби на пенали од тогашниот југословенски клуб Црвена Звезда Белград во 1990. Две години подоцна,Марсеј ѝ го донесе на Франција нејзиниот прв европски наслов во Купот кога клубот го освои натпреварувањето, сега наречено Лига на шампиони,победувајќи го италијанскиот клуб Милан со 1-0. Победата беше проследена со контраверзии,откако претседателот на Марсеј Бернар Тапи беше обвинет и осуден за местење на натпреварот по неговиот обид да ги поткупи играчите на Валенсиен да не се залагаат, со цел играчите на Марсеј да не ја трошат нивната енергија за финалниот натпревар од Лигата на шампиони само неколку дена потоа. На Марсеј потоа му беше одземена титулата во првенството, но не и титулата во Лигата на шампиони. И покрај доминацијата на Лион за време на нивниот седумгодишен период на титули во лигата, не успеа да влезе во финалето на Лигата на шампиони или пред 2010 дури и во полуфиналето. Во текот на 2000-тите, Монако,кои предводени од Дидие Дешамп, стигнаа до финалето 2004,го надминаа Лион, но беа поразени од португалкиот тим Порто со 3-0. Најдобриот настап на Лион воопшто во натпреварувањето, пред сезоната 2009-2010, се случи во текот на сезоната 2004-05 , кога тие влегоа во четврт финалето и претрпеа пораз од ПСВ Ејндховен на пенали. Во сезоната 2009-10 во Лигата на шампиони, се намалија критиките за можностите на француските клубови во натпреварувањето по успешните игри на двата тима Бордо и Лион. Бордо,предводен од младиот менаџер Лоран Блан и влијателниот плејмејкер Јоан Гуркуф, завршија непоразени во групната фаза, вклучувајќи ги симпатиите на Баерн Минхен и Јувентус. Лион играше извонредно во групната фаза и беа делумно одговорни за елиминацијата на англискиот клуб Ливерпул откако тие останаа непоразени од нив. Во нокаут фазата, Бордо го победи грчкиот клуб Олимпијакос, додека Лион изненади со елиминација на Реал Мадрид кои требаше да бидат домаќини на финалниот натпревар. По ждрепката на 19ти Март 2010, двата француски клуба беа извлечени да играат еден против друг, што обезбеди пласман на еден француски клуб во полуфиналето. Лион победи со вкупни 3-2 во двомеч

Финансии[уреди]

Финансиите и буџетите на клубовите во Лига 1 се управувани од страна на ДНЦГ, организација одговорна за надгледување на сметките на асоцијацијата на професионални клубови во Франција. Основана е во 1984 и таа претставува управен одбор на професионалната фудбалска лига. Задачата на ДНЦГ е да ги надгледува сите финансиски операции на 44 клуба членки на ЛФП, да ги развива ресурсите на професионалните клубови, да спроведува санкции до оние клубови кои ги прекршуваат правилата на функциноирање да го брани моралот и интересите на францускиот фудбал во целина. По извештајот од страна на ДНЦГ, беше одлучено дека вкупниот буџет на клубовите во Лига 1 беше 910 милиони евра за сезоната 2005-2006, 39% зголемување од сезоната 2002-03. Истакнатата причина за растот главно се поврзува со договорите за телевизиски права кои лигата редовно ги склучува. Со исклучок на Париз Сен Жермен, многу од најдобро рангираните клубови во лигата како Оксер, Бордо, Лил и Лион се доста стабилни и се наведува нивното раководење до перфекција. Сепак, ДНЦГ неодамна ги охрабри клубовите да се концентрираат на ограничување на нивните “астрономски плати и големината на нивните долгови”,откако беше откриено дека вкупните сметки на клубовите во ЛФП се во минус во две последователни сезони (2008-09 и 2009-10) со проценет дефицит од 100 милиони евра. [3][4] Во однос на приходите на клубовите ЛФП е петторангирана со 0.6 милијарди за сезоната 2006-07 заостанувајќи зад Англија, Италија, Шпанија и Германија. [5] Кога станува збор за светскиот фудбал, клубовите Лион и Марсеј се едни од најбогатите клубови во светот. Клубовите редовно учествуваат во Дилојт Фудбал Мани Лигата, што е рангирање на фудбалски клубови кои остваруваат приходи преку фудбалски операции. На најновата листа што беше спроведена за сезоната 2008-09, Лион беше 13-то рангиран меѓу клубовите со остварување од приближно 139.6 милиони евра, додека Марсеј беа веднаш зад нив на 14-та позиција со остварување од 133.2 милиони евра.

Клубови[уреди]

Вкупно 73 клуба играле во Лига 1 од нејзиното формирање во сезоната 1932-33 до крајот на сезоната 2008-2009. [7] Во моментов, Марсеј, Ница, Рен и Сошо се единствените клубови основачи кои играат во Лига 1. Париз Сен Жермен, Оксер и Арле-Авињон се единствените клубови кои не испаднале од лигата заради недоволни поени, при што Париз Сен-Жармен заработија пласман во првата дивизија во сезоаната 1974-75 и оттогаш не паднале надолу. Оксер го имаа своето прво деби во лигата 6 години подоцна и сеуште не испаднале, додека Арле-Нувињон ќе го има своето деби во лигата во сезоната 2010-2011. Париз Сен Жермен испадна административно од лигата по неговата поделба од Париз ФЦ во 1972.

Членови за 2010–11[уреди]

Медиумска покриеност[уреди]

Франција[уреди]

Во Франција, ЛФП има ексклузивен договор за емитување со премиум каналите Канал+ и Оринџ. Договорот, склучен на 2 Февруари 2008 ќе и плати на ЛФП 668 милиони евра за четири сезони. Канал+ на почетокот беа колебливи да го склучат договорот, поради критиките поврзани со Лига 1(види погоре) и одлуката на лигата да ги подели ТВ правата во 12 пакети, што се сметаше за контроверзно во некои кругови и мисловно во други каде што е дозволено помалите радиодифузери, како што се Оринџ и СФР, да пренесуваат одредени натпревари. [8] По објавувањето на договорот, беше откриено дека Канал+ емитува девет од дванаесетте пакети, додека Оринџ ги поседува останатите. Преземањата на Оринџ вклучуваат емитување на лига натпреварите на мобилен, услуга за нарачување, и еден премиум пакет. Канал+ стекна два од премиум пакетите, што ги вклучува сите дерби мечеви кои се емитуваат во недела навечер. Канал+ исто така се стекна со пакетот што дозволува онлајн пренесување на натпреварите во Лига 1. Услугата за емитување на Канал+, Фут Плус, беше претставена на стартот на сезоната 2008-09.

Други земји[уреди]

Во повеќето земји, како Канада и на афричкиот континент, Лига 1 е достапна на ирскиот синџир на канали Сетанта Спортс. Во Шпанија лигата се емитува на Гол ТВ. Во европските земји како Швајцарија и Полска лигата се емитува на сестринските канали на Канал+. Во Холандија, Лига 1 порано се емитуваше на сестрински канал на Канал+. Каналот подоцна беше откупен од Либерти Глобал и сега лигата се емитува на Спорт 1. Исто така,Спорт 1 ги пренесува натпреварите од Лига 1 во Унгарија и Романија.Во повеќето северно, источно и централно европски земји, Лига 1 се емитува на Виасат Спорт, Спорт Клуб или Нова Спорт. Сепак, во Албанија, Данска, Исланд, Русија и Украина Лига 1 се емитува на нивните локални спортски медиуми. Во Бразил наплатниот канал Спорттв ги емитува натпреварите од лигата. Во Индонезија натпреварите се емитуваат на ТВР1. Во САД Лига 1 е достапна на ТВ5Монд и Фокс Сокер Плус, додека во Мексико лигата се емитува на Телевиса Депортес како и на ТВ5Монд со пет натпревари неделно,три натпревари во директен пренос и две снимки. На 1ви Април 2010, ЛФП објави дека лигата склучила мулти-милионски договор за пренесување на натпреварите со италијанскиот канал Спортиталиа. Каналот ќе ги пренесува натпреварите од Лига 1 во наредните две години почнувајќи од сезоната 2010-11. Спортиталиа ке пренесува четири натпревари во живо неделно и исто така ке го емитува и прегледот на неделата. [10] Сличен договор беше склучен една недела подоцна со телекомуникациската компанија ПЦЦВ од Хонг Конг која ќе ги пренесува натпреварите од Лига 1 во регионот во наредните две сезони. [11]

Награди[уреди]

Сегашниот трофеј во Лига 1, Лексагоал, бил осмислен од ЛФП, а креиран и создаден од француско-аргентинскиот уметник Пабло Реиносо. Трофејот му се доделува на шампионот на Франција од крајот на сезоната 2006-07, заменувајќи го претходниот трофеј во Лига 1 кој постоеше само пет години.Името Лексагоал, е добиено на официјално натпреварување организирано од ЛФП и францускиот ТВ Канал ТФ1 за да се избере име за новиот трофеј. Над 9000 предлози беа испратени, за да на 20ти Мај 2007,членот на Француската Фудбалска Федерација, Фредерик Тирие, објави дека според онлајн гласањето терминот Лексагоал добил половина од гласовите. Првиот клуб кој ја имаше честа да го подигне новиот трофеј беше Олимпик Лион по освојувањето на сезоната 2007-08.

Месечни и годишни[уреди]

Главни статии: Фудбалски трофеи на УНФП and УНФП Играч на месецот

Во прилог на трофејот на победникот и индивидуалните медали за играчите, Лига 1 ја доделува и наградата Играч на месецот. Во текот на сезоната, се одржуваат наградите на УНФП и се доделуваат наградите за играч на годината, менаџер на годината и млад играч на годината од двете лиги.

Најдобрите фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херзговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија