Микронезија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ова е статија за државата во Океанија. За регионот видете регион Микронезија.
Федерални Држави на Микронезија
Federated States of Micronesia
ГеслоМир Единство Слобода
ХимнаPatriots of Micronesia
Главен град Паликир
6°55′N 158°9′E / 6.917°N 158.15°E / 6.917; 158.15
Најголем град Вено
Службен јазик Англиски (национални; локалните јазици се користат на државно или општинско ниво)
Демоним Микронезиец
Уредување Демократија Федерален Претседателски систем
 -  Претседател Мани Мори
 -  Премиер Алик Л. Алик
Независност од САД 
 -  датум 3 ноември 1986 
Површина
 -  Вкупна 702 km2 (188- ма)
271 sq mi 
Население
 -  проценка за јули 2007 107,862 (181- ва)
 -  Попис 2000 107,000 
 -  Густина 154/km2 (66- та)
399/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2002
 -  Вкупен $277 милиони² (215- та)
 -  По жител $2,000 (180- та)
ИЧР (2003) n/a (не рангирана) (n/a)
Валута Американски Долар (USD)
Часовен појас (UTC+10 и +11)
 -  (ЛСВ) нема податоци (UTC+10 and +11)
НИД .fm
Повик. бр. 691
1 GDP is supplemented by grant aid, averaging around $100 million annually (2002 estimate).
2 2002 estimate.

Федерални Држави на Микронезија е островска нација лоцирана во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Федералните Држави на Микронезија порано биле во склоп на Доверливите Територии на Пацифичките Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Федерални Држави на Микронезија имаат голем број на невработеност, преголемо рибарство и зависност од помошта на САД.

Содржина

[уреди] Историја

Островите биле населени пред четири илјади години. Подоцна се воздигнала Јапската Империја на островот Јап. Нан Мандол, често наречен како Венеција на Пацификот. Тој се наоѓа во близина на Понпеи и бил политички и церемонијален центар на Сауделеурската династија која го обединила Понпеи.

Европските истражувачи, прво Португалците па Шпанците, стигнале на Каролинските Острови во 16 век и се воспоставила шпанска власт на островите. Покасно биле продадени на Германија во 1899, а потоа освоени од Јапонија во 1914 пред да бидат присвоени кон САД за време на Втората светска војна.

[уреди] Географија и клима

Федералните Држави на Микронезија се составени оф 607 острови кои се протегаат на 2.900 километри низ аргипелагот Каролински Острови па до Филипините. Четирите групи на острови на Микронезија се Јап, Чук, Понпеи и Косрае. Четирите држави се претставени со по една ѕвезда на знамето на Микронезија, Главниот град се наоѓа на Понпеи.

Државата има седум официјални јазици: англиски јазик, улитански јазик, јапски јазик, понпеиски јазик, косраески јазик и чукски јазик.

[уреди] Политички систем

Федералните Држави на Микронезија се раководат според уставот од 1979 година, кој гарантира основни човекови права и поделба на власта во државата. Конгресот на државата има 14 членови избрани преку избори. Четири сенатори, по еден од секоја држава, се избрани за четири години, а останатите 10 членови имаат мандат од 2 години. Претседателот и заменик претседателот се избрани од конгресот. Нема формални политички партии во земјата.

[уреди] Економија

Економската активност на државата воглавно се базира на земјоделство и рибарство. Островите имаат малку минерални богатства. Ловот на туна и трговијата со истото се овива со Тајван и Кина од 1990. Потенцијалот за туристичка индистрија постои, но поради недостаток од ангажман не е толку развиен во државата. Микронезија користи американски долари како национална валута.

[уреди] Административна поделба

Карта на Федерални Држави на Микронезија

Четирите држави во федерацијата се:

Знаме Држава Главен град Површина[1] Население[2] Густина на население
Flag of Chuuk Чук Вено 127 km² 53,595 420 per km²
Flag of Kosrae Косрае Тофол 110 km² 7,686 70 per km²
Понпеи Колониа 346 km² 34,486 100 per km²
Flag of Yap Јап Колониа 118 km² 11,241 95 per km²

Овие четири држави се поделени поната во општини.


[уреди] Население, јазик и религија

Староседелското население се од микронезиско потекло и зборуваат различни јазици. Скоро 100% од населението се азијци или Микронезијци, така има: чукци со 48.8%, понпеанци со 24.2%, косраеанци со 6.2%, јапи 5.2%, јапи од надворешните јапски острови со 4.5%, азијци со 1.8%, полинезијци со 1.5%, други 6.4% и непознати со 1.4%. Голем дел од Микронезиците имаат јапонско потекло. Покрај ова има и доселеници од САД, Австралија, Европа и привремени доселеници од Филипините и Кина.

[уреди] Култура во ФД Микронезија

Камена „монета“ на Јап

Државите имаат свои култури и традиции, но исто така има и заеднички културни особини и економски врски што ги поврзувале со векови. Островот Јап е познат по своите камени пари, големи дискови и големи до 4 метри во дијаметар со дупка во средина. Сопствениците не ги носат при купување. Има пет вида: мбул, гау, рај, јар и ренг, последниот е голем до 0.3 метри во дијаметар. Вредноста на парата се базира на големината и историјата на каменот. Некои од нив се пренесени дури од Нова Гвинеја, но повеќето потекнуваат од Палау. Околу 6.500 камени пари има на островот.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Микронезија на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет
Влада
Општи информации


вести
Карти
Патување

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици