Томас Ман
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Томас Ман | |
Ман во 1937 год. |
|
| Занимање | Романсиер, раскажувач, есеист |
|---|---|
| Период | 1896–1954 |
| Жанрови | Роман, новела, историски раскази, пикарски роман |
| Значајни дела | Буденброкови, Волшебниот рид, Смрт во Венеција |
| Награди | Нобеловата награда за литература 1929 |
|
Влијанија од
|
|
|
|
|
|
|
|
| Потпис | |
Томас Ман (Либек, 6 јуни 1875 - Цирих, 12 август 1955), германски писател - романсиер, есеист, романописец и критичар. Негови најзначајни дела се „Буденброкови“, „Доктор Фауст“ и „Волшебниот брег“. Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година, Гетеовата награда.
Содржина |
Творештво [уреди]
Веднаш по излегување, неговиот роман „Буденброкови“ станал светска сензација, и го прославил младиот автор. Опишувајќи го пропаѓањето на граѓанското семејство, Ман употребил автентични податоци од животот во својот град, но и некои автобиографски моменти. После првиот роман, Ман ги објавува еден по еден своите други романи кои денес претставуваат класика: „Тонио Кригер“, „Смрт во Венеција“, „Волшебниот брег“, „Јосип и неговите браќа“, „Лота во Вајмер“, „Доктор Фауст“ и некои други.
„Буденброкови“ [уреди]
„Буденброкови“ или „пропаѓањето на едно семејство“ е роман ко јсе појавил во 1901 година и веднаш предизвикал сензација. Тоа е хроника на едно богато трговско семејство кое со голема упорност успева да стане моќно. Книгата опфаќа четири генерации на семејството Буденброк, од стариот Џон, преку конзулот до сенаторот и неговиот син Хано. Ман го следи тоа семејство кое достигнувајќи врв, почнува да се распаѓа.
Истовремено тука се ликовите и на другите браќа и сестри, нивните бракови и разводи, љубови и кавги. Прикажани се лихварство, банкроти, финансиски тешкотии, со што романот не е слика само на едно семејство, туку на целата граѓанска Европа од крајот на 19 век.
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Томас Ман“ |
| Најдете повеќе за Томас Ман на збратимените проекти на Википедија | |
| Дефиниции и преводи од Викиречник | |
| Податотеки од Заедничката ризница | |
| Образовни ресурси од Викиуниверзитет | |
| Новинарски известувања од Викивести | |
| Цитати од Викицитат | |
| Изворни текстови на Викиизвор | |
| Прирачници на Викикниги | |
| Информации за патување во Википатување | |
- Дела од Thomas Mann на Проектот Гутенберг
- The Nobel Prize — autobiography
- FBI File on Thomas Mann (archived 2004)
- Thomas Mann 'Bookweb' on literary website The Ledge, with suggestions for further reading
- First prints of Thomas Mann. Collection Dr. Haack, Leipzig (Germany)
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||||