Елфриде Јелинек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елфриде Јелинек

Елфреде ЈЕЛИНЕК( 20.10.1946 година, Мирцушлаг, Штаерска) [1]

Биографија[уреди]

Нејзината мајка Олга потекнувала од богато виенско семејство таа го издржувала од нејзината работа како книговодителка. Татко Фридрих бил хемичар и потекнувал од еврејска чешка фамилија. За воспитувањето на Елфриде се грижела мајка и, која ја носела во католичка градинка, а подоцна ја запишала да учи во калуѓерско училиште, кое Елфриде го сметала за ограничено. Желбата на мајка и била , таа да има музичка кариера, затоа ја запишала во училиштето да посетува часови за свирење на клавир, гитара, флејта, виолончело. На 13 години возраст била запишана на Конзерваториумот во Виена и студирала оргули, клавири, флејта, а подоцна и композиција. Паралелно со музичкото образование завршила средно образование во економската гимназија во Виена, на отсекот за оргули. После матурската неколку семестари на факултетот за историја на уметност и театрологија на Универзитетот во Виена. Заради здравстени причини направила пауза од ена година, кога и за прв пат почнала да пишува. Нејзините први песни биле објавени во мали тиражи во периодиката.

Творештво[уреди]

По склопувањето на нејзиниот брак во 1974 година , наизменично живеела во Виена и во Минхен. Покрај политичката активност, таа е и активна писателка и преведувачка. Елфриде Јелинек пишува за лошата состојба во јавниот, политичкиот, но и во приватниот живот на австриското општество. Пред нејзината прва книга „Ние сме шпиони бејби“ објавена од издавачот ророро, бр. 12341, поетските и прозни текстови и се објавувани во различни антологии и во периодиката. Пишува романи, драма, поезија. Нејзините познати дела се „Љубовнички“, „Пијанистка“, според кој режисерот Михаел Ханеке во 2011, снимил фил во кој главната улога и ја доверил на актерката Изабела Ипер.

Награди[уреди]

Елфреде ЈЕЛИНЕК била добитничка на многу награди и признанија. Во 1986 година ја добила наградата Хајнрих Бел на градот Келн, во 1987 година ја добила литературната награда на Штаерска, во 1996 година ја добива наградата Бремер, во 1998 година ја добива наградата Георг Бихнер. Во 2004 година ја добила Нобеловата награда за литература, но од здравствени причини не била во можност лично да го прими ова највисоко признание во Стокхолм, така што наградата во нејзино име ја примил нејзиниот издавач. Таа до тоа време била десетта по ред жена која ја примила Нобеловата награда, која за неа претставувало најголемо изненадување и највисоко чест. Нејзиниот роман „Завидливост“ не бил објавен како книга, туку само како Online-текст, кој доколку би се печател во книга би имал 900 страни.

Наводи[уреди]

  1. Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2009