Материјализам
Од Википедија
Материјализам е филозофски правец во онтологијата спротивен на идеализмот. Материјализмот тргнува од тоа дека светот по својата суштина е материјален; дека материјата, природата, постои надвор од свеста и независно од свеста, дека материјата е првобитна и претставува извор на човековите сетила, сметајќи го спознанието, како и свеста, духот воопшто, за секундарни, за нешто што е произведено од влијанието на материјата и човековата сетилна пракса. Всушност, материјализмот поучува дека светот и сите негови законитости можат да се спознаат и дека тоа спознание се случува постепено, но прогресивно, издигајќи се од елементарните претстави за светот, па сѐ до неговата суштина.
Содржина |
[уреди] Поделба
Според вообичаената, класична поделба на материјализмот, постојат три вида - или форми - на материјализмот:
- антички или елементарен материјализам;
- механицистички или метафизички материјализам;
- дијалектички материјализам.
[уреди] Антички материјализам
Првите филозофи што се појавиле во рамките на западноевропската филозофија, како што е Милетската школа, биле материјалистички ориентирани.
[уреди] Метафизички материјализам
Метафизичкиот материјализам својствен за француските филозофи од 18 век, меѓу кои се: Пол Холбах, Ламетри, Хелвециус.
[уреди] Дијалектички материјализам
Дијалектичкиот материјализам својствен е за дел од марксистички ориентираните мислители, макар што овој термин не се среќава ниту кај Карл Маркс, ниту кај Фридрих Енгелс.
[уреди] Некои дилеми околу поделбата на материјализам и идеализам
Според некои посовремени мислења оваа поделба е веќе застарена и несоодвестува на сознанијата на современата наука.
|
||||||||||||||||||||