Маршалски Острови

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Aolepān Aorōkin M̧ajeļ
Republic of the Marshall Islands
Маршалски Острови
Грб
Гесло"Jepilpilin ke ejukaan" ("Остварување преку здружени сили")
ХимнаForever Marshall Islands
Главен град Маџуро (Делап)
7°7′N 171°4′E / 7.117°N 171.067°E / 7.117; 171.067
Најголем град Маџуро
Службен јазик маршалски, англиски
Демоним Маршалец
Уредување Република
 -  Претседател Кристофер Лоеак
Независност
 -  од САД 21 октомври 1986 
Површина
 -  Вкупна 181 km2 (213-та)
69,8 sq mi 
 -  Вода (%) незначително
Население
 -  проценка за јули 2005 61,963 (205-та)
 -  Попис 2003 56,429 
 -  Густина 326/km2 (28-ма)
846/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2001
 -  Вкупен $115 милиони (220-та)
 -  По жител $2,900 (2005) (195-та)
ИЧР (н/п) н/п (нерангирана) (н/п)
Валута американски долар (USD)
Часовен појас (UTC+12)
НИД .mh
Повик. бр. 692

Маршалските Острови[1] се островска република во Микронезија, Океанија. Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин, а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба.

Главен град е Маџуро, на истоимениот остров. Површината на островот е 181 km², каде што живеат повеќе од околу 60.000 жители. Религијата е христијанска со 97%, а додека остатокот се бахаи со 2%. Официјални јазици се маршалски јазик и англиски јазик.

Содржина

[уреди] Етимологија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Маршалските Острови.

Името на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за прв пат ги документирал островите во 1788 година. На маршалски јазик државата се пишува M̧ajeļ и во македонскиот е влезен преку англискиот јазик, а се среќава и терминот Маршалови Острови.

[уреди] Историја

Печурка од атомска бомба за време на пробите на САД на атолот Бикини.

Иако Маршалските Острови биле населени уште во 2 милениум п.н.е., денес малку податоци имаме за раната историја на државата. Луѓето емигрирале на островите со кануа.

Шпанскиот истражувач Алонсо де Салазар бил првиот европеец кој пристигнал на островите во 1526 година, но тие повторно не биле посетени од европејци сè до доаѓањето на британскиот капетан Џон Чарлс Маршал во 1788. Островите биле именувани според него на англиските карти. Но подоцна островите биле припоени кон Шпанска Океанија. Во 1874 година шпанското владеење врз островите било признато од меѓународната заедница. Во 1884 година островите биле продадени на Германија. Подоцна островите станале дел од Германска Нова Гвинеја.

Во 1979 година, Владата на Маршалските Острови била официјално основана и државата станала самоуправувачка. Во 1986 година Маршалските Островите потпишале договор со САД за слободна соработка со кој САД гарантирал независност и суверенитет на островите. Во 1990 Маршалските Острови станале членка на ООН.

[уреди] Географија и клима

Карта на Маршалските Острови.

Државата се состои од 29 атоли и 5 острови. Најважни се ланецот острови Ратак и Ралик. Ненаселените острови се:

[уреди] Политички систем

Парламентот на Маршалските Острови.

Владата на Маршалските Острови оперира во рамки на парламентарен претседателски систем. Избори во државата се одржуваат секои четири години и луѓето кои имаат над 18 години имаат право на глас. Претседателот е шеф на државата, но и претседател на владата и е избран од 33 сенатори, пратеници во Парламентот на Маршаловите Острови локално наречен „Нитиџела“ или долен дом.

Законодавната власт е во рацете на парламентот, односно долниот дом.Горниот дом, или Советот, е составен од 12 членови. извршната власт е во рацете на претседателот и кабинетот кој е составен од 10 министри назначени од самиот претседател со одобрение на парламентот.

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

Растот н БНП во последните години на државата е 1% поради неефикасност на владата, падот на туризнмот и падот на странски инвестиции во државата.

Даноците во државата се релативно мали. Земјоделството е присутно со мали фарми и државата увезува кокос, домат и лубеници.

[уреди] Население, јазик и религија

Маршалците се микронезиски народ кои мигрирале на островите од Азија. две третини од населението живее на островот Маџуро и во истоимениот град.

Официјални јазици во државата се маршалски јазик и англиски јазик и над 97% од населението се христијани, воглавно протестанти.

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура на Маршалските Острови.

Во државата има два колеџа: Колеџ на Маршалските Острови и Универзитет на Јужен Пацифик.

Иако англискиот е официјален јазик и се зборува насекаде, маршалскиот јазик се користи во владата. Исто така и јапонски јазик се зборува во државата. Маршалците се искусни во морепловство и веслање со кану.

[уреди] Наводи

  1. Правопис на македонскиот јазик, стр. 163, Просветно дело, Скопје, 2007

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Маршалски Острови на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет
Влада
Општо


Вести
Друго

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици