Егзистенцијализам
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Егзистенцијализам е философско учење според кое поединечните човечки битија имаат целосна одговорност при одлучувањето за смислата на нивните животи. Корените на егзистенцијализмот се во 19 век, во делата на данскиот философ Серен Кјеркегор и на германскиот философ Фридрих Ниче. Целта на философијата не била запознавање на реалното во областа на апстрактните поими, туку прашањето за постоењето на оној што прашува. Главни претставници на ова учење се Лев Шестов, Габриел Марсел, Жан Пол Сартр, Карл Јасперс, Мартин Хајдегер и други. Егзистенцијализмот извршил големо влијание врз Албер Ками и Николај Бердјаев.
[уреди] Поим
Егзистенцијализам претставува декадентна струка во француската литература по Втората светска војна, чиј основач бил Жан Пол Сартр.
[уреди] Претставници
Главна статија: Жан Пол Сартр
Жан-Пол Сартр е плоден француски философ и писател, автор на многу дела од кои на македонски јазик се објавени: Заточениците од Алтона, Крвави раце, Тегобност и други. Сартровата философија е осудувана како песимистичка, квиетистичка и критикувана и од марксистите и од црквата. Сартр се брани во своето дело на следниов начин “Егзистенцијализмот е хуманизам“. Ова дело е кратко, но многу содржајно и е во кратки црти објаснета неговата философија. Главно мото на Сартр е: „Човекот е слободен“, осуден на слобода. Човекот мора да избира, а невозможно е само да не избере, бидејќи и ништо да не прави тој избира. Сартр бил во љубовна врска со Симон де Бовоар - исто така, француска авторка и философ, егзистенцијалист. Еден куриозитет за Сартр е дека ја има одбиено Нобеловата награда за литература, бидејќи не било во согласност со неговите принципи. Влијателни фактори се:
- одразување најдлабок песимизам
- неверување во животните сили на човекот
- недостиг на перспектива
| Генерални | Портал | Философија: Источна · Западна | Историја на философијата: Античка · Средновековна · Современа |
| Листи | Основни теми · Листа на теми · Философи · Философии · Глосар на философки „изми“ · Философско движење · Публикации · Категориски листинг · повеќе листи |
| Гранки | Естетика · Етика · Епистемологија · Логика · Метафизика |
| Философија на | Образование · Историја · Јазик · Право · Математика · Ум · Философија · Политика · Психологија · Религија · Наука · Општествено поведение · Општествени науки |
| Школи | Агностицизам · Аналитичка философија · Атеизам · Критичка теорија · Детерминизам · Дијалектика · Емпирицизам · Егзистенцијализам · Хуманизам · Идеализам · Материјализам · Нихилизам · Постмодернизам · Прагматицизам · Рационализам · Релативизам · Скептицизам · Теизам |
| Ова е нецелосна статија за философија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |