Сомалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Сомалија
Jamhuuriyadda Soomaaliya
جمهورية الصومال
Jumhūriyyat as-Sūmāl
Знаме Грб
ХимнаSoomaaliyeey Toosoow
Сомалија, Разбуди се
Главен град
(и најголем)
Могадишу
2°02′ СГШ 45°21′ ИГД / 
Службен јазик Сомалиски, Арапски
Народности  Сомалијци (85%), Бенадири, Банту и други кои не се Сомалијци (15%)
Демоним Сомалиец
Уредување Коалициска влада
 -  Претседател Шариф Ахмед
 -  Премиер Омар Абдирашид Али Шармарк
 -  Претседател на собранието Шариф Хасан Шеик Аден
Површина
 -  Вкупна 637.661 км2 (41st)
 -  Вода (%) 1.6
Население
 -  проценка за  9,133,000 

Сомалија е држава во Источна Африка. Се граничи со Кенија на југозапад, со Етиопија на запад, со Џибути на североисток. На север излегува на Аденскиот Залив, а на исток - на Индискиот Океан. Главен град е Могадишу.

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Cомалија за време на колонијализмот беше поделена помеѓу Велика Британија под чие власништво беше северниот дел на земјата, и Италија на која и припаѓаше остатокот од земјата. Северниот дел се осамостои на 26.јуни 1960, а на 1. јули 1960 се обединија двата дела на Сомалија. Првиот претседател на независна Сомалија стана Аден Абдулах Осман Дар, а Абдирашид Али Шермарке премиер. Во текот на 1967 Мохамед Ибрахим Егал стана премиер во владата на Аден Абдулахи Осман. Егал подоцна беше избран за претседател на самопрогласениот Сомалиленд.

При крајот на 1969 година воена влада ја презема власта по убиството на Шермарке, кој беше избран и служеше како претседател, од 1967 до 1969 година. Мохамед Сиад Баре стана претседател после пучот од 1969 година. револуционерните воени лидери кои ги предводеше Баре, организираа големи јавни работни програми. Тие исто така успешно ја зголемија писменоста во урбаните и руралните краеви од 5% на 55% до средината на ’80 години од минатиот век.

Граѓанската војна трае во Сомалија со прекини од 1977 до 1991 година. Бунтовничките сили, кои ги предводеше Мохамед Фарах Аидид, водич на Обединетиот сомалиски конгрес, ја прогонија владата на Баре. Истата година северниот дел на земјата прогласува независност како Сомалиленд, кој е де факто независен и релативно стабилен во однос на бурниот југ, Сомалиленд не го признава ниедна странска влада.

Со почетокот на 1993, двогодишните напори од страна на Обединетите нации го намалија гладот во земјата. Обединетите нации се повлекоа во Операцијата Обединет штит, претрпувајќи големи губитоци.

Уште една сецесија во Сомалија се одигра во североисточниот регион. Самопрокламираната држава го зеде името Пунтленд.

Трета сецесија се случи во 1988. со прогласувањето на државата Јубаленд. Територијата на Јубаленд денес ја опкружува државата Југозападна Сомалија, и нејзиниот статус е нејасен.

Четвртиот самопрокламиран ентитет, предводен од Раханвејската армија на отпорот, е воспоставен во 1999.

Сомалија е една од многуте земји кои беа погодени од цунами, кој следеше после земјотресот во Индискиот океан 2004. година.

Во текот на 2006. Унија на исламските судови, нова фракција во граѓанската војна, зазема голем дел од јужна Сомалија. Во декември истата година Етиопија покренува Војна во Сомалија која во рок од неколку недели ја ослободува територијата од Исламистите.

Географија[уреди]

Сомалискиот брег е долг 2700 km. Северниот дел на Сомалија е ридест со надморска височина од 1000 до 2000 m, а средишните и јужните делови се рамни. Реките Јуба и Шебели извираат во Етиопија и се влеваат во Индискиот океан

Климата е одбележана со високи температури во текот на целата година. Максимална средна дневна температура е од 30 до 40 °C, освен на висините и долж источниот брег, средната дневна максимална температура се движи од 15 и 30 °C.

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Официјалните региони во Сомалија:[1]1. Долна Џуба, 2. Средна Џуба, 3. Гедо, 4. Беј, 5. Бакул, 6. Долно Шабеле, 7. Банадир, 8. Средно Шабеле, 9. Хиран, 10. Галгудуд, 11. Мудуг, 12. Нугал, 13. Бари, 14. Сул, 15. Санаг, 16. Тогдер, 17. Вокуји Галбид, 18. Авдал

Сомалија е официјално поделена на 118 административни региони („гоболи“),[1] кои потоа се делат на окрузи.

Фактичката ситуација е поинаква од правната. Северот на Сомалија денес е поделен помеѓу автономните региони Пунтленд (себеси се смета за автономна сојузна држава) и Сомалиленд (самопрогласена, но непризнаена суверена држава). Во средна Сомалија, јужно од Пунтлент е сместена и регионалната целина Галмудуг. (погл. Сојузни држави и региони во Сомалија)[1]

Список на региони[уреди]

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

За афричка земја Сомалија е невообичаено етнички хомогена; скоро 85% од населението го чинат етнички Сомалијци кои се, поделени во многу кланови. 85% од населението на земјата се Сомалијци[1], а останатите се арапи, белуџи итн. Граѓанската војна во земјата во 90-тите довело до зголемување на сомалијската дијаспора во Европа, Африка и Блискиот Исток.[2].

Официјален јазик во земјата е сомалискиот јазик[3] .

Со многу мали исклучоци, Сомалијциte се скоро сите муслимани од кои мнозинството се пропадници на сунитскиот ислам. Уставот на Сомалија го дефинира исламот како религија на целата ребублика, а исламскиот шеријат како основен извор на националното законодавство. [4]Христијанството претставува малцинска религија во земјата, со околу 1.000 верници.[5]Во земјата постои само една епархија, која се наоѓа во престолнината Могадишу. Според еден податок, во земјата постојат околу 100 католички епарси[6]

Стопанство[уреди]

Поради недостатокот на државна контрола сомалиското стопанство е едно од најлибералните на светот; сепак, Сомалија е една од најсиромашните светски земаји: социјалниот, здравствениот и образовниот систем готово и да не постојат. Мнозинството од населението се занимава со номадско сточарство. Занимливо е дека Сомалија поради немањето државна регулатива има еден од најпропулзивните телекомуникациони сектори во регијата. Од валутите, највеќе се користи американскиот долар. Нема средишна национална банка па некои фирми и властодршци штампаат сопствени пари.

БДП за 2004. е проценет на 600 УСД по жител (мерено по ППП).

Култура[уреди]

Музика[уреди]

Спорт[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Сомалија“. „Светска книга на факти“. ЦИА. 14 мај 2009. архивирано од оригиналот на 10 јуни 2009. http://web.archive.org/web/20090610115003/https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/SO.html. конс. 31 мај 2009.  (англиски)
  2. Somali DiasporaInner City Press
  3. According to article 7 of The Transitional Federal Charter of the Somali Republic: The official languages of the Somali Republic shall be Somali (Maay and Maxaatiri) and Arabic. The second languages of the Transitional Federal Government shall be English and Italian.
  4. The Transitional Federal Charter of the Somali Republic, Article 8, p.6.
  5. Almost expunged: Somalia's Embattled Christians“, 22 октомври 2009 (конс. 22 октомври 2009).
  6. David M. Cheney. „Catholic Church in Somalia“. Catholic-hierarchy.org. http://www.catholic-hierarchy.org/diocese/dmgds.html. конс. 27 јуни 2010.