Стоицизам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Стоицизмот е философски правец во античката грчка и римска философија што стои меѓу материјализмот и идеализмот. Името го добил по старогрчкиот назив „стоа поикле“, што значи шарен трем. Основач на стоицизмот во Грција е Зенон (333 п.н.е - 264 п.н.е), а претставник во Рим бил царот Марко Аврелиј. Други значајни стоици се Хрисип,Сенека и Епиктет. Скоро сите следбеници на Александар Македонски отворено се прогласувале како стоици. Стоичката школа ја забранил Јустинијан Први со образложение дека не е во склад со христијанството.
Основи на учењето на стоицизмот [уреди]
Човекот треба да ги спознае законитостите што владеат во општеството, да живее по углед на природата, ослободувајќи се од нагоните и страстите; бидејќи сите луѓе имаат разум, како божји деца, треба да живеат во една светска држава како едно човештво. Поради ова во стоицизмот се проповеда чувањето на душевниот мир.
Модерна употреба [уреди]
Во денешно време терминот стоицизам предизвикува чувство на ладнокрвност и непоколебливост а пак стоик се смета за лице што мирно и спокојно ги поднесува тешкотиите.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||||||||||||||