Подгорица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Подгорица
Грб на Подгорица Карта на Црна гора, градот е отбележан
Информации
Население: 169 132
Надм. височина:  ? m
Геогр. положба: 42°47' сев. ш.

19°28' ист. д.

UTC: +1
Градоначалник
Миомир Мугоша
Веб саjтот на градот
http://www.podgorica.cg.yu/


Подгорица (поранешни имиња: Титоград и Рибница) е главен град на Црна Гора и административен главен град на Србија и Црна Гора, лоциран во источниот дел од Црна Гора. Според пописот од 2003, овој град има 136.473 жители. Поволната географска положба на Подгорица, како и минувањето на реките Рибница и Морача низ градот се причина за прераснувањето на Подгорица во пријатно место за престој. Градот е сместен на неколку километри од зимските скијачки центри на север, како и во близина на Јадранското Море на југ.

Името Подгорица доаѓа од местоположбата на градот — тој е опколен со планини. Овој град беше познат и како Дукља во предримското и римското време. Во средниот век, името на градот било Рибница, а во периодот од 1945 до 1992 Подгорица се нарекувала Титоград.

Во Подгорица има неколку театри, библиотеки и универзитет.