Карл Адолф Гјелеруп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карл Адолф Гјелеруп
Карл Адолф Гјелеруп
Изворно имеKarl Adolph Gjellerup
Роден/а2 јуни 1857(1857-06-02)
Рохолте, Данска
Починат/а13 октомври 1919(1919-10-13) (возр. 62)
Клоцхе, Германија
НационалностДанец
Значајни наградиНобелова награда за литература
1917
(заедно со Хенрик Понтопидан)

Карл Адолф Гјелеруп (дански: Karl Adolph Gjellerup; 2 јуни 1857 - 13 октомври 1919) — дански романописец и драмски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1917 година (заедно со Хенрик Понтопидан) за разнообразното и богато творештво проникнато од високи идеали.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил син на свештеник лутеранец, Гјелеруп израснал во Копенхаген во семејството на вујко си, свештеник, теолог, поет, кој извршил големо влијание врз неговиот развој. Започнал да пишува како ученик. Во 1878 година завршил теологија на Универзитетот во Копенхаген; независно од тоа, бил атеист. Го изучувал влијанието на германската класична филозофија и литература (Емануел Кант, Јохан Волфганг Гете, Фридрих Шилер).

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот роман „Идеалист“ му бил објавен во 1878 година под псевдонимот Епигон. Во 80-тите години патувал многу во Италија, Германија, Грција, Русија, Швајцарија; впечатоците ги изнесувал во творбите „Класичен месец“ (1884) и „Година на скитање“ (1885). Едно од најзначајните дела му била драмата во стихови „Бринхилд“ (1884), вдахновена од тетралогијата на композиторот Рихард Вагнер „Прстенот на Нибелунзите“ и од древната грчка драма. Во 1888 година ја објавил и трагедијата „Харбад и Сигне“ според мотиви од данскиот фолклор. На крајот од 80-тите години Гјелеруп пишувал социјални песни во стилот на Хенрик Ибзен - „Херман Вандел“ (1891) , „Вутхорн“ (1893) и „Неговата екселенција“ (1895). Од 1892 година постојано живеел во Дрезден. Кон средината на 90-тите години, под влијание на идеите на Артур Шопенхаузер и на будизмот, ја напишал драмата „Свештените огнови“ и романите „Патникот Каманита“ (1906) и “Светските патешествија“ (1910).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010

Надворешни врски[уреди | уреди извор]