Вануату
| Република Вануату
Ripablik blong Vanuatu (Бислама)
République de Vanuatu (француски) |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: Long God yumi stanap („Со Бог сме“) | ||||||
| Химна: Yumi, Yumi, Yumi („Ние, ние, ние“) |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Порт Вила 17°45′S 168°18′E / 17.75°S 168.3°E |
|||||
| Службен јазик | Бислама, англиски, француски | |||||
| Демоним | Вануатци | |||||
| Уредување | Парламентарна република | |||||
| - | Претседател | Јолу Абил | ||||
| - | Премиер | Сато Килман | ||||
| Независност | од Франција и Британија | |||||
| - | Датум | 30 јули 1980 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 12.190 km2 (161ва) Шаблон:Convert/Numout sq mi |
||||
| Население | ||||||
| - | Попис 2009 | 243,304[1] | ||||
| - | Густина | 19.7/km2 (188та) 51/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2009 | |||||
| - | Вкупен | $1,141 милијарди[2] | ||||
| - | По жител | $4,737[2] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2009 | |||||
| - | Вкупно | $635 милиони[2] | ||||
| - | По жител | $2,635[2] | ||||
| ИЧР (2004) | ▲0.693 (среден) (126та) | |||||
| Валута | Вануатски вату (VUV) |
|||||
| Часовен појас | UTC+11 (UTC+11) | |||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .vu | |||||
| Повик. бр. | 678 | |||||
Република Вануату (фр. République de Vanuatu, Бислама: Ripablik blong Vanuatu) е островска држава лоцирана во јужен Тихи Океан, во Коралско Море (Меланезија). Архипелагот се наоѓа на 1,750 километри источно од Австралија, 500 километри североисточно од француската територија Нова Каледонија, западно од Фиџи и јужно од Соломонските Острови.
Најголеми острови се Еспириту Санто, Малекула и Ефате. Главниот град, Порт Вила, кој брои околу 10.000 жители се наоѓа на Ефате. Во колонијалистичкиот период, ова територија се нарекувала Нови Хебриди, и била под заедничко владение (кондоминиум) на Велика Британија и Франција, се до независноста во 1980 година.
Основната економска дејност е земјоделството - одгледување на кокосови палми, кафе и какао. Се развива и риболовот.
Содржина |
[уреди] Име
До независноста на Вануату, државата и островите биле именувани како Нови Хебриди.
[уреди] Историја
Праисторискиот период на Вануату е сиромашен со информации, но сепак се потврдува теоријата дека австронезиско население се доселило на островите пред 4.000 години.
Првиот остров пронајден од страна на европејците бил островот Еспириту Санто кога во 1606 година португалскиот истражувач Педро Фернандес де Кеирос работел за шпанскиот крал. Европејците не се вратиле сè до 1768 година, кога Луи Антоан де Бугенвил повторно ги посетил островите. Во 1774 година, капетан Кук ги именувал островите како Нови Хебриди, име кое се користело сè до независноста на Вануату.
Долго време островите биле под раководство на Франција и Велика Британија и локалното население било под притисок без никакви права. Со доаѓањето на Американците на островите во 1940-те се подигнал и национализмот на локалното население.
Првата политичка партија во Вануату била во раните 1970-ти години и била наречена Национална партија на Нови Хебриди. Во 1974 година партија била преименувана во „Vanua'aku Pati “ и партијата се изборила за независност и во 1980 година се основала Република Вануату.
[уреди] Географија и клима
Вануату е архипелаг кој се состои од околу 82 релативно мали вулкански острови од кои 65 се населени. Два од овие острови Франција си ги присвојува кон своите прекуокеански територии, поточно кон Нова Каледонија. 14 острови имаат над 100 километри квадратни. Најголем остров е Еспириту Санто.
Копното на Вануату изнесува околу 4.700 километри квадратни. Повеќето од земјата е ридеста, со нестабилна почва и мали количини на свежа вода. Брегот е воглавно карпест. На Вануату има неколку активни вулкани, како што е Лопеви, но има и доста подводни вулкани.
Климата на Вануату е суптропска со околу девет месеци топло време и со дождови. Топлината на водата во Вануату е околу 22 °C во зима и околу 28 °C во лето. Дневната просечна температура е помеѓу 20 °C до 32 °C. Вануату има долги врнежливи сезони со можности за циклони.
[уреди] Политички систем
Вануату е парламентарна демократија на чие чело е претседател кој има церемонијална улога и е избран за мандат од 5 години. Електоратот кој го избира претседателот се членовите на парламентот и претседателите на Регионалните совети. Претседателот може да биде сменет поради неспособност. Премиерот е избран од страна на членовите на парламентот.
[уреди] Административна поделба
Од 1994 година Вануату е поделен на шест покраини. Покраините во Внуату се:
Покраините се автономно единици со свои избрани локални власти познати како покраински совет. Тие собираат локални даноци и создаваат закони, создаваат покраински буџед или вршан некои основни административни работи. Поктраините се поделени на општини, обично една општина е еден остров, предводени од совет и градоначалник.
[уреди] Економија
Економијата е базирана на земјоделството кое овозможува егзистенција за околу 65% од населението. Најмногу се произведува кава и копра. Кавата во моментот на луѓето им донесува многу приходи па така се намалува одгледувањето на копра. Покрај ова населението се занимава и со крајбрежно производство, туризам и сточарство. Рудното богатство е незначително.
БНП на Вануату се зголемил за 3% во 1990-тите. Бидејќи Вануату има многу мали даноци, државата важи за рај за даноци, но другите држави за тоа се жалат. Владата на Вануату се труди да ги зајакне овие даночни обврски, особено на големите крајбрежни центри.
[уреди] Население, јазик и религија
Вануату има население од 221.506 жители. Вануаќаните се мнозинство во државата и сочинуваат 98.5% од населението и остатокот од населението се европејци или мешани меланезиски етнички групи. Три острови од секогаш биле населени со полинезиско население. Околу 2.000 вануаќани живеат и работат во Нова Каледонија.
Во Вануату има три официјални јазици: англиски јазик, француски јазик и бислама јазик. Бислама е пиџин јазик, а додека во урбаните места е креолски јазик и кој вклучува типична меланезиска граматика со англиски зборовен фонд. Тој е единствениот јазик кој може да се разбере како втор јазик. Додатно на овие три јазици се зборуваат уште 113 староседелски јазици.
Христијанството е доминантна религија во Вануату.
[уреди] Култура
Вануатската култура е многу различна поради локалните културни елементи и влијанијата од странските култури. Вануату може да биде поделен на три културни региони. Така има северен централен и јужен културен регион и сите си имаат свои специфичности.
[уреди] Наводи
- ↑ . "Пребројување од пописот на домаќинствата, 2009 г." (PDF). Државна служба за статистика на Вануату. Проверено на 6 јануари 2010.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Вануату“. Меѓународен монетарен фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=846&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=33&pr.y=9. проверено на 21 април 2010.
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Вануату на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада
- Општи информации
- Запис за Вануату во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Вануату на UCB
- Вануату - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Интерактивна карта на Вануату
- Национална канцеларија за туризам на Вануату
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
|
|||||||||||||||||||||||||||||||