Јужна Европа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужна Европа.

Јужна Европа во најголемиот дел дефиниции, се користи да ги означи „сите држави на југот на Европа“. Меѓутоа, концептот, во различни времиња, имал различни значења, обезбедувајќи дополнителен политички, лингвистички и културен контекст на дефиницијата во прилог на типичниот географски, фитогеографски или климатски пристап. Повеќето држави според дефиницијата на Обединетите Нации за границата на Јужна Европа се граничат со Средоземното Море. Исклучоци се Португалија, која единствена има брег на Атлантскиот Океан, Србија и Македонија, кои се без излез на море и Бугарија, која излегува на Црното Море.

Географска дефиниција[уреди]

Политичка карта на Јужна Европа.

Географски, јужна Европа е јужната половина на континентална Европа. Оваа дефиниција е релативно, со нејасни граници.

Држави, кои географски се сметаат како дел од Јужна Европа се:

Пиринејски Полуостров[уреди]

Апенински Полуостров[уреди]

Балкански Полуостров[уреди]

Други[уреди]

Геошема на Обединетите Нации[уреди]

Јужна Европа дефинирана според Обединети Нации

За својата службена работа и публикации, Организацијата на Обединетите Нации ги групирала државите под класификација на региони. Јужна Европа, како што е дефинирана од Обединетите Нации (подрегиони според ОН), се состои од следниве држави и територии:[1]

Во 2009, живееле 163.865.210 луѓе во Јужна Европа, со просечна густина на население од 74 жители по километар квадратен:[1]

Јужна Европа:[1]
Држава Површина
(км²)
Население
(2010 проц.)
Густина на население
(по км²)
Главен град
Албанија Албанија 28.748 3.695.000 111,1 Тирана
Андора Андора 467,63 84.082 179,8 Андора ла Велја
Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 51.129 4.613.414 90,2 Сараево
Хрватска Хрватска 56.594 4.489.409 81 Загреб
Гибралтар Гибралтар (Обединето Кралство) 6,8 29.431 4.328 Гибралтар
Грција Грција 131.990 11.295.002 85,3 Атина
Италија Италија 301.338 60.418.711 200,5 Рим
Македонија Македонија 25.713 2.114.550 82,2 Скопје
Малта Малта 316 412.966 1.306,8 Валета
Црна Гора Црна Гора 13.812 672.181 50 Подгорица
Португалија Португалија 92.090 11.317.192 114 Лисабон
Сан Марино Сан Марино 61,2 31.716 501 Сан Марино (град)
Србија Србија 88.361 7.306.677 107,46 Белград
Словенија Словенија 20.273 2.054.199 99,6 Љубљана
Шпанија Шпанија 504.030 46.030.109 93 Мадрид
Ватикан Ватикан 0,44 826 1877 Ватикан
Вкупно 1.338.694 163.865.210 74,05

Климатска дефиниција[уреди]

Земјите со средоземноморска клима.

Најзначајна клима во Јужна Европа е средоземноморската клима, која се одликува со суви и топли лета и благи и врнежливи зими. Сувите и топли лета се резултат на влијанието на сувиот и топлиот воздух, кој преку летото се шири од Африка над Средоземното Море во Јужна Европа. Температурите на воздухот достигнуваат од околу 40°С, со најмногу сончеви часови во Европа. Благите и врнежливи зими се резултат на влијанијата на западните ветрови кои доаѓаат од Атлантскиот Океан и носат врнежи претежно од дожд. Просечното годишно количество врнежи изнесува околу 700мм. Со навлегувањето во внатрешноста на континеталните територии, особено во внатрешноста на Пиринејскиот и на Балканскиот Полуостров, средоземноморската клима трпи континентални влијанија и се карактеризира како изменето медитеранска клима со жешки лета и постудени зими, така што температурите се спуштаат и под 0°С. Во континенталните делови, во зависност од оддалеченоста на марињата и релјефните одлики на просторот е присутна и умерено континетална клима, а во зависност од надморската височина на планинските масиви се чувствува типична планинска клима со релативно пониски температури и поголеми количества врнежи од дожд, со присуство на снежни врнежи. Оние области со средоземноморска клима имаат слична вегетација и пејзажи, па така можете да видите суви ридови, мали рамнини, борови шуми и маслинови дрвја.

Области, кои се сметаат климатски дека припаѓаат на Јужна Европа се:

Вегетација[уреди]

Средоземноморските одлики на климата во Јужна Европа, релјефните карактерискити и долините на поголем број реки ги условиле карактеристиките на вегетацијата. Токму затоа во Јужна Европа се зборува за средоземноморска или медитеранска вегетација. Таа е приспособена на долгите и сушни лета со поразвиен коренов систем, листови кои излачуваат восочни материи за спречување на испарувањето, задебелени листови и трнливи израстоци, а поради благите зими листовите се зелени. Најкарактеристични претставници се зимзелениот даб-пинар, борот и кипарисот, потоа ловорот, рузмаринот и разни зимзелени грмушести растенија кои со едно име се нарекуваат макија. Во Јужна Европа, особено во непосредните приморски делови, најзначајна медитеранка култура е маслинката. Таа е типично растение што е развиено само во медитеранскиот регион. Се одликува со вековна и милениумска старост. Во внатрешноста на континенталните простори се среќаваат и типични листопадни и мешани шумски дрвенести растенија како што се дабот, буката, габерот, борот, елата, смреката итн. Во низините и по долините на речните текови се развиени многубројни тревни растителни видови и разни културни (житни, градинарски, индустриски) растенија, винова лоза и сл. Во повисоките делови на планините, над шумската граница од 1 800м се наоѓаат високи планински пасишта и камењари.

Стопанство и туризам[уреди]

Стопанството во Јужна Европа, заради неодстаток на миерални суровини (особено железо) и енергетски извори, постојано заостанува зад стопанствата во другите делови на Европа. Голем дел од работната сила во 19 и 20 век емигрирала во делови на Северна, Средна и Западна Европа и во Америка. Дел од повратната имиграција пренесува искуства и отвора сопствени стопански капацитети. Со вклучувањето на државите од Јужна Европа во Европската унија нивниот стопански развој е значително забрзан. Ова особено важи за приморските делови кои имаат голем број пристаништа во кои се развиени поморската трговија и преработката на увезени суровини. Одредени индустриски средишта во внатрешноста на државите се, исто така, развиени. Такви примери се Мадрид во Шпанија, Милано и Торонто во Италија, така што разликите помеѓу развиените и неразвиените подрачја се помали помеѓу приморските појаси и внатрешноста. Во напредокот на послабо развиените региони голема улога има изградбата на модерни сообраќајници. Денес стопанството во Јужна Европа главно се базира на земјоделството, на индустријата и туризмот.

Земјоделство

Релативно поголемата застапеност на ридско-планински територии со присуство на големи површини под краст во Јужна Европа условиле недостаток на плодни почви, така што во ваквите простори е развиено терасесто земјоделство. Најкарактеристични растенија што се одгледуваат во Јужна Европа се маслинката, портокалот, лимонот, мандарината, смоквата и кивито. Сите тие се распространети во непосредните приморски области на разгранетите брегови на Средоземјете. Покрај наведените, и во приморските делови и во внатрешноста на територијата е распространета виновата лоза(особено во Шпанија и Италија. Во неколкуте низини и по долините на поголемите реки се одгледуваат разновидни житни, индустриски, градинарски и фуражни растенија. Во услови на големо осончување, високи температури и недостигот на врнежи, земјоделството во Јужна Европа многу зависи од системите за наводнување, кои се мошне добро изградени и развиени во Шпанија и во Италија, а нешто помалку во државите на Балканскиот Полуостров.

Индустрија

Во отсуство на богати рудни наоѓалишта, во Јужна Европа индустријата е зависна од увоз на суровини. Токму затоа индустријата е поразвиена во пристанишните градови. Главно се развиени хемиската, текстилната и прехрамбената индустрија. Скоро сите држави во Јужна Европа индустриски се слабо развиени. Исклучок е Италија, која со индустриските капацитети во Ломбардиската Низина, каде што главен центар е Милано, се вбројува меѓу индустриски најразвиените европски држави. Најразвиени се автомобилската индустрија, индустријата за бела техника и текстилната инустрија. Помали развиени идустриски региони има во Шпанија, околу градовите Барселона и Билбао.

Туризам

Недостигот на индрустиски развој се надополнува со поморскиот сообраќај, со транспортот, трговијата и туризмот. Климатските услови, разгранетите брегови, присуството на голем број искориски и археолошки споменици, богатите и разновидни културни традиции се фактори што во Јужна Европа условиле развој на туристичкото стопанство. Изградени се огромен број туристички комплекси со сместувачки капацитети од кои голем број туристи од Европа и од другите континенти секоја година ги исполнуваат во целост, оставајќи и големи средства. Особено привлечни се приморските градови и населби: Валенсија, Барселона, Неапол, Венеција, Дубровник, Атина, СОлун, но и голем број градови во внатрешноста. На планините е развиен и планинскиот летен и зимски туризам, како, на пример на Пиринеите во Шпанија и на Алпите во Италија. Најразвиен турискички промет имаат Шпанија, Италија, Хрватска и Грција, кои располагаат со најдолги брегови линии.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]