Етика
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Етика претставува филозофска дисциплина која се занимава со проучување на моралниот феномен. Аристотел прв го употребил терминот етика во смисла како наука за моралот.Тој прв пат го употребува зборот eтика во своето дело "Никомахова етика". Зборот “етика” Аристотел го изградил од старогрчкиот збор етос (ethos-обичај).Под морал се подразбира посебна форма на општествена свест која го покажува начинот на регулирање на односите помеѓу поединецот и општеството. Кога човекот почнува да се приспособува кон условите и кон нормите на заедничкиот живот,тогаш се јавува моралот,кој исто така служи и за насочување и оценување како на своите така и на туѓите постапки. Така во моралниот феномен разликуваме: морална норма,морален чин и морален суд.
Поделба на етиката [уреди]
Етиката е поделена на теоретска и нормативна
Теоретска етика истражува за моралниот феномен,за неговото потекло и развиток,а нормативната настојува да создаде критериум за сигурно морално судење и правилно постапување. Хогсовиот “рационален егоизам” Бентамовиот и Миловиот утилитаризам и Кантовата етика на должноста,ја поттикнале граѓанската теориска етичка мисла на натамошно истражување на моралниот феномен. Додека пак Шопенхауеровиот песимизам , Ничевиот иморализам и современиот егзистенционализам претставуваат спротивна точка во развитокот на етичката теорија на моралот во античка Грција.
Современата етика се развива во множество насоки на т.н. метаетика која го истражува проблемот на смислата,значењето,вредноста и важењето на моралниот проблем.
Најпознати етички правци денес се: хедонизмот, утилитаризмот итн.
| Генерални | Портал | Философија: Источна · Западна | Историја на философијата: Античка · Средновековна · Современа |
| Листи | Основни теми · Листа на теми · Философи · Философии · Глосар на философки „изми“ · Философско движење · Публикации · Категориски листинг · повеќе листи |
| Гранки | Естетика · Етика · Епистемологија · Логика · Метафизика |
| Философија на | Образование · Историја · Јазик · Право · Математика · Ум · Философија · Политика · Психологија · Религија · Наука · Општествено поведение · Општествени науки |
| Школи | Агностицизам · Аналитичка философија · Атеизам · Критичка теорија · Детерминизам · Дијалектика · Емпирицизам · Егзистенцијализам · Хуманизам · Идеализам · Материјализам · Нихилизам · Постмодернизам · Прагматицизам · Рационализам · Релативизам · Скептицизам · Теизам |
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |