Рид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Панорамски поглед на големиот рид Гроот кај Велес
Поглед на Зајчев Рид кај Скопје

Рид или брдо[1]релјефна форма што се издава над околниот терен и има свој врв, иако тој може да биде благ и неизразен.

Образба и терминологија[уреди]

Разликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна.

Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми релјефни форми и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал.

Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зависно од нивниот изглед и начин на образба. Такви се хумката, тумбата, чуката, тумулот, друмлинот и др. Најголем вештачки рид на светот е Блекстрепскиот Скијачки Рид (Blackstrap Ski Hill, 45 м) во околината на Саскатун во покраината Саскачеван, Канада, направен за скијање.[2]

Историско значење[уреди]

Ридовите играат значајна улога во историјата на човештвото. Многу населби и градови во праисторијата стариот век се изградени токму на ридови заради безбедност од природни непогоди и непријателски напади. Познат локалитет во Македонија е Вардарски Рид, но во земјата постојат голем број други археолошки подрачја на ридови. Историјата на Рим започнува со неговиот развој на седум рида. Од слични причини, ридовите имале клучно значење во војувањето, како во минатото, така и денес. Доказ за ова се бројните тврдини изградени на ридовите.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. брдо — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Покраински парк Блекстреп“. Влада на Саскачеван. http://www.tpcs.gov.sk.ca/Blackstrap. конс. 19 февруари 2011.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]