Источна Африка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Источна Африка.
Карта на Источна Африка според ООН.

Географска положба[уреди]

Источна Африка лежи на територијата спрема Индискиот Океан. Ги опфаќа пределите на Етиопската и Езерската Висорамнина. Етиопските Планини достигнуваат до околу 4 500 м.н.в., а планините на Езерската висорамнина се издигнуваат дан 5 000м. Такви се планините килимаџаро, Кенија и Рувензори. Во приморските делови на Кенија и Сомалија се наоѓаат поголеми низински територии. Иточна Африка на југ се простира до вододелницата на реката Замбези, а на запад приближно до источната вододелница на реката Конго. има развиен буен животински и растителен свет, претставен со густи шуми - прашуми, високи треви - савани, и разновидни тревопасни и месојадни животни.

Население и Стопанство[уреди]

Во државите во Источна Африка претежно живее население од белата и од црната раса. Главно занимање се земјоделството и сточарството. Најмногу се одгледуваат кафе, памук, жита, шеќерна трска, банани, ананас и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат овци, кози и говеда. Од рудните богатства се застапени бакар, злато, олово, дијаманти, волфрам, железо и др. Најразвиени гранки се прехрамбената, дрвната, хемиската, драгежната и металната индустрија. Државите во Источна Африка се уште се со статус недоволно развиени земји и земји во развој. Поразвиени се државите Танзанија и Кенија.

Дефинирање на регионот[уреди]

Источна Африка ги опфаќа следниве држави:


Според шемата на ООН, источна АФрика се состои од 19 територии:[1]

Египет и Судан се сместени во североисточниот дел на континентот, но обично се сметаат за дел од северна Африка.[8]

Демографија[уреди]

Демографската слика на Источна Африка изгледа вака:

држава население доминантна
религија
 % од вкупното
население
официјален јазик најголема етничка група
 Еритреја 5,291,370[9] Христијанство[10] 64%[10] нема[11] Тигриња (~60%)
 Етиопија 75.1 милиони (2006)[12] Христијанство[13] 62.8%[13] амхарски јазик[14] оромски јазик (34.49%)[13]
 Џибути 818,159 [15] Ислам[16] 94%[16] француски и арапски јазик[16] Сомалијци (60%)[16]
 Сомалија 10,085,638[17] Ислам[17] апсолутно мнозинство сомалиски и арапски јазик[18] Сомалијци (85%)[17]
 Јужен Судан 8,260,490 (попис 2008) Христијанство н.п англиски нема мнозинство, но најголеми се Динка (15 %) и Нуери (10%)
 Кенија 43,013,341[19] Христијанство[20] 83%[20] англиски и свахили[21] нема мнозински народ. Најголем народ се Кикујуанците со 22% [19]
 Бурунди 8,053,574 (2008 [22]) Христијанство[23] 75%[23] рунди и англиски Хутуанци (85%)[24]
 Руанда 8,162,715 (2002[25]) Христијанство[26] 98.2% [26] руанда, англиски, француски[26] Хутуанци (84%)[26]
 Уганда 35,873,253[27] Христијанство[27] 83.9%[27] англиски[27] нема мнозински народ. Најголем народ се Баганѓаните со 16.9%[27]
 Танзанија 43,188,000 (2010[28]) Христијанство 62%[29] свахили и англиски[30] нема мнозински народ[30]

Јазици[уреди]

Во земјите од регионот се нашироко се застапени англискиот и францускиот. Најкористен јазик е свахили. Во Етиопија се говори претежно локалниот амхарски јазик. Во југоисточна Африка е мошне застапен португалскиот.

Поврзано[уреди]

Портал „Африка

Наводи[уреди]

  1. Одделение за статистика на ООН - Стандардни класификации на земјите и подрачните кодови (англиски)
  2. ООН не го смета Сомалиленд за дел од регионот бидејќи не е признаен како независна држава.
  3. Robert Stock, Africa South of the Sahara, Second Edition: A Geographical Interpretation, (The Guilford Press: 2004), стр. 26
  4. IRIN Африка (англиски)
  5. Michael Hodd, East Africa Handbook, VII изд, (Passport Books: 2002), стр. 21: "To the north are the countries of the Horn of Africa comprising Ethiopia, Eritrea, Djibouti and Somalia."
  6. Encyclopaedia Britannica, inc, Jacob E. Safra, The New Encyclopaedia Britannica, (Encyclopaedia Britannica: 2002), стр. 61: „Северната планинска област наречена Африкански Рог ги опфаќа земјите Џибути, Етиопија, Еритреја и Сомалија.“
  7. Sandra Fullerton Joireman, Institutional Change in the Horn of Africa, (Universal-Publishers: 1997), стр. 1: „Африканскиот Рог ги опфаќа земјите Етиопија, Еритреја, Џибути и Сомалија. Овие земји имаат слично население, јазици и географско окружување.“
  8. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/eg.html#Geo
  9. Попис во Еритреја од 2008.
  10. 10,0 10,1 „Религија во Еритреја“ (на англиски). http://www9.georgetown.edu/faculty/bh297/HsuEritrea.pdf. конс. 14 април 2012. 
  11. „Constitution of the State of Eritrea“. Shaebia.org. http://www.shaebia.org/constitution.html#CHAP1_. конс. 2 мај 2010. 
  12. Diercke Landerlexicon, 1983
  13. 13,0 13,1 13,2 „Ethiopia: A Model Nation of Minorities“ (на англиски). http://bxabeg.people.wm.edu/Ethiopia.Census%20Portrait.pdf. конс. 14 април 2012. 
  14. „Ethiopian Constitution“. „Article 5 Ethiopian constitution“. APAP. http://www.apapeth.org/Documents/EthiopianLaws.html. конс. 3 декември 2011. 
  15. Попис во Џибути од 2009.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 „CIA World Factbook (2010) – Djibouti“. Cia.gov. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/dj.html. конс. 27 април 2011. 
  17. 17,0 17,1 17,2 „CIA World Factbook (2010) – Somalia“ (на англиски). cia.gov. 2010. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/so.html. конс. 14 април 2012. 
  18. According to article 7 of The Transitional Federal Charter of the Somali Republic: The official languages of the Somali Republic shall be Somali (Maay and Maxaatiri) and Arabic. The second languages of the Transitional Federal Government shall be English and Italian.
  19. 19,0 19,1 CIA World Factbook (2010) – Kenya
  20. 20,0 20,1 2009 POPULATION & HOUSING CENSUS RESULTS. Wycliffe Ambetsa Oparanya, Minister of State for Planning, National Development and Vision 2030. knbs.or.ke 31 August, 2010
  21. Constitution (2009) Art. 7[National, official and other languages] "(1) The national language of the Republic is Kiswahili. (2) The official languages of the Republic are Kiswahili and English. (3) The State shall–-–- (a) promote and protect the diversity of language of the people of Kenya; and (b) promote the development and use of indigenous languages, Kenyan Sign language, Braille and other communication formats and technologies accessible to persons with disabilities.
  22. 3rd general census (2008)
  23. 23,0 23,1 U.S. Department of State
  24. Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, ix.
  25. National Census Service (February 2003). „The General Census of Population and Housing, Rwanda“. http://www.grandslacs.net/doc/2816.pdf. конс. 16 февруари 2012. 
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 CIA World Factbook (2010) – Rwanda
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 CIA World Factbook (2010) – Uganda
  28. Tanzania in Figures 2010
  29. U.S. Department of State (26 октомври 2009). „International Religious Freedom Report 2009: Tanzania“. „United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2009/127259.htm. конс. 5 октомври 2010.  This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
  30. 30,0 30,1 CIA World Factbook (2010) – Tanzania