Демократска Република Конго
- Не ја поистоветувајте оваа држава со Република Конго. За други значења видете Конго.
| Демократска Република Конго
République Démocratique du Congo
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: Justice – Paix – Travail (француски) "Правда – Мир – Работа" |
||||||
| Главен град | Киншаса 4°19′S 15°19′E / 4.317°S 15.317°E |
|||||
| Најголем град | главниот град | |||||
| Службен јазик | француски | |||||
| Признаени регионални јазици | лингала, конгоански/китуба, свахили, чилуба | |||||
| Демоним | конгоанец | |||||
| Уредување | полупретседателски систем | |||||
| - | Претседател | Џозеф Кабила | ||||
| - | Премиер | Адолф Музито | ||||
| Независност | ||||||
| - | од Белгија | 30 јуни 1960 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 2.344.858 km2 (12-та) 905.355 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 3.3 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2007 ООН | 62,600,000 (21-ва) | ||||
| - | Густина | 25/km2 (188-ма) 65/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $20.639 милијарди[1] | ||||
| - | По жител | $328[1] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $11.589 милијарди[1] | ||||
| - | По жител | $184[1] | ||||
| ИЧР (2008) | ▼ 0.361 (низок) (177-ма) | |||||
| Валута | Конгоански франк (CDF) |
|||||
| Часовен појас | WAT, CAT (UTC+1 до +2) | |||||
| - | (ЛСВ) | н/п (UTC+1 to +2) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .cd | |||||
| Повик. бр. | 243 | |||||
Демократска Република Конго (поранешен Заир) е држава во Екваторијална Африка. Зафаќа огромна површина од околу 2,345,000 км2. Главен град е Киншаса. Независна е од 1960 година. Населението се состои од различни племиња на Банту црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмеи. Религијата е христијанство, муслиманство, анимизам и тотемизам. Службен јазик е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, килубе, лингала и киконго.
Содржина |
[уреди] Етимологија
[уреди] Историја
Територијата на денешната Демократска Република Конго била населена уште од најрани времиња. Во текот на 5 век, на овие простори живееле племето банту. Во 14 век, овде опстојувало Кралство Конго чии територии се простирале недалеку од денешната република, како едно од најголемите краства во тоа време на овие простори. Во 1482 година на бреговите на земјата престигнале првите португалски морепловци и трговци. Тие, благодарение на трговијата со робови успеале да ја намалат улогата на кралството. Односите помеѓу португалците и домородците биле на почетокот пријателски. Кралството Конго го прифатила христијанството како официјална религија. Кралство Конго својата моќ ја изгубил во текот на 17 век, кога избувнала граѓанска војна. Ова најмногу го искористиле европските најголеми сили, Велика Британија и Холандија. Англичанецот Хенри Мортон Стенли бил првиот европски граѓанин кој ја истражувал територијата на денешен Конго. Неговата намера била нормално, Конго да стане дел од Британската империја, но сепак на почетокот британската влада не покажала голем интерес за ова подрачје.
Во текот на 19 век, по експедицијата на Дејвид Ливингстон, започнало колонизирањето на Централна Африка од страна на европските големи сили. Белгискиот крал бил фасциниран од колонијалното освојување на земјата, за разлика од белгиската јавност. Белгискиот крал Леополд II од Белгија склучил договор со локалните владетели за размена, со кое дополнително се здобил со територии по текот на река Конго. На Берлинската конференција од 1884-1885 година, тие територии формално биле признаени за белгиски. Во следните години, населението било брутално експлоатирано за целите на Белгија. Во 1908 година, белгискиот крал бил принуден да се откаже од владеењето на овие простори. Во времето на белгиската контрола, името на земјата било Независна држава Конго (État indépendant du Congo), а по 1908 година Белгиски Конго. (Congo belge). Во времето на белгиската ера од историјата на Конго, исто така било воведено и основното и средното образование, а училиштата биле организирани од страна на црквата. Била подобрена инфраструктурата на земјата, изградени голем број на патишта, пруги, рудници, болници и.т.н.
Во 1960 година избувнале големи немири, кои резултирале со давањето нанезависност на земјата на 30 јули 1960 година. Белгија ја дала независноста. Сепак, повлекувањето на колонијалната администрација и капитал, негативно се одразило врз економијата на новата република, позната под името Заир. За прв претседател на земјата бил избран Жозеф Касавубу (1910-1969). Во следните години следувале голем број на воени и државни удари и преврати. Во 1965 година, на чело на земјата застанал Жозеф Мобуту, кој добил голема подршка од европските земји. Сепак, неговата диктатура многу бргу довела до ново разочарување кај народот. Од власта тој бил симнат во 1997 година. Следната 1998 година започнала граѓанска војна. Во војната биле вовлечени и соседите Руанда и Уганда.
[уреди] Географија и клима
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
[уреди] Етнички состав
Според податоци од 2007 година, населението на Демократска Република Конго изнесува 65 890 551 луѓе. Според некои проценки на Обединетите нации од 2007 година, населението на земјата е околу 62.600.000 луѓе, за разлика од периодот на војната во земјата, кога бројот изнесувал околу 46.700.000 луѓе од 1997 година. Како и во повеќето африкански земји, така и во ДР Конго живеат огромен број на етнички групи, од кои околу 250 се идентифицирани. Населението се состои од различни племиња на Банту црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмеи. Пигмеите бројат околу 600.000 луѓе, кои живеат обично во џунглите.[2]
Со оглед на ситуацијата во земјата и на состојбата на државните структури, многу тешко можат да се добијат веродостојни податоци за и околу самата миграција на населението во земјата. Самата имиграција населението е различна по природа. Голем дел од истите се бегаци кои во земјата бараат азил. Покрај тоа, голем број на луѓе доаѓаат во земјата како работници во рудниците во земјата. Транзитната миграција кон Јужна Африка и Европа, исто така, има голема улога. Имиграцијата во ДР Конго постепено се намалувала во последните две децении, најверојатно како резултат на вооруженото насилство кое го доживеа земјата. Според податоците на Меѓународната организација за миграции, бројот на имигранти во ДР Конго дошле над 1 милион во 1960 година, 754.000 во 1990 година, 480.000 во 2005 година, 445.000 во 2010 година. Сепак валидни бројки и податоци не се достапни, кое делумно се должи на неформалната економија во земјата.[3]Бројките за бројот на државјани на Конго кои живеат во странство многу се разликуваат во зависност од изворот, од 3 до 6 милиони луѓе. Ова несовпаѓање се должи на недостиг на официјални и сигурни податоци. Се проценува дека поголемиот дел од нив сепак остануваат на африканска територија, но има такви кои заминуваат за Европа, главно во Франција. Според податоци пак од 2004 година на УНХЦР, земјата прифатила повече од 460.000 бегалци од Конго.[3]
[уреди] Религија
| Религија во Демократската Република Конго | ||||
|---|---|---|---|---|
| религија | процент | |||
| Римокатоличка црква | 55% | |||
| Протестантство | 35% | |||
| Ислам | 5% | |||
| Анимизам | 2.4% | |||
| Бахаизам | 0.4% | |||
| Хиндуизам | 0.2% | |||
| Друѓи | 1.2% | |||
Христијанството енајголема религија во земјата, проследена со околу 90% од вкупниот број на верници. Од нив, околу 55% се римокатолици, а околу 35% протестанти.[4]Освен тоа, се проценува дека околу 2.000.000 верници се следбеници на учењето на Вилијам Бренхам. Голем дел од протестантските деноминации се обединети под капата на Христовата црква на Конго. Често пати, оваа црква се нарекува во земјата само како Протестантска црква, бидејќи таа опфаќа повеќе од 35% од сите протестанти во земјата.
Исламот во Демократската Република Конго го следат околу 10% од вкупниот број на верници.[5][6] Останатиот процент е на хиндуистите, анимистите и атеистите.
[уреди] Јазик
Во земјата се зборуваат вкупно 242 јазици. Официјален јазик во ДР Конго е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, килубе, лингала и киконго.
[уреди] Култура
[уреди] Музика
[уреди] Спорт
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Democratic Republic of the Congo“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=636&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=58&pr.y=13. проверено на 2009-04-22.
- ↑ "Pygmies want UN tribunal to address cannibalism". Smh.com.au. May 23, 2003.
- ↑ 3,0 3,1 „Migration en République Démocratique du Congo: Profil national 2009“. International Organization for Migration. 2009. http://publications.iom.int/bookstore/index.php?main_page=product_info&cPath=41_42&products_id=592. проверено на 2010-08-17
- ↑ Religiously Remapped - Mapping Religious Trends In Africa - Dataset of Religious Affiliations
- ↑ CIA - The World Factbook
- ↑ Congo, Democratic Republic of the
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||||||||||||||||||||||||||

