Октавио Паз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Октавио Паз
Paz0.jpg
Роден(а) Октавио Паз Лозано
31 март 1914(1914-03-31)
Мексико Сити, Мексико
Починал(а) 19 април 1998(1998-04-19) (на 84 год.)
Мексико Сити, Мексико
Занимање Писател, поет, дипломат
Националност  Мексико
Период 1931–1965
Правец Надреализам, Егзистенцијализам
Награди Награда „Мигел де Сервантес“
1981
Нобелова награда за литература
1990

Октавио Паз ( 31 март 1914, Сиудад, Мексико-1998 година, Мексико) мексикански поет, есеист, публицист, теоретичар на поезијата, антологичар, преведувач, основач и уредник на книжевни списанија,комплетен познавач на поезијата, културата и филозофската мисла на Западот и Истокот и дипломат, добитник на Нобелова награда за литература во 1990 година.Тој бил најзначаен мексикански поет и покрај Сесар Ваљехо, Пабло Неруда и Хорхе Луис Борхес, водечки поет на хиспаноамериканската поезија .[1]

Биографија[уреди]

Роден во Мексико, 1914 година. Студирал хиспаноамериканска поезија во САД. На почетокот на Шпанската граѓанска војан учествувал на Меѓународниот конгрес на интелектуалците против војната и за одбрана на републиката. Престојувајќи повеќепати во САД, Франција и други земји, според латиноамериканската традиција, направил долгогодишна кариера на дипломат. Последните децении од животот се повлекол во својата земја, каде активно учествувал во литературниот, културниот и општествениот живот на Мексико, патувајќи пак по светот за многу книжевни поводи. Умрел во Мексико, 1998 година.[1]

Работни обврски[уреди]

Поет и мислител, но бил и љубопитник и патувач, професор и дипломат во Франција, Швајцарија, Индија, Јапонија и други земји. Своите универзални култури и доживувања на светот ги вградувал во својата поезија и есеистика. Својот повеќегодишен престојкако амбасадор на Мексико и Индија (1962-1968) тој го крунисал со запознавање на културата, религијата и филозофијата на земјата и поопфатно на Истокот, што го инспирилало со длабоко поетско доживување и мислење за вечните теми на постоењето.[1]

Инспирација[уреди]

Неговата поезија била инспирирана од најсвежите извори на шпанската поетска традиција. Таа го изодела патот од барокот до романтизмот, а потоа за да се напојува со поезијата на францускиот симболизам и надреализам и на шпанската модерна, на егзистенционализмот и на поезијата на Елиот, Паунд и Борхес, до современите текови на лириката од втората половина на 20 век, на поезијата чиј значаен творец бил и самиот тој.[1]

Поезија[уреди]

  • Шумска месечина (1933)
  • Но парсан (1937)
  • Под твојата светла сенка и други песни за Шпанија (1937)
  • Човечкиот корен (1937)
  • На брегот на светот (1942)
  • Слобода под заклетва(1949)
  • Орел и сонце( 1951)
  • Семиња за една химна (1954)
  • Сончев камен (1957)
  • Дивото време(1958)
  • Дождалец (1962)
  • Сеопшт ветер (1965)
  • Бело (1967)
  • Источна страна (1968)
  • Јаснини на минатото (1975)
  • Враќање (1976)
  • Дрво одвнатре (1987)

Октавио Паз објавил и триесеттина книги есеи и студии.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010