Мода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Модa е општ термин за популарен стил, особено за облека, обувки, модни додатоци, шминка, или мебел. "Мода" се однесува на еден специфичен, но сепак,често вообичаено тренд во врска со тоа како изгледа и се облекува еден човек, како и преовладувањето на стиловите во однесување. "Мода" обично се однесува на најновите креации направени од страна на дизајнери а кои се купени само од страна на мал број на луѓе, меѓутоа, често оние "модаи" се преведени на повеќе основани трендови. Повеќе техничкиот термин ,,костим ,, стана се повеке поврзан со терминот МОДА од страна на очите на јавноста, во јавноста повеќе општ термин "костим" е во поголема употреба и главно се пренесува на посебни вкусови како костими за маскенбал или маскарада , додека поимот "мода" значи облека, генерално, нејзиното изучување.. За широк поглед нуиз културата на облеката и нејзиното место во општеството, се однесува на записи за облека, костими и ткаенини.

Модна облека[уреди]

Одамнешните западни патувачи , без разлика дали во Персија , Турција или Кина често го забележувале отсуството на промената на модата таму и набљудувачите од другите култури коментрирале за несоодветната брзна на менуваше на Западната мода по што многумина почувствуваа нестабилност и недостаток на ред во Западната култура . Секретарката јапонка Шогун му се пофали (не е сосема точно) на Шпанскиот посетител во 1609 година дека јапонскиот стил на облека не е сменет веке преку илјада години . меѓутоа вол Минг Кина , на пример има значителни докази за брзата промена на модата на Кинеската облека. Промената на костимите често зазема место понекогаш и во економската и во општествената промена (како во антички Рим и на средновековен Калифат), но потоа следи долг период без поголеми промени.

Следното нешто што се случи а го смени начинот на облекување беше технологијата . Со технологијата беше создадена машината за шиење и почна да се прави што поголемо прозивдоство. Како резултат на тоа , производството на облека стана полесно и поевтино , а исто така помогна и при порастот на еконимијата . Ова се случило во мавританска, Шпанија во текот на 8ми век , кога познатиот музичар Зириаб се претставил себеси во модерен стил на облека чија основа биле секојднњвни и сезонски настани од неговиот роден град Багдад и неговата сопствена инспирација од Кордоба во Ал-Андалус. Зираб ја инспирираше облеката на мажите и жените, а некои луѓе дури и велат дека го инспирирал и начинот на кој тие ги украсувале нивните куќи. Мажот кој ја носеше својата коса долга и на патец , сега ја носи нагоре и околу неа стои круна . Облеката на мажите исто така се смени , на пролет носаат по светли бои и бујни , широки алишта на лето и крзнени шапки на зима . меѓутоа мажите не беа единствените кои биле инспирирани од неговата мода , жените носеле марами на кои имало извезено текстови од неговите песни . може да се види дека Зирав навистина допрел до срцата на Шпанците и знае како да ги инспирира луѓето да се облекуваат и да бидат како него . Слични промени во модата се случиле и во Блискиот Исток од 11 век, по доаѓањето на Турците, кои ги претставиле стиловите облека од Централна Азија и Далечниот Исток.

Почетоците на навиките на европа за постојано и значително менување на стилот на облека може да бидеме прилично сигурни дека датираат од средината на 14ти век , во кој историчарите ги вклучуваат датите од кога Џејмс Лејвер и Фернанд Бродел почнале да ја следат западната мода . 14-от век бил период во кој разликата меѓу половите почнал да стапува на сила. Некои делови од облеката се променила , облеките кои се зацврстувале со врквка сега се појавиле копчињата и се смениле со нив . Во овој период може да видиме како традиционалниот стил се сменил и се претворил во нов помодерен стил . Многу луѓе во тој период носеле големи , широки облеки и шилести обувки , но сфатиле дека сакаат ачишта кои самите ке си ги преработеле правејќи ги по теснни .

Најдраматичната случка била ненадејното драстично кратење и теснење на машките работнички алишта правејки ги со должина над колена кои едвај ги покривале нивните задници а во некои случаи ставале и додатоци на градите за да изгледале поголеми . Ова ја создаде специфичната Западна машка линија на горен дел изработен по мерка под кои се носат хеланки или пантолони. Стапката на промена на облеката значително се менуваше следниот век , и во машката мода и во женската , особено за облекувањето и за украсувањето на косата , стана подеднакво сложена и сменета. Историчарте на уметноста се способни да ни ја претстават модата во слики со зголемена доверба и прецизност. Првично промени во модата доведе до фрагментација на она што претходно имало многу слични стилови на облекување низ високите класи во Европа, како и развојот на различнни национални стилови. Овие останаа многу различни се додека контра-движење во 17-ти до 18-ти век не наметна слични стилови повторно, во најголем дел потекнуваат од Античкото управување на Франција .

Десет портрети од 16ти век на Германски или Италијански џентлмен покажал 10 различни шапки и во овој период националните разлики беа на свое ниво најизразени, откако Албрехт Дирер, истакнат по неговиот современ или мешан контраст од модите во Нирнберг и Бенетјем на крајот од 15ти век . на крајот од овој век ,,Шпанскиот стил започнал да се врака кон синхронизацијата на европејците од високите класи , и по борбата во средината на 17 век, францускиот стил решително го презеде водството, и тој процес завршил во 18 век. Иако боите и дезените на текстилоѕ менувале од година во година, кроевите на палтата на еден господин и на должината на неговиот елек, или моделот на кој на фустанот на една дама и биле направени промени но за поспоро време .Машката мода во голема мера произлегуваат од воените модели, и промените во европски машката силуета се поттикнати од театрите на европската војна, каде што господата полицајци имале можности за да заработат белешки на странски стилови: како на пример е "Steinkirk" краватата или вратоврската. Четирите најголеми модни градови се назначени да бидат : Милан , Њујорк , Париз и Лондон . во сите овие градови се одржуваат модни недели , каде што дизајнерите ги изложуваат на публиката нивните нови колекции на облека а сите се газди на најголемите модни куќи и се познати по нивното големо влијание на светската мода. Модерните западњаци имаат достапен висок избор на облека. Она што човекот сака да го носи или го носи ја одразува неговата личност. Кога оние кои иаат висок статус во опѓеството почнат да носат различна облека , тогаш започнува нов моден тренд . Оние луѓе кои ги сакаат и почитуваат нив почнуваат да носат облека со сличен стил. Овој стил е создаден од ногу модни дизајнери низ целиот свет.

Модата можат да влијаат зависно од опшеството според годините , општествената класа , генерацијата, занимавањето и местоположбата каде живеат . На пример ако постар човек се облекува според модата на младите луѓе тој или пак таа може да изгледаат засмејувачки во очите и на младите и на старите луѓе. Терминот жртва на модата се мисли за некој кој зависно ги следи моменталните стилови и мода. Исто така е многу важно да се искаже благодарност на Источната мода. Во последниве години , Источната мода имаше многу силно влијание за влезот во светската мода и поп културата. Државите како Кина , Индија , и Пакистан имаат огромна текстилна индустрија , исто така тие и развиваат мода која е тесно поврзана со нивната култура. Модата од секогаш била инсрација за модните дизајнери низ цеиот свет . Секоја година се пуштаат во продажба нови колекции со ориентален и индиски влијанија. Славните личности на настанните на црвениот тепих ги подржуваат биндите и сарите.

Модна индустрија[уреди]

Модната индустрија е производ на модерната ера.Пред средината на 19 век, повеќето облека била направена по мерка. За поединци таа била рачно изработена , или о како домашно производство или по налог од шивачи и кројачи. Од почетокот на 20ти век со зголемувањето на новата технологија како што е машината за шиење , зголемвањето на светскиот капитализам и развивањето на фабричкиот систем на производство , и и зголемувањето на бројот на продажни места како што се стоковните куќи- облеката значително почнала масивно да се произведува во стандардни величини и се продавале по не променлива – фиксна цена.

Иако модната индустрија за прв пат се развила во Европа и Америка ,во денешно време таа е интернационална- меѓународна и индустрија на светско ниво , со облека најчесто дизајнирана во една земја , рачно изработена во друга земја и продавана низ целиот свет. На пример американската модна компанија може да зема материјали од Кина , да ја скрои во Виетнам , да ја заврши во Италија и да ја пренесе со брод до складиштето во САД за продажба по трговските центеи и продавниците за облека на интернационално ниво.Модната индустрија отсекогаш била еден од најголемите работодавци во САД , и така и останува и во 21 век .

Сепак, вработувањето опадна значително како и производството на повеќе пресели во странство, особено во Кина. Бидејќи податоците на модната индустрија обично е пријавена за националните економии и изразена е во многу делови на индустријата посебни сектори, вкупните бројки за светското производство на текстил и облека е тешко да се добијат. Сепак, со која било мерка, индустријата се смета за значителен дел од светскиот економски капацитет.

Модната индустрија се состои од четири нивоа:производство на суровини и материјали, главно влакна и текстил, но, исто така, и кожа и крзно;производство на модни парчиња од страна на дизајнерите, производителите, изведувачите, и други;продажбата на мало; и разни форми на рекламирање и промоција. Овие нивоа се состојат од многу одделни, но меѓусебно зависни сектори, кои сите се посветени на целта за задоволување на побарувачката на потрошувачите за облека под услови што ке им овозможат на учесниците во оваа индустрија да работат со профит.


Медиуми[уреди]

Важен дел од модата е модното новинарство . Уредувачка критика, упатства и коментари можат да се најдат во списанија, весници, на телевизија, на модните интернет странци, социјалните мрежи и на модните блогови. Во последните неколку години, модното блогирање и ЈуТјуб видеата станаа главен излез за ширење трендови и модни совети. Преку овие медиуми, читателите и гледачите во целиот свет можат да научат за модата,што ја прави многу по достапна до нив.

На почетокот на 20 век, во модните списанија почнаа да вклучуваат и фотографии на различни модни дизајни и станаа уште повлијателни на луѓето отколку во минатото.Во градовите низ светот овие списанија се многу побарани а имаат и големо влијание врз народот и јавноста за вкусот на облекување. Талентираните илустратори нацртаа инзворедна модна плоча за рекламирањето во кои се опфатени најновите случувања во модата и убавината. Можеби најпознатото од овие списанија било La Gazette du Bon Ton кое е основано во 1912 од страна на Луциен Вогел и објавено редовно до 1925( со исклуцок на двете светски војни)

Вог, кое е основано во САД во 1892 година, е најдолготрајното и најуспешното и од стотиците модни списанија кои дојдоа и си отидоа. Зголемување на заработката по Втората светска војна и, најважно, со доаѓањето на евтините бои за печатење во 1960-тите ја доведе до огромен поттик нивната продажба, и комплетната застапеност на модата во редовните женски списанија, проследени од , списанијата за мажи од 1990-тите. Дизајнерите на скапоцена облека го следеле модниот тренд со започнување на фабрички изработените облеки и линии на парфемин, доста рекламирани во списанијата . кои сега го развиваат сопствениот шивачки бизнис . емитувањето на телевизиските екрани започнало од 1950 те години со мали модни карактеристики. Во 1960-те и 1970-те модните детали на екранитезапочнале да се емитуваат се почесто . , а во 1980-та веке почнале да се емитуваат емисии специјално за модата така што се појавила и Програма само за Модата . покрај покриеноста на интернет , вклучувајки ги модните блогови, печатот останал најважна форма на публицитет во очите на модната индустрија.


Списанијата на интернет на iFashion Network и Runway Magazine , раководени од страна на Нол Марин од Следниот Топ Модел на Америка , почна да доминира со пазарот со дигитални копии за комјутери , iPhones и iPads . тие оперативни системи вклучуваат Apple и Аndroid за такви апликации. Неколку дена по модната недела Есен 2010 во Њујорк Сити дојдоа Новиот Исландарски моден уреднк, Женевиев Такс ја критикуваше модната индустрија за водење на сопствената сезонски распоред, во голема мера на сметка на реалниот свет на корисниците . ,, бидејки креаторите ја пуштија нивната есенска колекција на пролет а нивната пролетна колекција во есен, модните списанија како Vogue секогаш само гледаат напред кон следната модна сезона , проовирајки кратки јакни во септември додека пак се решаваат и со проблемите за промовирање на куси пантолони во Јануари.,, пишува таа. ,, итрите купувачи , редовно се условени да бидат екстремно , а можеби и непрактично да се заборават со своето купување. . Етничката Мода е дефинирана како мода на мултикултурни групи како што се афро-американски,Хиспанците, Азијци и др примери на етнички дизајнери се FUBU, BabyPhat, FatFarm, Шон Џон, итн Се проценува дека етничката Мода придонесува повеќе од 25 милијарди долари на приходите.

Интелектуална сопственост[уреди]

Во рамките на модната индустрија, интелектуалната сопственост не се спроведува како што се случува тоа во рамките на филмската индустрија и музичката индустрија. За да земат инспирација од другите дезени , придонесуваат кон модната индустрија да се се створи трендот за облека . Овие неколку поминати години WGSN бил доминантен извор на модни вести и прогнози во врска со модните брендови низ целиот свет за да се инспирира од друг. Некои велат дека примамувањето на муштериите да купуваат облека со цел да направат нов тренд е клучна компонента на успехот на индустријата. Интелектуалците велат дека соочувањето со процесот на создавањето на нов тренд би било од еден поглед не продуктивно. Во спротивно постојано се расправа дека бесрамното крадење на нови идеи , единствени дизајни , и детали од дизајни на поголемите компании е она поради што секогаш не успеваат многу мали или независни дизајн компании. Иако фалсификатите се разликуваат по нивниот недоволен , сиромашен квалитет , сеуште постои побарувачка за луксузните стоки. И како што само еден заштитен знак или лого може да биде пресликано без авторски права за облека и додатоци, многу модни брендови го направија ова е еден од највидливите аспекти на облека или додаток на облеката. Во 2005 година, Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) одржа конференција повикувајќи за спреведување на построга интелектуална сопственост во рамките на модната индустрија за подобро да се заштитат малите и средни бизниси и да се промовира конкурентноста во рамките на текстилната индустрија , и индустријата за облека. Урбана облека , се мисли на широка група на облека и украси и детали на облеката која на времето се развила во местата на големите градови. Урбаната облека потекнуваод латино и афро-американските млади луѓе кои живееле во двата главни градови - Њујорк и Лос Анџелес.Њујорк се наоѓа на источниот брег на САД, а Лос Анџелес се наоѓа на западниот брег. И двете од овие локации додале елементи на стилот кој што денеска цел свет го следи. Поради поврзаноста со градовите, урбаната облека може да се каже дека ја претставуваат култури, кои се доминантни во градските подрачја. Културата во големите градови често се развива како резултат на некои фактори како што е музиката а тоа може да се случи и во било која друга земја. Иако овој стил на облека веќе долго време се поврзува со одредена социјална група, ова веќе не е ништо ново. Хип хоп стилот е проследен од сите луѓе низ целиот свет . Покрај тоа, градските подрачја отсекогаш биле во предност за лансирање на секој нов производи и биле над руралните средини , бидејќи градските подрачја се повеќе густо населени. Покрај тоа,реакцијата на народот за новите производи од градските области е многу позначајна а далеку понезначајна е онаа од народот од руралните области. Урбаната облека е многу широк термин кој вклучува неколку типа на облека . Овие неколку типа на облека вклучуваат :тренди (ин) маички , фармерки ,елегантни модерни чевли , спортски куси пантолони и класични пантолони. Исто така, се карактеризира со накит, разни видови на додатоци и козметика. Ако сакате да се приклучите на овој тренд, обидете се да носите маици со графички дизајн во бела, црна и сива боја. Ако преферирате нешто малку повеќе радикално, исто така, може да користите урбан стил на облека која е доста контрадикторна, како што е носењето на искинати фармерки со елегантна и уредна кошула. Урбаната облека има стекнато големо значење, во онаа смисла дека луѓето станаа се повеќе свесни за нивната облека и почнаа да поминуваат повеќе време во врска со изборот на нивната облека. Тие одат на пазарите и трговските центри неделно за да бидат во тек со менувањето на модата. Ова е затоа што луѓето се повеќе свесни за нивната околина и за тоа што луѓето околу нив носат. На некој начин, урбана облека го зголеми кај луѓето чувството за мода. Еден од поинтересните и значајни аспекти е во тоа што обично урбаната култура се претставува под различни имиња на марки. Ова е последица на промоцијата на бренд културата во последниве години. Како што е објаснето претходно, пошироката јавност ја сфатила важноста на стилот па тие сакаат да ја употеебуваат онаа облека што е се повеќе модерна и примамлива. Поради ова, формалните кошули и фустани се заменети со стилски капи и фармерки; трендовските патики го презеле местото на формалните чевли; а традиционалните шапки се заменети со спортски капи од различни дизајни. Општеството покажа ентузијазам за оваа промена во стилот и стана сè по популарен.