Јужноафриканска Република

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јужна Африка)
Скокни на: содржини, барај
ЈАР пренасочува тука. За други значења видете ЈАР (појаснување).
Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете Јужна Африка (регион). За други значења, видете Јужна Африка (појаснување).
Грб на Јужна Африка
Грб
Гесло!ke e: ǀxarra ǁke  (ǀксам)
„Единство во разноликоста“ (буквално „Различни народи, обединете се“)
ХимнаНационална химна на Јужна Африка
Главен град Преторија (извршен)
Блумфонтејн (правен)
Кејптаун (легислативен)
Најголем град Јоханесбург (2006) [1]
Службен јазик африканс
англиски
јужен ндебеле
северен сото
јужен сото
свази
цонга
тсвана
венда
кхоса
зулу
Народности  79,5% црнци
9,2% белци
8,9% обоени
2,5% азијати
Демоним Јужноафриканец
Уредување Уставна демократија
 -  Претседател Џејкоб Зума
 -  Заменик претседател Кхалима Мотланте
 -  Претседавач на НСнП М. Ј. Малангу
 -  Спикер на народното собрание Макс Сисулу
 -  Шеф на правдата Пиус Ланга
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Унија 31 мај 1910 
 -  Вестминстерски статус 11 декември 1931 
 -  Република 31 мај 1961 
Површина
 -  Вкупна 1.221.037 km2 (25та)
471.445 sq mi 
 -  Вода (%) Занемарливо
Население
 -  проценка за 2008 47.900.000[2] (25та)
 -  Попис 2001 44.819.778[3] 
 -  Густина 39/km2 (170та)
101/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $492,684 милијарди[4] 
 -  По жител $10.119[4] 
БДП (номинално) проценка за 2008
 -  Вкупно $300,4 милијарди[4] 
 -  По жител $5.693[4] 
Џини (2000) 57,8 (висок
ИЧР (2007) 0,674  (среден) (121ва)
Валута Ранд (ZAR)
Часовен појас SAST (UTC+2)
Се вози на лево
НИД .za
Повик. бр. 27

Јужноафриканската Република, нарекувана уште и Јужна Африка, е република лоцирана на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население надвор од Азија, како и најбројна Обоена (од мешано европско и африканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка.

Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.

Содржина

[уреди] Етимологија

[уреди] Историја

Територијата на денешната Јужноафриканска Република била населена уште од најраните времиња. Во оваа земја денеска се наоѓа еден од најстарите археолошки локалитети на светот.[5][6][7] Остатоци од австралопитек (Australopithecus africanus) биле пронајдени кај Таунг и во пештерите Стеркфонтејн, Кромдраи и Макапансгат, од кое произлегува дека овде имало живот пред околу 3 милиони години. [8]Во времето на миграциите си, племето Банту ја преминале реката Лимпопо и ја населиле територијата на денешната држава. Главно занимање на населението било земјоделството и сточарството. Племињата кои претходно живееле на овие простори околу 20.000 години биле или протерани или асимилирани.

Во 1487 година, португалецот Бартоломео Дијас бил првиот европеец кој престигнал на ова подрачје. Во 1497 година, Васко де Гама пловел околу територијата на земјата, покрај Јужна Африка кон својот пат за Индија. Областа на исток од земјата ја нарекол Натал, бидејќи неговата експедиција овде престојувала за време на Божик. Сепак почетокот на новата историја на Јужна Африка денеска се препишува на калвинистот Јан ван Рибек. На 6 април 1652 година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од Европа кон југоисточна Азија. Кон втората половина на 17 век и почетокот на 18 век, таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на Весткап. Во 1770 година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. Холандија довеле голеа број на робови од Индонезија, Мадагаскар и Индија. Во почетокот на 1743 година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови често пати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50% од вкупното население на Западната Капска провинција.

Велика Британија врз областа зазела целосна контрола во 1795 година. Бидејќи веќе имала свои колонии во Австралија и Индија, Велика Британија сакала Кејптаун да го користи како трговска станица за долгите патувања. Сепак, според Амбиенскиот мировен договор од 1802 година, Британија морала да ја врати територијата на Холандија, но во 1806 година тие повторно ја зазеле и повторно основале колонија, главно поради банкрот на Холандската источноиндиска копмпанија. На почетокот од 19 век, племето Зулу успеало да ги прошири своите територии. Во 1833 година, британската влада го забранила ропството, по кое следувале голем број на конфликти. Во тој период била основана Јужноафриканската република. Октривањето на дијамантот во 1867 година и златото во 1884 година на овие подрачја, дополнително придонело за економски развој и имиграција. Секојдневните конфликти доведувале до постојани војни помеѓу европското население и домородците. Следувале т.н. Бурски војни. Во Првата бурска војна (1880-1881) местното население забележило определени резултати, но во Втората бурска војна (1899-1902) сепак Британија била поуспешна.

По крајот на војните, во 1910 година бил основан Јужноафрикански сојуз од четирите колонии Натал, Трансвал, Фристејт и Капската колонија. Во 1934 година станало обединувањето на британската јужноафриканска партија со бурската национална партија во т.н. Обединета партија чија главна цел била помирувањето на белото и црното население. Тој сојуз се распаднал во 1939 година. По крајот на Втората светска војна, белото население успеало да ја зачува својата власт. Во втората половина на 20 век започнала војна помеѓу истите страни. Во 1976 година, органите на редот убиле 176 црни демонстранти и студенти. Но по големите притисоци од светската јавност, сепак во 1994 година се одржиле првите избори на кои Африканскиот нациопнален конгрес победил убедливо и од тогаш сѐ уште е на власт. Нелсон Мандела станал првиот црн претседател на земјата, кој во 1993 година добил нобелова наградаза мир.

[уреди] Географија и клима

[уреди] Политички систем

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

[уреди] Население, јазик и религија

Според последниот попис одржан во 2007 година, населението на Јужноафриканска Република изнесува 43 997 828 луѓе. Следуваат статистички податоци за старисната структура на населението:

(2001)

  • од 0 до 14 години: 32.1% (мажи 7 170 000; жени 7 210 000)
  • од 15 до 64 години: 63% (мажи 18 000 000; жени 14 740 000)
  • од 65: 4.9% (мажи 800 000; жени 1 390 000)

(2009)

  • од 0 до 14 години: 28.9% (мажи 7 093 328; жени 7 061 579)
  • од 15 до 64 години: 65.8% (мажи 16 275 424; жени 15 984 181)
  • од 65: 5.4% (мажи 1 075 117; жени 1 562 860)

Во земјата се користат 11 официјални јазици: африканс, ндебеле, кхоса, зулу, свази, сото, сото, тсвана, цонга, венда, кхоса и зулу.

Карта на деветте провинции во Јужноафриканската Република.

Јужноафриканската Република е поделена во девет провинции:

  1. Западен Кејп¹ (Кејптаун)
  2. Северен Кејп (Кимберли)
  3. Источен Кејп (Бишо)
  4. Натал (Питермарицбург²)
  5. Фристејт (Блумфонтејн)
  6. Северозападот (Мафекинг)
  7. Гаутенг (Јоханесбург)
  8. Мпумаланга (Нелспруит)
  9. Лимпопо (Полокване)

¹: Принц Едвардовите Острови се јужноафриканска територија која се смета за дел од Западниот Кејп.

²: Питермарицбург и Улунди биле два главни града на Натал од 1994 до 2004 година.

[уреди] Култура

[уреди] Музика

[уреди] Спорт

[уреди] Наводи

  1. Principal Agglomerations of the World at www.citypopulation.de (англиски)
  2. „Mid-year population estimates, South Africa: 2007“. Statistics South Africa. 2007 -07-03. стр. pp. 3. http://www.statssa.gov.za/PublicationsHTML/P03022007/html/P03022007.html. проверено на 2008-07-07. 
  3. „Пописот од 2001 накратко“. http://www.statssa.gov.za/census01/html/default.asp. проверено на 2008-07-07. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Јужна Африка“. ММФ. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=199&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=53&pr.y=2. проверено на 2009-04-22. 
  5. Wymer, John; Singer, R (1982). „The Middle Stone Age at Klasies River Mouth in South Africa“. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226761037. 
  6. Deacon, HJ (2001). „Guide to Klasies River“. Stellenbosch University. стр. 11. http://academic.sun.ac.za/archaeology/KRguide2001.PDF. проверено на 2009-09-05. 
  7. „Fossil Hominid Sites of Sterkfontein, Swartkrans, Kromdraai, and Environs“. http://whc.unesco.org/en/list/915. 
  8. Stephen P. Broker. „Hominid Evolution“. Yale-New Haven Teachers Institute. http://www.yale.edu/ynhti/curriculum/units/1979/6/79.06.02.x.html. проверено на 2008-06-19. 

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

SouthAfricaNumbered.png Покраини во ЈАР SouthAfricaNumbered.png
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици